Кога сте биле бебе веројатно вашите родители ве носеле насекаде. Најчесто, тоа било поради тоа што не сте знаеле да одите, но, исто така постоеле одредени ситуации во кои била потребна интервенција за да не се повредите. Кога ќе пораснеме ние не сме повеќе бебиња и тогаш Бог е оној кој се грижи за нас.
Бог се грижи за нас и за нашите деца како за свои деца и тоа веќе би требало да го знаеме. Но, како што старееме, наместо нашата вера во Неговата добрина да се зголемува, за жал таа најчесто опаѓа. Се поставува прашање: Што е она што го знаеме како возрасни, а што не сме го знаеле како деца? Одговорот е “НИШТО“. Нашата вера умира, бидејќи наместо да се зајакнуваме во Христос, ние допуштаме различни филозофии и мисли од различни школи во општеството, да ни бидат секојдневна храна. Но, тоа не е вистинска храна за нашите души туку конфузија.
Што значи да се биде “поддржан од нешто“? Без разлика каде се наоѓате, тоа што ве поддржува е тука за да ви даде сила да продолжите. Поддржувачката сила никогаш не се сопнува, не ве остава во небрано и не исчезнува. Дали можете да се сетите на нешто од оваа земја што ги има овие карактеристики?
Знајте, се што е направено од човечка рака може да се уништи. Сетете се на Титаник, Хинденбург или Кулите Близначки. Господ ни кажува дека небото и земјата ќе поминат, но, Неговиот Слово нема. Тоа е истото она Слово кое можеме да го најдеме во Библијата и кое не поддржува ако му дозволиме.
Постои еден Бог на небото и земјата но тој има многу имиња. Размислете за следниве имиња и ќе откриете зошто Тој ги има:
- Јахве Јирех – Јас Сум твој Избавител
- Јахве Шамах – Јас Сум тука
- Јахве Шалом – Јас Сум твојот Мир.
Бог е твој Избавител. Без разлика во какви околности се наоѓаш, Тој може да те избави. Но, многумина од нас имаат проблем во своите умови. Имаме определени мислења за тоа како Бог треба да ни помогне и ако не ни помогне на нашиот начин ние му го вртиме грбот.
Во Своето Писмо, Бог ни кажува дека ќе ги исполни сите наши потреби. Тука не се споменува кога и на кој начин, туку едноставно е дадено ветување дека ќе ги исполни. Човечкиот дел е во тоа да верува во Неговото Божествено присуство. Дури и најситното зрно на вера може да порасне во големо дрво.
Дали некогаш сте се грижеле за нешто, еве да кажеме сте немале пари да платите одредена сметка. И одите во центарот за наплата смислувајќи најразлични изговори, кога дознавате дека сметката која треба да ја платите е само дел од она што сте мислеле и изнесува точно толку колку што имате во џебот.
Ова сценарио ни помага да разбереме дека Бог е секогаш тука кога ни треба. Тој е тука кога ни треба храна, Тој е тука кога ни треба облека. Тој е секогаш тука за нас и на него можеме да се потпреме и да бидеме сигурни, повеќе отколку ако ги имаме сите пари на светот.
Мирот е многу тешко да се постигне на овој свет. Насекаде војни, глад, нуклеарна трка, рецесија, криминал се само дел од нештата што не дозволуваат да имате мирен сон. Но, многу луѓе одат на спиење без овој товар на своите рамена. Тие спијат мирно не заради тоа што немале проблеми и жалости во животот, туку поради тоа што биле допрени од Божјата рака и ја почувствувале Неговата милост.
Бог никогаш не ветил дека ќе немаме проблеми, маки или жалости, но, Тој ветил дека ќе ни помогне ако имаме целосна доверба во Него. Секоја несреќа во нашиот живот е можност Господ да ни даде утеха, љубов и разбирање. Кога се молиме искрено Светиот Дух доаѓа на нас и ни дава смиреност.
Господ е Создател на вселената. Тој ја има бесконечната моќ во своите раце, спремен да ни помогне и да не поддржи. Но, дадена ни е слободна волја и можеме да бираме дали ќе Му веруваме или не. Ако одбереме да му служиме Тој е Верен да ни помогне и со својата совршена љубов да го отстрани секој страв на нашата душа.