МОРАЛНА ДИЛЕМА

Ако Бог не постои,тогаш не постои крајна цел или смисла на животот. Ако не постои крајна цел тогаш се што работиме на оваа земја е бесмислено. Сиот допринос на научниците да го унапредат човечкото знаење, на лекарите да ја олеснат болката и човечките страдања, годините поминати во школување,прија-телството,сето ова во крајна анализа е бесмислено.

Кога ја читаме научната, книжевната или филозофската литература ќе забележиме длабок песимизам кај; Толстој,Хемингвеј,

Сартр, Расел и другите. Гледајќи ја апсурдноста без Бога Толстој се запрашува: Зошто постои животот? Затоа да би умрел?

Да би се убил веднаш? Не се плашам од тоа. Да чекам смртта да дојде сама? Од тоа повеќе се плашам. Спрема тоа морам да живеам. Но зошто да живеам? Така гледам дека се наоѓам во круг од кој не можам да избегам“. Ако нашата иднина е во гробот ако немаме цел, тогаш не е важно дали живееме како Сталин или како светец. Како што кажал и Достоевски: „Ако не постои Бог, тогаш се е дозволено“. Без иднина нашата вредност не е поголема од вредноста на дрвото или каменот. Затоа измислуваме и создаваме лажни вредности; вредиме ако изгледаме добро, ако пред нашето име можеме да ставиме титула, ако имаме пари и скапоцем автомобил. Секој се напрега да го постигне тоа и настанува вжештена атмосфера. Секој сака да успее без оглед на се, и така се враќаме на законот на еволуцијата дека најсилните преживуваат.

Апостол Павле ни напоменува дека ние сме Божји уметнички дела не за да седиме мирно туку да правиме добри работи. Создадени сме да правиме добри дела еден на друг.

Значи, јас не се наоѓам на оваа Земја во постојана борба за опстанок, за да соберам што повеќе за себе.Не! Туку да живеам во мир со Бога и да ги усреќам и другите.

Ако потеклото на човекот го бараме меѓу животните, тогаш и нашите постапки ќе бидат во склад со овој став. Сартр напишал:

Ако забележиш стара жена да ја минува улицата, нема да има разлика дали ќе застанеш да и помогнеш или ќе ја прегазиш со колата бидејќи сите работи се исти без Бога.

Во едно такво друштво моралните вредности се работа на личен вкус или резултат на социо-биолошката еволуција. Во светот без Бога, апсолути правила не постојат. Ти изградуваш свој систем на вредности, јас изградувам свој систем на вредности. Она што е вистина за тебе, не е вистина за мене. Во таков систем кој би кажал што е морално, а што неморално. По основа на кој или чиј закон можеме да го осудиме Хитлер за геноцид или крадецот за разбојништво?

Атеистичката иделогија не дава никаква надеж дека човекот ќе може да живее спокојно и мирно.Во тоа се увериле скоро сите атеисти пред нивниот животен крај. Пред смртта Сартр напишал: Атеизмот е нешто сурово и долгорочно, мислам дека во него одев до самиот крај. Како што и Волтер заклучил: Ако Бог не постои, треба да го измислиме“. Зошто сите, од Ниче па до Сартр мислат дека Бог ни е потребен? Паскал вели: „Во срцето на секој човек постои огромен вакуум обликуван со Божја рака и него може само Бог да го исполни“.

Бог е тој кој на нашиот живот му дава смисла, желба да го живееме и постојано не опкружува со „вечна љубов“.