ЕДИНСТВОТО СО ХРИСТА Е НАШЕ ПРЕДИМСТВО

Не е само првенство туку и должност на секој христијанин, да одржава интимно единство со Христа, и да постигне богато искуство во Божјите работи. Тогаш неговиот живот ќе биде плоден во добри дела. Христос вели: Со тоа ќе се прослави Мојот Отец, ако вие принесувате многу плод и ако бидете Мои ученици (Јован 15:8). Кога ги читаме биографиите на луѓето кои биле познати по својата побожност, ние сметаме дека нивните искуства и достигнувања се далеку пред нашите можности.

Но тоа не е така. Христос умрел за сите; и нам ни е сигурно Неговото ветување дека Тој е поподготвен да ни го даде својот Свети Дух ако бараме, отколку што земските родители се подготвени да им даваат добри дарови на своите деца. Пророците и апостолите не го усовршувале христијанскиот карактер со некое чудо. Тие ги користеле сите средства, кој Бог им ги ставил на дофат и сите кои сакаат да вложат ист напор, ќе ги постигнат истите резултати.