Текстови

Три години www.sdakavadarci.com

Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува, На зелени пасишта Тој ми дава починка; При тивки води – ме води. Ја освежува мојата душа, ме води по патеките на правдата, поради Своето име.

Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат. Приготвуваш трпеза пред мене, пред погледот на моите непријатели. Ја помаза мојата глава со масло, мојата чаша се прелева. Навистина, благоста и милоста ќе ме следат, низ сите денови на мојот живот. И јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш.

Псалм 23