Текстови

МОТИВ ЗА МИСИОНСТВО

Што значи да си мисионер?
Јован 20,21 Како што Ме прати Таткото Јас ве праќам!

Мисионерот е човек испратен од Исус Христос така како што Тој бил испратен од Бога. Најглавен и најважен приоритет за мисионерот е Исусовата заповед. Изворот на нашата инспирација во работата за Бога е позади нас а не е пред нас. Современата тенденција е обратна – инспирацијата се става напред и се темели врз сопствените разбирања за успех. Во Новиот Завет инспирацијата е поставена позади , тоа е Господ Исус. Идеалот е да сме верни на Него и да ги остваруваме Неговите намери.

Личната верност кон Господ Исус Христос е единственото нешто кое не смее да се омаловажува.Понекогаш постои опасност Исусовиот налог да се занемари од потребите на луѓето заборавајќи дека единствена и величествена смисла на секој мисонерски план е Заповедта на Исус “Одете и научете ги сите народи“. Исус Христос не кажува: „Одете и спасувајте души“ (спасанието на душите е надприродно дело на Бога) туку „Одете и научете“, т.е направете ги ученици „сите народи“. Неможете да создавате ученици ако вие самите не сте ученик. Кога Исусовите ученици се вратиле од првата мисија, биле исполнети со радост зашто духовите им се покорувале. Исус им кажал да не се радуваат на успешната работа; туку голема тајна на радоста е дека врската со Христа е правилна“ Суштината за еден мисионер е да остане верен на Божјот налог и да сфати дека единствената цел е да го претстави на другите Исус Христос.

Каков мисионер сте вие?
Му се доверувате ли на Исус Христос така како што Тој кажува?