Текстови

Во животот свој да творам…

Во животот свој да творам
Се Тебе што ти годи
Од Тебе сила да црпам на патот
До тебе што ме води
На Светот радоста да ја раскажам
Во тебе да се ослободи
Светлината Твоја облаци и бури
За миг растерува
Во Воскресението и името Твое
Сиот Свет да верува
Мир спокој и радост душата моја
Во денот светол да ја красат
И на крајот од патот животен, сите
Во царството Твое да се спасат.