КРШТЕВАЊЕ

На ден 16 Април во црквата Кавадарци имавме свечен чин на кој се радуваше небото а и браќата и сестрите од локалната црква како и од Свети Николе и Штип. Завет со Господа преку чинот крштевање стори брат Љупчо Јорданов од Свети Николе. Брат Љупчо веќе неколку години се дружи со Бога преку неговата Реч …

Окружен собор во Кавадарци 2010

На ден 30.10.2010 во Кавадарци беше одржан Окружниот есенски собор со мото “ИСПОЛНЕТИ СО СВЕТИОТ ДУХ“ Салата беше преполна според онаа што и очекувавме . На овој собор имаше и крштевање каде што две наши добри пријателки посведочија пред сите нас за нивната одлука за целосно следење на Христа. Гости на овој собор беа Драган …

КРШТЕВАЊЕ ВО КАВАДАРЦИ

На ден 15.05.2010 година, базенот во црквата Кавадарци уште еднаш беше наполнет. Овој пат црката топло ги прими новите брат и сестра Јанчови од село Грлани, Виничко. Братот Орце и сестрата Јасминка ги крсти брат Михајло Гурев а со нив проучуваа и ги подготвуваа за крштевање брат Киро Сканарски и локалниот проповедник Ѓурица Пастоњицки. Топло …

Семинар – Раст на црквите

Семинарот за раст на црквите што се одржа на 09.05.2010 во Кавадарци заврши. Посебен акцент беше ставен на тоа дека методите се менуваат но Вистината останува секогаш иста. На овој семинар беа присутни Пасторите на повеќе месни цркви, старешините и водачите на мисионство.

КОНЦЕРТ НА ГРУПАТА МАРАН-АТА

Со своите прекрасни гласови групата МАРАН-АТА од Скопје ги исполни со восхит слушателите во ХАЦ Кавадарци. Салата беше скоро полна и сите уживаа во прекрасната изведба на христијанска музика. Еден час без прекин пееја и го славеа Бога за Неговата милост, љубов и голема жртва на Голгота. Задоволните слушатели изразија желба да купат CD со …

КРШТЕВАЊЕ ВО КАВАДАРЦИ

Саботата (27.03.2010) во Христијанската Адвентистичка црква во Кавадарци беше исполнета со радосни настани. Беа крстени со библиско крштевање 3 особи и главен збор на овој настан имаше Драган Грујичиќ. Верниците исто така оваа сабота уште еднаш се потсетија на Христовата жртва која беше пролеана за целото грешно човештво и со обредот на понизност и земање …

ПОСВЕТУВАЊЕ НА РАТКА ПАНОВА

На ден 06.02.2010 година во Кавадарци беше посветена малата Ратка Панова. Главна порака по повод овој настан упати претседателот на Македонската Мисија Михајло Гурев. Децата и овој пат не изоставија да и посакат добредојде на малата Ратка со песна од нивните детски усни.

60 ГОДИНИ УСПЕШЕН БРАК

На ден 18.12.2009 година навршија 60 години од бракот на Елена и Ристо Кочовски. Поради тоа во месната црква во Кавадарци беше организирана соодветна церемонија со цел да се одбележи овој настан што не е многу чест во ова време. Ристо Кочовски е роден на 22.12.1919 година во Струга, а детството и младоста ги минува …

МЛАДИТЕ ОД КАВАДАРЦИ ВО АКЦИЈА

Да се биде млад во Христијанската Адвентистичка Црква во Кавадарци е голема привилегија но и одговорност.. Нема потреба локалниот проповедник да ги мотивира младите да излезат во центарот на градот за да го поканат месното население на серијата предавања што ќе се одржат под мотото “ЧОВЕК ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА“ од 6 до 12 декември. Младите …