Текстови

ОБНОВУВАЊЕ НА СТАРИТЕ ПАТИШТА

И ти ќе градиш врз старите урнатини, ќе ги подигниш основите на идните поколенија, Ќе те викаат поправач на урнатините и обновител на патиштата до населбите. (Исаија 58,12).

Задачата опишана во овие зборови е токму тоа што Бог денес го бара од својот народ. Тоа е задача која сам Бог ни ја одредил.

Бранејќи ги погазените Божји заповеди и заобиколувајќи ги оштетувањата направени така безобразно во Неговиот закон, ние всушност исполнуваме сожалување и сомилост спреме унесреќениот човечки род. Укажувајќи најголема љубов спрема Бога и воздигнувајќи го денот кој Тој самиот го воспоставил како спомен на создавањето, а кој е така долго газен со несвети нозе, искажуваме милост, доброта и најнежно сочувство спрема паднатиот човечки род. „Љуби го својот ближен како самиот себе си“. Оваа е задача која како народ мораме да ја прифатиме Љубовта искажана спрема напатениот човечки род и дава значење и сила на вистината која ја застапуваме

Евангелизацијата на светот представува задача која Бог им ја доверил на оние кои одат напред во Негово име. Тие се повикани да соработуваат со Христа, откривајќи ја Неговата нежна љубов и сочувство спрема оние кои се на ивицата на пропаста. Бог повикува илјадници да работат за Него, и тоа не проповедајќи им на оние кои веќе ја знаат вистината и одејќи секогаш на исти места, туку носејќи им опомена на оние кои никогаш не слушнале за последната порака на Неговата милост. Тогаш вас да ве покрене на работа најсесрдна желба за спасување на душите. Залагајте се здраствено – мисионска работа. На тој начин ќе најдете пристап до срцата на луѓето и ќе отворите пат за поуспешно објавување на вистината. Ублажувајќи ги нивните физички страдања, ќе ви се даде и прилика да им послужите и на нивните духовни потреби.

На таквото ваше заложување Господ ќе ви подари успех, затоа што евангелието кога ќе се внесе во практичниот живот преставува сила Божја за спасение на сите кои го прифаќаат. Ускладеното залагање и за телото и за душата, како што тоа го правел и самиот Исус, преставува вистинска интерпретација на Евангелието.