Текстови

Научете да примате

“Ако верувате, ќе примите…“

(Матеј 21,22)

Низ целата Библија, има толку многу ветувања што Бог веќе ги исполнил за нас. Во Ефесјаните пишува дека “ Бог не благослови со секој духовен благослов“.Во Колосјаните пишува дека “Бог не направи достојни“.

Има милост за секоја грешка што ќе ја направиме.Бог за тоа веќе се погрижил.

Платено е со непроценлива цена преку смртта, погребот и воскреснувањето на Неговиот Син, Исус.Тој го заврши Неговиот дел. Сега од нас зависи да го направиме нашиот дел.Ние треба да почнеме да веруваме за да можеме да примаме.

Вообичаено, кога некој ќе ви подари нешто,што е првото нешто што ќе речете? “Благодарам“. Кога кажувате благодарам,тоа е знак дека го примате подарокот.

Денес,почнете да го примате она што Бог ви го дава велејќи ,“Татко, ти благодарам на Твојата милост.Ти благодарам што ми даваш се што ми е потребно.Ти благодарам за Твојата добрина во мојот живот.“

Како што учите да се заблагодарувате, така учите да примате од Него. Отворете го вашето срце со вера денеска и заблагодарете Му се за сите благослови што Тој ги има подготвено за вас!