ЗА ВИСТИНАТА СВЕДОЧЕШЕ ТОЈ…

НА СЕКОЈ ЧЕКОР ОД НЕГОВИОТ ПАТ
ЗА ВИСТИНАТА СВЕДОЧЕШЕ ТОЈ.
МНОГУ ЛУЃЕ ПО НЕГОВИОТ ПАТ ТРГНАА
И ГО СМЕНИЈА ЖИВОТОТ СВОЈ.
ОСТАВИЈА РОДИТЕЛИ,ТОПЛИ ДОМОВИ
И ПРИЈАТЕЛИ ОД СОЈ.
АПОСТОЛИТЕ,УЧИТЕЛИ НЕГОВИ СТАНАА,
ЗА СЛОВОТО ГИ УЧЕШЕ ТОЈ.
ЗА ЦАРСТВОТО ГИ УЧЕШЕ СВОЕ,
ОД ОВОЈ СВЕТ ШТО НЕЕ,
ЗА ОТЕЦОТ ГИ УЧЕШЕ СВОЈ
ШТО ГО ПРАТИ ПРАВДА ДА СЕЕ.
НА МОЛИТВИ ГИ УЧЕШЕ НОВИ
И ВО НОЌТА ДА СЕ БДЕЕ.
ЗА СЕЈАЧОТ ГИ УЧЕШЕ НА ДОБРА ЗЕМЈА,
СЕМЕТО ШТО ГО СЕЕ.
А СЕЈАЧОТ СИНОТ ЧОВЕЧКИ БЕШЕ,
ЗА АНГЕЛИТЕ ЖЕТВАРИ ГИ УЧЕШЕ,
ЖЕТВАТА НА СВЕТОТ Е КРАЈОТ, КОГА ГРЕШНИТЕ
ОД ПРАВЕДНИТЕ ЌЕ СЕ ДЕЛАТ.
ВО ВЖАРЕНАТА ФУРНА ГРЕШНИТЕ
БЕЗ МИЛОСТ ЌЕ СЕ МЕЛАТ,
А ВЖАРЕНАТА ФУРНА БЕЗ ПРЕСТАН ЌЕ ВРИЕ,
ПЛАЧОТ И КРЦАЊЕ СО ЗАБИ
НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ СКРИЕ.

СОСТАВИЛ В. С. ЛИСАВ