Сам сред пустина…

Сам сред пустина,наоколу
Песок и камен.
Усните Негови испукани и врели
А во срцето пламен .
Во една мисла умот Негов
Плива и се дави
Со нечистиот и лукавиот
Треба да се справи.
Сиот Свет пред негови нозе
Лукавиот го стави
И му запрети,Тој од камен
Леб да прави.
И не само од леб живот ќе има,
Исус му вели
И од словото во уста ќе се стави
И пак жито ќе се мели.
Бегај од мене сотоно,
Зборови негови беа
Пишано е, му запрети Исус силно,
Не се фрлам јас од стреа.
Еден е бог и Нему  ќе му служиме
Во сите векови со Него ќе се дружиме.

Составил, В.С. ЛИСАВ