Текстови

ФАНАТИЗАМ ОД ЧУВСТВА

Наместо да му дозволат на Бога да им го промени срцето, многу се задоволуваат со тоа сотоната да им нуди промена во сферата на чувствата и доживувањата. Искуството на емотивно восхитување тие го прикажуваат, го нарекуваат искуство на новородување. Плодовите на фанатизмот ги нарекуваат плодови на верата. Затоа што совеста им е изопачена не се во состојба да ја воочат разликата помеѓу светото и несветото, помеѓу правата љубов и фанатизмот. Склони се да го осудуваат фанатизмот на оправдување со дела, кое го карактеризира традиционалното христијанство, а притоа да поттикнуваат фанатизам од чувствата: Какви се тие ладни формалистички молитви?!… Со бројаниците броите колку пати на Бога сте му упатиле молитва на љубовта! Зарем ти момче ги броиш бакнежите на својата девојка? Знаете ли вие што е тоа љубов? … Ништо не ви вреди тоа што вие сакате да бидете добри, ако љубов не чувствувате! Вие Бога морате да го доживеете! Морате длабоко да го почувствувате! На таквите што се поттикнати со фанатизам од чувства, можеме да им кажеме: Ништо не ви вреди што љубовта длабоко ја чувствувате! Вие љубовта морате да ја имате!

Многу не сфаќаат дека не е исто да чувствуваш љубов и да имаш љубов. Пристрасна доброта поттикната со чувствата, имаат и некои алкохоличари, додека се под дејство на алкохол. Фанатичната љубов од чувства прв пат ја сретнуваме во едемската градина, кога Ева под влијание на воодушевување му го понудила забранетиот плод на Адам. Таква љубов имаат и заљубените луѓе. Меѓутоа плодовите на фанатизмот се разликуваат од плодовите на верата. Дали некој видел заљубена личност, која под влијание на својот занос добива одлики на светост: понизност, почитување, убаво однесување, стрпливост и одрекување од своите желби?!

Грешниот човек може да чувствува љубов, но не и да има. Секојдневно сретнуваме луѓе кои искрено чувствуваат љубов спрема себе додека истовремено пушат и пијат. За да би имал човекот љубов потребно е да доживее промена на она што е (на својата природа), а не на тоа што чувствува.

Целта на чувствата не е да не покренуваат на доброта. Тоа е одлика само на лабилни личности. Ние треба да бидеме добри не затоа што ја чувствуваме добротата туку затоа што сме добри. Правата доброта е начело втемелено на заедницата со Христа, а не на чувствата. Добротата на оние кои се поттикнати со чувства не е постојана. Еднаш со вас се љубезни и плачат од радост што ве сретнале, а другиот пат со вас се рамнодушни како никогаш и да не ве познавале. Зад нивните разнежнети чувства се кријат камени срца. Често делуваат како многу нежни особи, но се само премногу чувствителни личности.

Важна одлика на спомнатиот вид на фанатизам е да не го оспособува човекот на послушност на заповедите од декалогот. Тоа посебно се гледа во заповедите кои зборуваат за нашиот однос спрема Бога и ближните (третата, четвртата и петтата заповед. Фанатикот има малку почитување, отколку еден просечен неверник. Зошто? Затоа што кога вистината не посветува го стврднува срцето. Па зарен фанатикот верува во вистината? Да! Но на нејзиното повикување на здрав разум, одбива да се јави. Он се јавува на повикот упатен на чувставта.

Фанатизам од чувства е одлика на лажната религиозна реформација која се подига против ладниот религиозен формализам на традиционалното христијанство. Под влијание на погрешната наука што ја проповедаат нејзините подржувачи, многу искрени верници стануваат збунети и обесхрабрени.

Многу прават голема грешка во своето верско искуство, затоа што се потпираат на своите чувства и по нив го оценуваат своето напредување или назадување. Чуствата не се сигурно мерило. Не смееме да гледаме во себе за да би имале сигурен доказ дека Бог не прима. Во себе можеме да го најдеме само она што не обесхрабрува. Наша единствена надеж е да гледаме на Исуса, Почетникот и Исполнителот на нашата вера(Евреите 12,2). Се што е во Него не надахнува со надеж, вера и храброст. Тој е наша правда, наша утехаи радост. Оние кој во себе бараат утеха,ќе се уморат и ќе се разочараат.

Некои се разочарани со години затоа што очекуваат некој уверлив доказ дека Бог ги примил. … Не успевајќи да го сфатат едноставниот план на спасението, изгубиле многу предности и благослови кои би можеле да ги очекуваат во моментот кога прв пат му се обретиле на Бога, и би поверувале дека Тој ги прима. … Доказите на правото делување на милоста на срцето не се во чувстватат, туку во животот. Ќе ги препознаете по нивните родови рекол Исус, ќе ги препознаете (Матеј 7,16). … Среќните чувства или недостаток на радост не можат да се сметат за доказ дали некој е посветен или непосветен.