Текстови

СВЕТА Е НОЌТА ХРИСТОС КОГА СЕ РОДИ

НАЈСВЕТЛА И СВЕТА Е НОЌТА ВО КОЈА
ХРИСТОС СЕ РОДИ
ДА СЕ РАДУВАМЕ, ТОЈ СИТЕ ДО СВЕТЛИНАТА
ПОВТОРНО ДА ПРОГЛЕДАМЕ ЌЕ НЕ ВОДИ
НА МНОГУ НАРОДИ НИЗ СВЕТОТ ЌЕ СЕ ОБРАТИ
И МНОГУ ОД НИВ ЌЕ ПРЕОБРАТИ
ВЕРАТА ВО НЕГО МНОГУ ЛУЃЕ ЌЕ ИЗЛЕКУВА
И ОД БЕСОВИ ЌЕ ОДВРАТИ
НА НАЈСИЛНИТЕ ВО ВЕРАТА ЌЕ ИМ УГОДИ
СО ЖИВОТ ПО СМРТТА ШТО ЌЕ СЕ РОДИ
АПОСТОЛИТЕ ВЕРНИ ВЕСНИЦИ ТВОИ
СЛОВОТО НИЗ СВЕТОТ ЌЕ ГО ШИРАТ

МНОГУ НАРОДИ ГНЕВНИ И БЕСНИ
НА ЕДНО МЕСТО ЌЕ СЕ СМИРАТ
МНОГУ НАРОДИ ОД СВЕТОТ ГРЕШЕН
НА ЕДНО МЕСТО ЌЕ СЕ ЗБЕРАТ
ДО ВИСИНИТЕ НЕМА ДА ИМА МЕРА
ЉУБОВТА ЗА ТЕБЕ ДА ЈА ИЗМЕРАТ

СОСТАВИЛ В.С. ЛИСАВ