Текстови

Писмо

Драги мој пријателе

Неможев поинаку; морав да ти напишам писмо за да ти покажам колку те сакам и колку се грижам за тебе. Видов како вчера разговараше со своите пријатели. Чекав цел ден надевајќи се дека ќе сакаш да поразговараш и со мене. Кога се приближи ноќта за крајот на тој ден ти подарив сончев залез и нежен ветар да те освежи. Чекав! Не дојде. Тоа ме боли, но сеуште тебе те сакам затоа што сум твој пријател.

Синоќа видов како заспа и посакав да го допрам твојот образ. Затоа на твојата перница го излив месечевиот сјај… И пак чекав, бев спремен веднаш да побрзам во оној момент кога ќе посакаш да поразговараш со мене. Многу подароци спремив за тебе! Меѓутоа касно се разбуди и отиде да ги извршуваш своите обврски.Те испратија моите солзи.

Денес ми изгледаш многу тажен, многу осамен. Срцето ме боли, затоа што сочувствувам со тебе. Се случува и моите пријатели да ме заборават мене и многу пати ми нанесуваат болка, но знај, јас те сакам!

Само кога би ме послушал и би ја прифатил мојата љубов, за која се обидувам да ти зборувам со убавината на синото небо и зелената трева. Шепотам за тоа во трперењето на листовите и боите на цвеќињата. Ти зборувам за вечната божествена љубов со жуборењето на планинските потоци и со пеењето на птиците на кои им ги подарив песните на љубовта! Те облекувам со животворна топлина на сончевите зраци и те крепам со воздух полн со мирисот на природата! Мојата љубов кон тебе е подлабока од океан и поголема од најголемата желби и потреби на твоето срце. Само кога би знаел колку посакувам да бидам со тебе и да разговарам со тебе! Би можеле вечно да живееме на небото.

Знам дека на оваа земја е тешко. Го знам тоа добро! Сакам да ти помогнам… Сакам да те запознаам со мојот татко. И тој сака да ти помогне. Таков е мојот татко!Повикај ме! Дојди! Разговарај со мене! Немој да ме заборавиш, затоа што има уште многу нешта што посакувам да ти ги кажам! Нема да ти досадувам повеќе. слободно направи избор. Одлуката ја донесуваш ти. А јас те избрав тебе, и ќе те чекам затоа што те сакам..

Твојот пријател

Исус