Текстови

МОЛБАТА НА ДАНИЛО ПАТНИКОТ

ПРЕДМЕТ: До

молба за стан

во небесните дворови

Управата за доделување

на станови во небесните дворови

МОЛБА

Потпишаниот Данило Патникот, без постојано место на престој, моментално на адреса: На Земјата странец 385, го моли горенаведениот наслов врз основа на законот „Јован, параграф 14, член 2„ кој гласи: Многу се станови во куќата на мојот Татко, да ми се додели стан во небесните дворови.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Јас, Данило Патникот, сметам дека ги исполнувам сите услови за доделување на стан. Секоја сабота одев во црква; и не само во сабота, туку и на младинските часови преку седмицата, на предавањата за пријатели, на „почетокот на саботата„ во петок на вечер. Имам потврда дека сум и крстен; моето име се наоѓа во црковните книги. Никој никогаш не сум го навредил, често пати убаво сум се молел. Кога се собирале даровите, редовно давав по 10 денари, додека при последното собирање за потребите на мисионството приложив 100 денари. Би можел многу да борувам за свите заслуги, бидејќи за мене не може да се каже ништо лошо. Никој никогаш не сум го убил, на никого ништо не сум украл, никаква штета не сум направил. Вистина е дека некои членови во црквата не ги поднесував, бидејќи беа лицемери, но тоа е моја лична работа. Против нив немам ништо против. Да беа малку подобри ќе видеа дека во мене ќе имаат добар пријател. Всушност, јас им простив се.

Во секојдневниот живот секогаш бев христијанин на место. Ниту еднаш не отидов на работа, а пред тоа да не го прочитам утринскиот стих и неколку глави од Библијата. Му давав можност на Бога да ми ја покаже својата волја и затоа секогаш ја читав Библијата на она место на која сама ми се отвараше, иако понекогаш имав лоши искуства со тиа вистини. Никогаш не успеав да најдам доволно време за Божјиот збор и молитва, но што можам: Времињата навистина се тешки, работа има премногу.

На работното место никој ништо ми нема приговорено. Работев како сите останати; не сум видел причина поради која во работата би се истакнувал. На никого не му зборувам за Бога и веројатно многумина не знаат дека сум адвентист. Меѓутоа, се држев за законот „Матеј, параграф 7, член 2 кој вели дка не е добро светињата да се става пред кучиња и бисерите да се фрлаат пред свињите. Знам дека нема да ме разбереа ако им зборував за Бога и дека ќе ми се исмеваа; затоа и молчев, по принципот „паметниот попушта„ . Своето семејство не го водев во црква, бидејќи не сакав да бидам тиранин. Ги упатував во животот и им зборував да не гледаат секогаш на тоа што го работам, бидејќи и јас сум човек како и сите останати. Сите ние грешиме, но не сум лош: има и полоши од мене.

Сето ова го наведов да покажам дека имам право на стан во небесните дворови.

Слободен сум, единствено, да ве замолам да ми се додели стан со посебен влез, бидејќи не сакам никој да ми смета.

 

Со почит

Данило патникот, духовен бескуќник

 

ОДГОВОР НА МОЛБАТА

 

  За

Управа за доделување

на станови во небесните дворови

Данило патникот

На земјата странец 385

 

Почитуван Господине!

Го потврдуваме приемот на Вашата молба и по итна постапка Ви го доставуваме оваа

 

РЕШЕНИЕ


 

Молбата се одбива, бидејќи не се приложени потребните потврди за доделување на станови.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

Небесните станови се доделуваат само на оние кои ќе ги приложат следните потврди:

1.Потврда за припадност, на темел на законот „Матеј, параграф 10, член 32„ кој вели: Кој ќе ме признае мене пред луѓето, ќе го признаам и јас него пред Таткото свој кој е на небото.

2.Потврда за поседување на христијанските вредности, според закон „ Прва Коринтјаните, параграф 13, член 1-13„ , од што најважното вели: Ако зборувам јазици човечки и ангелски… а љубов немам, тогаш сум како ѕвоно кое ѕвони и кимвал што ѕвечи…

3.Потврда за помирување, според законот „Матеј, параграф 5, член 23 и 24, кој гласи: „Ако го принесуваш својот дар на жртвеникот и се сетиш дека си се замерил со својот брат, оставиго дарот таму, пред жртвеникот, и оди помири се со својот брат…„

4.Потврда за наново раѓање, според законот „Јован, параграф 3, член 3, став 2„ кој гласи:„ако некој се роди одозгора, не може да го види царството Божје„ .

Бидејќи со молбата не е приложена ниту една од овие потврди, молбата е одбиена.

Против оваа решение нема правен лек според законот „Матеј, параграф 5, член 1-13, кој гласи: Навистина ви велам дека не ве познавам!„

 

Со почит,

Управата за доделување

станови во небесните дворови