Дали имаме разбирање за ближните?

Исус Христос има разбирање. Оној кој го зел човештвото врз себе знае како да се сочуствува со страдањата на човечкиот род. Не само што Исус ја познава секоја душа, и посебните потреби и искушенија на таа душа, туку ги познава и сите околности кои ја притискаат душата.

Неговата рака е испружена кон секое дете што страда. Оние кои најмногу страдаат најмногу го имаат Неговото сожалување.

Него го достигнуваат чувствата на нашата немоќ, и сака да ги положиме своите грижи и проблеми крај Неговите нозе и тука да ги оставиме.

Разбирањето ни донесува поблизок однос со Христа.

Добрите дела се плод кој Христос сака да го донесеме – љубезни зборови, милосрдни дела, нежност за сиромашните, оние кои се во оскуда и ожалостени. Кога срцата ни сочувствуваат со срцата на обесхрабрените и ожалостените, кога нашата рака им дели на оние кои немаат, кога голи се облекуваат, кога сме гостопримливи со туѓинците, анѓели доаѓаат многу блиску, и како одговор на Небото се слуша музика. Секое дело на правда, милост и милосрдие создава мелодија на Небото.

Таткото од својот престол ги набљудува оние што ги прават овие дела на милост и ги вбројува во своето најдрагоцено богатство.

„И тие ќе бидат мои, зборува Господ над војските, во оној ден кога ќе го соберам своето богатство“. (Малахија,3.17)

Секое дело на милост спрема оние во немаштија, оние кои страдаат, се смета како да е направено на Исус. Кога им помагате на сиромашните, сочувствувате со ожалостените и им помагате на сираците, вие се доведувате себе во поблизок однос со Исус.

Христос не повикува на нежност и сочувствителност.

Вистинската сочувствителност помеѓу човекот и неговите ближни е знак на распознавање помеѓу оние кои го сакаат и се плашат од Бога од оние кои забораваат на Неговиот закон. Колку е голема љубовта која Христос ја изразил со доаѓањето на овој свет и жртвувајќи го својот живот за светот кој умира. Неговата вера го водела во вистинска медицинска мисионерска работа. Тој бил исцелителна сила.

„Милост сакам, а не жртва.“, рекол Тој. Ова е тест кој Големиот Творец на вистината го користи за да ја распознае вистинската вера од лажната.

Бог сака неговите медицинско – мисионерски работници да постапуваат со нежност и сочувствителност која Христос би ја покажал да е на нашиот свет.

 

Елена Г.Вајт – Ум,карактер и личност