Текстови

Во Саботен ден…

Во Саботен ден наутро кога се будам
Илјада желби на светот му нудам.
Една желба е најсвветла сјајна
Љубовта во Христа да е трајна .

Елајта при мене-Тој вели
Во милоста Моја да сте смели.
Јас сум вашиот небески Цар
Од Бога за вас најскапоцениот дар.

За Воскресението од Мене узнавте вие
За Светиот Завет срцето ваше да бие.
Од Апостолите да црпите ука
Саботниот ден Ве вика на врата чука.

Излезете од домовите свои сите
Во Светиот дом да ви минат дните.
Во Саботниот ден молите се за спас
Радоста Божја за навек да е со вас.

 

Составил В. С. ЛИСАВ