Алкохолно вино или гроздов сок

Бидејќи пред завршетокот на свадбената свеченост завршило виното, тоа значи дека гостите пиеле повеќе отколку што домаќинот очекувал (свадбената свеченост во Кана Галилејска). Непристрасниот читач на Библијата не би можел да ја сфати молбата на Марија со која бара уште алкохолно вино за опијанетите гости. Затоа што ни поштениот гостилничар кој живее од продажба на алкохол не му дава на пијаните гости. Но верувам дека ќе се сложиме во едно дека со употребата на алкохол се снижуваат сите вредности кои ни припаѓаат само на нас луѓето. Никако не може да се прифати мислата дека Божјиот Син, своето прво чудо го направил така што на пијаното друштво му дал уште појако алкохолно вино.

Исус е Спасител, Тој дошол да го спаси човекот и да го ослободи од ропството на телесните, грешните желби и пороци како и од зависноста која настанува со употребата на разни наркотични средства. Ако Он би поттикнувал употреба на опојни пијалоци – алкохол, тогаш со својот пример и поука не би го поттикнал процесот на новородување кај луѓето, туку би направил луѓе подложни на ниски страсти и страшното влијание на алкохолот како суров господар.

Така направи Исус почеток на Своите чудеса во Кана Галилејска и ја покажа славата своја.(Јован 2,11) Ако пијаното друштво продолжило и понатаму да пие алкохолно вино, верувам дека тоа не би биле услови во кој Исус би можел да се прослави Себе Си и Бога. На сите ни се познати изопачените облици на однесување на луѓето кои се наоѓаат под дејство на опојни пијалоци (алкохол).Исус се правел за слава на Бога. И така, јадете ли, пиете ли, или нешто друго правете, сето тоа правете го за слава на Бога.(1Кор.10,31) Алкохолниот пијалок во Библијата секогаш е споредено со проклетство, значи дека тогаш тоа би значело дека Исус на младенците, гостите и домаќините во Кана Галилејска би ги почастил со чаша проклетство наместо со чаша благослови. Со тоа никој не може да се сложи. Значи виното што Христос им го дал на свадбата а покасно и на своите ученици како симбол на својата крв, бил чист безалкохолен гроздов сок.На вакво вино мислел пророк Исаија кога зборувал за грозјето за кое вели: Не го расипувај затоа што благословот е во него!