СВЕТИОТ ДУХ НАД НАС БДЕЕ…

СВЕТИОТ ДУХ НАД НАС БДЕЕ
СЕМЕТО НА ПРАВДАТА ТОЈ ГО СЕЕ.
СЕЈАЧОТ СО СЕТА ЉУБОВ СВОЈА
СЕМЕТО НАД СВЕТОТ ГО ВЕЕ.
ДАЛИ ЌЕ НАЈДЕ ПОЧВА ЗДРАВА
ТОА ДА УМРЕ ЗА ДА СЕ ЖНЕЕ?

ВО СВЕТИОТ ДУХ Е НАШАТА СИЛА
НА ЕДНО МЕСТО ТОЈ СИТЕ НЕ ЗБИРА.
СИЛАТА НЕГОВА НИЗ ВЕКОВИ НЕ СОПИРА
КО РЕКА НАДОЈДЕНА ВО ПОЛИЊА СЕ ИЗЛЕВА.
НОВА НАДЕЖ НА ЛИЦАТА НАШИ СТАВА
СВЕТИОТ ДУХ ЕСО НАС ВО ВЕЧНА СЛАВА.

ПОМИСЛАТА НА НЕГО НИ Е МИЛА
НЕ СТИВНУВА НЕГОВАТА СИЛА
СО СВЕТИОТ ДУХ ТОЈ НЕ КРСТИ СИТЕ
СРЕЌАТА НАША СО НЕГО ДА Е ВО ДНИТЕ
АНГЕЛИТЕ ДА НЕ ВОЗДИГНАТ ТОЈ ДА ПОМОЖИ
ВО НЕГО ВЕРАТА НАША ДА СЕ МНОЖИ