Текстови

МОЖЕМЕ ЛИ ДА ЖИВЕЕМЕ ЗАЕДНО НЕВЕНЧАНO?

Во христијанската младина неприметно се вовлекува една појава а тоа е заљубениот пар одлучува да живеат заедно, иако не се венчани. Многу често нивните изговори се: би сакале да пробаме дали сме еден за друг. Немаме сигурна работа и овака ни е многу поефтино, и затоа секој си мисли сам за себеси. Сакам да пробам дали сексуално ме задоволува и многу други изговори. Се поставува прашањето дали Библијата ги оправдува овие изговори? Божјата реч на бракот става еден посебен нагласок и одговорност отколку тоа што го нагласува современото друштво.

Денес многу филмски компании успеваат во влијанието кои тие го пласират за да го обликуваат умот и размислувањето на младите. И затоа за еден млад човек нормално е да има секс пред брак, невенчан а сепек да живее со жена под ист покрив, или пак жените покрај својот маж да си има сексуални авантури со други мажи . Велам нормално е! Да, нормално е! Кога скоро не постои филм каде нема сцени на секс и измама и тие сцени се сместуваат во хард дискот на младиот ум. Тој живее со таа стварност и секоја една работа која се повторува тоа го обликува и неговото размислување и затоа онаа што се смета за ненормално постанува нормално. Зарем ние како христијани така лекомислено ќе им се препуштиме на тие медиуми да ни го обликуваат нашиот разум и размислување. Нема ли да и се вратиме на Библијата па таа до го обнови и разбистри нашиот разум распознавајќи го злото и штитејќи не од него.