милост

Бог е наш Поддржувач

Кога сте биле бебе веројатно вашите родители ве носеле насекаде. Најчесто, тоа било поради тоа што не сте знаеле да одите, но, исто така постоеле одредени ситуации во кои била потребна интервенција за да не се повредите. Кога ќе пораснеме ние не сме повеќе бебиња и тогаш Бог е оној кој се грижи за нас.

НОВАТА ЗЕМЈА

При крајот на милениумот, кога гревот конечно ќе биде уништен, истиот оган ќе ги поништи и сите последици на гревот на Земјата. Тогаш Бог ќе ја обнови Земјата и ќе стори таа да изгледа онака како што сакал Тој при првото создавање (2.Петрово 3,10-13; Отк. 21,5). Новата земја ќе им овозможува многу задоволства на своите