“Љубовта никогаш не се предава, никогаш не губи вера, секогаш се надева и издржува во секакви услови.“ – 1 Коринтјаните 13:7
Зборот “љубов“ бил често користен, но и злоупотребуван низ годините. Денес не е чудно што многумина
не знаат што навистина значи зборот “љубов“. Во првото послание до Коринтјаните 13та глава, Павле зборува за тоа како да искажеме љубов. Ако некогаш сте ја прочитaле оваа глава, тогаш знаете дека љубовта е нешто тешко остварливо.
Но, постои некој кој покажува ваква совршена љубов одново и одново. Тоа е Бог. Тој го испратил Својот син Исус да почувствува болна и срамна смрт од своите непријатели за спасение на целото човештво. Оваа љубов постојано трае и кога луѓето за кои умрел го користан напразно Неговото име или прават одвратни дела во Негово име. Доколку ние би биле на местото на Бог, најверојатно човечката раса би била уништена уште одамна.
Колку прекрасно е тоа што ние не сме на Божјето место. Неговата љубов никогаш не престанува. Бог сеуште сака да го спаси секој човек од вечно уништување исто како и при Исусовата смрт на крстот. Тој трпеливо чека да му кажеме: “Те сакам Господе, спаси ме“. Секој ден одново ја задржува казната којашто ја заслужуваме и ја заменува со љубов.
Кога ќе ја изгубиме верата, Бог е верен. Кога ќе се почувствуваме безнадежно, Бог ќе ни овозможи ситуации во животот со што ќе ја повратиме довербата во другите и најважно од се, фовербата во Него. Неверојатно е тешко да се живее без сознанието дека Тој не љуби нас повеќе од се.