Текстови

Ќе ти се јавиме

Драги Христијани,

Ова е Моја задача за вас – дури можете да ја наречете голема посланица. Треба да тргнете по сите луѓе насекаде и да ги повикате да станат Мои ученици. Треба да ги крстите и да ги научите да слушаат се што Сум ви заповедал.

Не заборавајте: Секогаш ќе бидам тука да ви помогнам, дури и до крајот на светот. Никогаш нема да ве напуштам, ниту пак да се одречам, затоа што многу ве сакам. Ве молам да не Ме напуштате.

Со сета Моја љубов,

Исус Христос

Драги Исусе Христе,

Го потврдувам приемот на Твоето скорешно соопштение. Твојот предлог е многу интересен, и предизвикувачки; меѓутоа сепак заради недостаток на персонал (луѓе), како и заради неколку финансиски и приватни проблеми, ние не чувствуваме дека можеме да дадеме соодветен придонес за Твојот предизвик во ова време. Избран е одбор кој ќе ја проучи изводливоста на овој план. Би требало од тој одбор да добиеме извештај, кој ќе го изнесеме пред нашите членови во црквата некогаш во иднина. Можеш слободно да се одмараш уверен дека ова темелно ќе го разработиме и дека нашиот одбор ќе се моли за Тебе и твоите напори во пронаоѓање на додатни ученици. Ја цениме твојата понуда и твојата доверба во нас, и ако одлучиме да го преземиме овој проект во некое време во иднина, ќе Ти се јавиме.

Среќно

Твоите христијани

ПРИМЕНУВАЊЕ:

Како вие одговоривте на Христовиот позив да тргнете и да ги поведите другите на Христовиот пат? (види:(Матеј 28,19.20)