Христос се наоѓал зад масата на која била припремена пасхалната вечера. Пред Него се наоѓале бесквасни лебови кои се употребувале за време на Пасхата. На масата било и непревриеното пасхално вино. Христос се послужил со овие симболи за да би ја престсвил својата безгрешна жртва. Ништо што е расипано со вриење, кое е симбол на гревот и смртта, не може да го преставува Јагнето, без недостатоци и мани.
Библијата никаде не советува употреба на превриени вина, било како пијалок, или како симбол на Христовата крв.Ние се повикуваме на здравиот разум и се прашуваме, дали Христовата крв подобро се преставува со чистиот гроздов сок во неговата првобитна положба или со превриеното алкохолно вино. Навистина и озбилно ви препорачуваме ова последното никогаш да не го ставиме на Господовата маса за време на Господовата вечера. Како што скиснатиот леб со квасец, кој е симбол за гревот, не може да го претставува Христовото тело, така и киселото или превриено алкохолно вино не може да ја преставува Христовата крв, т.е. Оној кој себеси се принел за жртва како безазлено и пречисто Јагне.
Бидејќи виното има опојно отровно делување и го расипува човечкото суштество на духовно, телесно, умно и духовно поле, можеме слободно со апостол Павле таквата чаша да ја наречеме ѓаволска чаша, а неГосподова.(1Кор.10,21).