Нашиот успех не зависи толку од интелектуалните способности колку од…
Понизноста е активно начело насочено кон се поголемо познавање на Божјата големина и љубов. Таа произлегува од сфаќањето на бесконечната сила и мудрост на Создателот и од нашата немоќ и ништожност. Поголемото сознание раѓа поголема понизност.
Таа не повикува да го сакаме Бога како семоќен Татко, а луѓето како свои браќа. Нејзини карактеристики се љубезност и нежност, отменост и сочувствителност во односите со луѓето, а безусловно верување во Христовите Зборови. Понизноста е вистински пристап кон Бога и кон луѓето. Христијанинот ја открива понизноста преку изразување на Христовата благонаклонетост, подготвен да помогне со љубезноста во зборовите и со несебичноста во делата.
Нашиот успех не зависи толку од интелектуалните способности колку од понизноста на срцето и од барањето Божја помош. Бегањето од одговорност од страв од неуспех не може да се смета за понизност. Понизноста е знак на усогласувањесо со Христовиот живот и се покажува на достоинствен начин. Немарноста и неуредноста, сомнежите и неверувањето не се дел на понизноста. Напротив,понизноста е пат кон успех, кон уредност, кон чистота и сигурност. Таа не ги намалува напорите за самообразувањеи напредок. Да се биде понизен значи да се победиш себе, својата непопустливост, желбата за уважување и истакнување на својата праведност.
„Не дека сум зел веќе награда„, рекол големиот апостол на Исуса Христа, „ или дека сум достигнал совршенство, туку трчам за да го дофатам“ (Филб. 3,12). Напредокот на Павле во понизноста бил напредок во христијанското искуство и во се поголема сличност со Христа. Неговата прогресивна понизност водела кон се поголемо посветување. Иако голем во Божјите очи, апостолот не можел да ја види својата големина, зашто гледал на совршенството и возвишеноста на Бесконечниот. Сакал да стане сличен на Христа. Гледајќи во возвишениот Христов карактер, Неговиот ум изгледал несовршен. Наместо да се фали со својата светост, апостол Павле се повеќе ја согледувал својата грешност. Тој се трудел да ја прикрие својата праведност и да избегне се што би привлекло внимание на него.
Еден од најпонизните луѓе од светата историја на Божјата книга бил Енох, седмиот од Адама (Јуда 14-ти стх). Припаѓал на лозата верни сведоци и искрени божји поклоници низ чии умови секогаш струела свежината на Божјото присуство. Тоа биле луѓе со извонредни интелектуални способности, воздигнати и облагородени со онаа што го слушале од Адама. Во времето на Еноха немало место за скептицизам. Никој не можел да го откажњ Божјото постоењеи неговиот врховен авторитет. Се уште постоела едемската градина. Адам бил меѓу нив речиси илјада години, а неговите зборови не можеле да се оспоруваат. Крај неговите нозе младиот Енох ја сознал трагедијата на гревот, но и Божјето ветување за доаѓањето на Искупителот.
Од својата младост , која се мерела со векови, Енох можел да стои пред вратата на загубениот рај и да размислува за неповредливоста на Божјиот закон и за резултатите на Престапот. Можел да ги провери зборовите на Адама гледајќи ги пламените мечеви на невидливите ангели кои се движеле пред дрвото на Животот. Го гледал животот на Адама проникнат со каење, тага, понизност и скршеност. Неговата генерација имала голема физичка и интелектуална сила. Иако живеел многу години, нивните духовни способности бргу се развивале. Енох бил меѓу оние кои го љубеле Бога и живееле во согласност со неговата волја.
Енох бил човек кој од својата рана младост одел со Бога, иако можел да го види единствено со вера. Неговото знаење и вера се поклопувале. Тој знаел дека Христос е крај него и цврсто се придржувал до неговите начела. Енох не можел да се повика на Светото Писмо, но ги знаел начелата на својот невидлив Сопатник. Животот на Еноха во пријателство со Бога не бил живот во некои илузии или отсуство на живот, туку во директно извршување на Божјата волја во секојдневните должности. Тој не се претворил во пустиник. Неговата служба на Бога се гледала во неговото непоколебливо исполнување на должностите како маж, пријател и граѓанин.
Срцето на Еноха било во хармонија со Божјата волја. Тој имал пред себе векови на живот, но живеел така со принципите на Божјата правда како да има пред себе само еден ден живот. Неговото познавање на Божјата љубов постојано растело, а свеста за сопствените доблести станувала се помала. Неговата понизност постојано се зголемувала, љубовта станувала се потопла, а посветувањето се подлабоко.
Иако поминувале векови Енох го продлабочувал своето знаење, јакнел со духот и растел во благородноста и светоста. Бил почестен со посебна Божја милост – станал прв пророк на Земјата. Многу денови поминувал во самотија, предан на размислување и молитва. Далеку од човечката врева и беззаконие, тој се трудел појасно да ја разбере Божјата волја за да ја примени во својот живот. Молитвата била дижење на неговата душа. Набљудувајќи го постојано небото и восхитувајќи им се на божествената големина и на Божјото совршенство, Енох станал еден од најпонизните луѓе кои кога било живееле на Земјата.
Бог му ги открил на Еноха своите намери за сегашноста и за иднината. Му ја доверил тајната за доаѓањето на потопот, но уште повеќе тајната за спасението на човечкиот род. Го водел од генерација до генерација се до нашите денови и му ги покажал последните видици на историјата дури до Христовото второ доаѓање. Со најдлабока понизност пред најголемото откиитие што го добил од Божјиот Дух, Енох пророкувал: „Ете доаѓа Господсо илјада свети ангели да изврши суд над сите, да ги покара сите безбожници за сите нивни безбожни дела што ги правеа и за сите лоши зборови со кои безбожниците говореа за него“ (Јуда 14,15).
Стотина години Енох барал чистота на срцето за да живее во хармонија со Небото. Триста години „одел со Бога“ (1,Мој. 5,24). Од ден на ден копнеел за се потесно единство и за поблиска заедница со Него се додека Бог не го зел кај себе! Понизноста го довела до прагот на Небото и требало само чекор за да премине во земјата на Блаженството. И навистина Енох бил прв човек кој влегол во Ерусалим на Небото. Портите се отвориле и тој поминал во светиот град, прв во понизноста прв во славата: „Со вера Енох беше пренесен да не вкуси смрт и не се најде, зашто Бог го пренесе, Бидејќи пред да го пренесе, доби сведоштво дека му угоди на Бога“ (Евреите 11,5). Тоа било сведоштво за понизноста.