Текстови

ЖИВОТОТ НЕГОВ ВО УТРОБАТА БЕЗГРЕШНА СЕ ЗАЧНА

ЖИВОТОТ НЕГОВ ВО УТРОБАТА
БЕЗГРЕШНА СЕ ЗАЧНА
ВО ЈАСЛИТЕ ТОЈ СЕ РОДИ
ВО НОЌТА МРАЧНА
СО РАЃАЊЕТО ЗАПОЧНА СУДБИНАТА
НЕГОВА МАЧНА
А SВЕЗДАТА СЈАЈНА ГО ОСВЕТЛИ ПАТОТ
СО ПРАШИНА ЗРАЧНА
ОКОЛУ АГНЕЦОТ СИТЕ БЕА ЗБРАНИ
МУДРЕЦИ ОД СИТЕ СТРАНИ
СО ДАРОВИ МНОГУ:ЛИВАН И СМИРНА
И ЗБОРОВИ ОДБРАНИ
СО РОЖБАТА СВЕТА РАЗДЕЛБАТА
ЈА СЕТИ ТОЈ
И ОТИДЕ ДАЛЕКУ ОД РОДНИOТ КРАЈ
И НАРОДОТ СВОЈ
ПОРАСНА НО КАКО ДЕТЕ СЕКОЕ
НЕ БЕШЕ ТОЈ
ОД УСТАТА МУ ИЗЛЕГУВАА ЗБОРОВИ
КАКО ПЧЕЛИ ВО РОЈ
НА СВЕТОТ МУ ЗБОРУВАШЕ
ЗА ОНА ШТО ЌЕ БИДЕ
ЗА ОНА ШТО ТОЈ ВЕЌЕ ГО ВИДЕ
ЗА ДЕНОТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ
И НА КРСТОТ ЌЕ ГО СТАВИ ЖИВОТОТ СВОЈ
И КАЈ ОТЕЦОТ ЌЕ ПОЈДЕ ТОЈ
И СЕТА ЌЕ ЈА ЗБЕРЕ НА СВЕТОТ МАКА
ЗАТОА ШТО ОТЕЦОТ ТАКА САКА
И НЕ ЌЕ ГО ОДМИНЕ ПОЛНАТА ЧАША
ЌЕ ЈА ИСПИЕ ЗА СУДБИНАТА НАША.

СОСТАВИЛ: В.С. ЛИСАВ КАВАДАРЦИ