Текстови

ЗНАЕШ ЛИ ДА САКАШ

„Кој ги има Моите заповеди и ги извршува, тој Ме сака“ (Јован 14,21)

Кога луѓето не го слушаат Божјиот закон, тие незнаат што прават. Божјиот закон е препис на Божјиот карактер. Тој е отелотворение на принципите на неговото царство. Оној што одбива да ги прифати тие принципи, себеси се става надвор од текот на Божјите благослови.

Славните можности што му биле дадени на Израел можеле да бидат остварени само со послушност на Божјите заповеди.

Истата благородност на Карактерот, истата полнота на благословот на духот, на телото и душата, благословите во куќата и во полето, благословите за овој и за животот што ќе дојде – ни се достапни само со послушност.

Послушноста на секој Божји збор е услов за секој успех. Победите не се постигнуваат со церемонии и фрази, туку само со послушност на највозвишениот Заповедник, нашиот Господ Бог. Оној што се потпира на овој Водач нема да никогаш да знае за пораз. Пораз настапува кога се потпираме на човечки методи, на човечки идеи, а Бога го ставаме во втор план. Заповедникот на небесната војска сакал неговиот народ да ја научи лекцијата на послушност и тогаш кога нема изгледи за послушност за успех.

Послушноста е дефинирана како пат во Божјиот град. Верата не го ослободува човекот од послушноста. Напротив, верата ни помага да имаме удел во Христовата милост и не оспособува да бидеме послушни. ние спасението не го добиваме со нашата послушност, НО ПОСЛУШНОСТА Е ПЛОД НА ВЕРАТА:„Кој стои во него не греши“ (Јованово 3,6). Послушност е кога нашите чувства, нашите мисли, нашите намери и нашето дејствување се во согласност со Божјата волја која е изразена во неговиот свет закон. Вистинската љубов кон Бога се открива со послушност на неговите заповеди.

Бог му заповедал на Еремија да ги собере синовите на Јонадава во една соба од Господовата куќа, да постави пред нив вино и да ги повика да пијат: „А тие рекоа: „Нема да пиеме, зашто нашиот татко, Јонадав, синот на Рахива, ни забрани велејќи: Не пијте вино ни вие ни вашите синови довека. И го послушавме гласот нашиот татко, Јонадав, синот на Рихива, во се што ни заповеда да не пиеме вино целиот свој век ниту ние, ниту нашите жени, ниту нашите синови, ниту нашите ќерки. И слушаме и правиме се како што ни заповеда нашиот татко Јонадав“ (Еремија 35,5-10).

Послушноста мора да произлегува од принцип без оглед на чувствата, емоциите или без емоции. Тест за христијанската исправност се зборовите: „Кој ги има моите заповеди и ги извршува, тој Ме сака“ (Јован 14,21). Вашата послушност на Божјите заповеди ќе ја докаже вашата поврзаност со свеста и праведноста.

Бог укажал на острата спротивност меѓу послушноста на синовите на Јонадава и непослушноста на побунетиот народ. Синовите на Јонадава ги слушале заповедите на својот татко и сега одбиле да бидат наведени на непослушност. Но ЈУдејците одбиле да ги послушаат Божјите зборови, а последиците биле неминовни.

„Се извршуваат зборовите на Јонадава, синот на Рихива, кој им забрани на своите синови да пијат вино, и тие не пијат до денес, туку ја слушаат заповедта на својот татко, а јас ви зборувам постојано, но вие не ме слушате. И постојано ги праќав при вас моите слуги, пророците, зборувајќи: „Вратете се секој од својот зол пат и поправете ги своите дела и не одете по другите богови да им служите“. Но не го приближивте своето уво ниту ме послушавте. Да, синовите на Јонадава, синот на Рихива, ја извршуваа заповедта на својот татко кој им заповеда, а тој народ не ме слуша мене“ (Еремија 35,14-17).

Синовите на Јонадава биле пофалени заради својата послушност во времето кога останатите синови на Израел одбиле да го слушаат Божјиот глас. Тие кои не сакале да слушнат што зборува Бог иту да се огласат на неговиот повик, ги чекала заслужена казна. Еремија ги повторил Господовите пофални зборови за верните синови на Јонадава и им ветил благослови од Господа: „Затоа што ги слушате заповедите на својот татко, Јонадав, и правите се како што ви заповедал, нема да исчезне човек од вас кој не ќе стои пред мене довека“ (Еремија 35,18-19).

Ако упатствата на добриот и мудар татко биле така строго почитувани од страна на неговите потомци за да се осигураат од кобната невоздржливост, Божјиот авторитет треба да се почитува далеку повеќе од човечкиот. Бог е наш создател и заповедник, безгранично силен и незадржлив кога треба да се изврши казна. Во својата милост Тој се служи со различни средства за луѓето да ги видат своите гревови и да се покаат. Но ако продолжат по грешниот пат, отфрлајќи ги опомените и работејќи противно на неговата волја, последиците мора да дојдат. Божјиот народ може да напредува само со помош и грижа на неговите небесно пратеници. Тој ќе ја задржи својата милост и нема да ги чува оние кои ги презреле неговите укори.

Христос покажал дека Неговиот закон е закон на љубовта и израз на неговото Божество. Тој покажал дека послушноста кон неговите принципи е услов на човечката среќа и сигурност, темел и столб на човечкото општество.

Идеал на апостол Павле била доброволната послушност на Божјиот закон. Тој своите зборови, дела и чувства, ги сообразил и ги ставил под контрола на Божјиот Дух.

Послушноста на Божјиот закон е клуч за напредок на секој поединец. Оној што дава мудрост и вештина е најдобар Учител и Тој може да не облагороди и воздигне само ако сме послушни на неговиот закон. Награда за послушните е заштита од болести, сила, разум, скрушеност и изобилство на мир: „О да ги пазеше моите заповеди! Мирот твој ќе беше како река и правдата твоја како морски бранови„ (Исаија 48,18).