големата борба

МИЛЕНИУМОТ И КРАЈОТ НА ГРЕВОТ

Книгата Откровение опишува период од илјада години кој на истражувачите на Библијата им е познат како милениум. Поимот милениум не се наоѓа во Библијата, туку е изведен од латинскиот збор mile,што значи илјада, и annum, што значи година. Во теологијата овој назив се употребува исклучиво да го означи илјадагодишниот период опишан во Откровението, дваесетта глава.

Големата борба помеѓу доброто и злото

Веќе илјадници години филозофите и мислителите се обидуваат на задоволителен начин да објаснат од каде толку збунувачка мешаница на доброто и злото во нашиот свет. Зошто пупките на трендафилите се појавуваат во толку непосредна близина на трње? Зошто животните меѓусебно се убиваат и се јадат? Зошто луѓето во некои делови на светот имаат премногу храна