Текстови

ТАТКО НАШ

Нашиот Господ Исус два пати ја изговорил молитвата Татко наш. Првиот пат во присуство на мноштво во својата проповед на гората и вторпат неколку месеци покасно во присуство на своите ученици.

Учениците го посматрале Исуса кога се молел. Знаеле дека Тој често поминува долги часови во заедница со својот Татко. На крајот сфатиле дека постои тесна врска помеѓу овие часови на молитва и силата на Неговите зборови и дела. И кога Исус ја завршил молитвата, свесни за своите потреби, тие му рекле: Господе научине и нас да се молиме, како што Јован ги научи своите ученици. Матеј 11,1. Во таа прилика Исус пред нив ја повторил молитвата Татко наш, како да сакал да им каже: За вас е потребно да го разберете она што ви го кажав порано. Ова молитва содржи во себе длабочина која уште не можете да ја докучите.

Таа молитва гласи: Татко наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја; како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес; и простини ги долговите наши, како што им ги простуваме и ние на нашите должници; и не не воведи во искушение, но избавине од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови, Амин.(Матеј 6,9-13).

Ако молитвата е извор на силата, ние мораме да знаеме како да се молиме, во кој дух и за што. Многу наши молитви се површни и себични, и затоа и не е чудо ако не примаме сила. Правата молитва е пат кон духовната сила, и ние мораме да се научиме да одиме по тој пат.

Татко наш е најпознатата молитва. Таа се состои од 64 зборови, од кои поголемиот дел се едносложни зборови. Таа молитва може да се изговори за пола минута. Толку е едноставна да може да ја разбере дете од седум години, но во исто време нејзиното значење е толку широко и длабоко дури и најучените и нај мудрите не ќе можат никогаш да го исцрпат сето нејзино значење.

Вака значи молете се:Татко наш!

Исус не учи Неговиот Татко да го викаме и наш татко. Нашиот Бог е нежен и милостив Татко. Тој не е некој тиранин, кој би требало да го умилостивите со жртви, ниту строг судија, кој чека да ги казни луѓето. Тој е праведен и милостив Татко. За да можеме да му се приближиме на Бога, пред се треба да сме свесни за љубовта која Тој ја има спрема нас и да во неа веруваме (1.Јов. 4,16), затоа што Неговата љубов не привлекува кај Него.

Да обрнеме внимание на Исусовите зборови – Татко наш. Исус не кажува Татко Мој. Вистината дека Тој е наш Татко не поврзува во големото братство на верата со сите кои во искреност и вистина таткото на нашиот Господ Исус Христос.

Кој уште вклучува Исус во наш? Исусовата прекрасна парабола за милостивиот Самарјанин, неговото постапување со жената Самарјанка и неговата голема заповед да ги сакаме и нашите непријатели не уверуваат дека Исус во наш ги вклучува сите луѓе. На основа на Исусовото учење во „ Татко наш„ ние треба сите луѓе да ги сметаме за свои браќа и сестри. Пред Бога како небесен Татко сите луѓе се еднакви, без разлика на јазик, народност, и боја на кожата. Сите меѓусебно се браќа и сестри.! Кога луѓето би го прифатиле ова Исусово учење за Бога како Татко, за меѓусебното братство на сите луѓе тогаш би немало расна верска и национална нетрпелувост и зло. Не би имало експлоатација човек на човек ниту пак војни.! Кога му се обраќаме на Бога со Татко, ние признаваме дека сите негови деца се наши браќа. Ние сме дел од човечанството, зачто сме членови на исто семејство. Нашиот ближен треба да има место во нашите молитви. Никој не се моли правилно ако кој бара благослови само за себе.

Кога Бог го именуваме со свој Татко со тоа признаваме дека сме негови деца; И како такви треба да дозволиме да не води Неговата мудрост и во се да го слушане.

Ако Бог е Татко на сите, тогаш сите луѓе во неговите очи имаат голема вредност како децата што се скапоценост на своите родители (Исаија 13,12). Наша желба ќе биде да го реформираме грешникот, а не да го осветиме гревот.

Кој си на небесата – Бог е наш Татко, но во исто време Тој е неизмерен и велиличенствен. Тој е на небесата и твори се што сака, а ние сме на земја. (Псалм 115,3; Проп. 5,2). Самата мисла за Неговата големина и бескрајна сила, од една страна, и нашата слабост и ништавност, од друга, треба да не исполни со понизност и стравопочитување. Овие особини се прв услов за Бог да не чуе и услиши. (Исаија 57,15).

Да се свети името твое – Божјето име е свето и треба да му се поклонуваме. Псалм 111,9. Никокаш не смееме Божјето име да го изговараме така одлесно и без потреба. Секогаш треба да го изговараме со длабоко почитување како што тоа го прават небесните војски и жителите на другите светови кои не паднале во грев (Исаија 6,2.3).

Во старите библиски времиња имињата имале многу поголемо значење од денес. Родителите на своите деца му ставале имиња кои имале посебно значење. Често со тоа ја изразувале својата желба во поглед на идниот карактер на своето дете. Ако карактерот не одговарал на името, тие го менувале името.

Божјето име е замена за неговиот карактер. (2.Мој.34,5-7). Божјето име е свето, затоа што и Тој е свет. Божјето име го светиме признавајќи ја светоста на Неговиот карактер и дозволувајќи таквиот карактер да го изгради во нас.

Синот може да го срамоти името на својот татко. Често читаме во весниците дека некој татко се одрекол од својот син заради тоа што тој го срамоти неговиот углед, неговото добро име. Најдобар начин на кој синот може да го почитува и воздигне името на својот татко е да се труди да развие доар карактер.

Бог нас не признал за свои синови пред ангелите и пред луѓето. Да се чуваме да не го осрамотиме убавото име кое го носиме (Јаков 2,7); што повеќе,да настојуваме со Божјата милост да изградиме карактер сличен на Неговиот. Со зборовите да се свети името Твое не изразуваме само некоја врста на добра желба спрема Таткото туку исто така го искажуваме своето посветување на Бога И своја молитва да ни помогне со Духот Свети да изградиме таков карактер со кој достојно ќе го преставуваме својот Татко и на тој начин да го воздигнеме Неговото име.

Да дојде царството Твое – Бог е наш Татко, Тој не љуби и бдее над нас како над свои деца. Тој е исто така голем цар на вселената. Божјето царство се дели на царство на милоста и царство на славата. Ако Христа сме го примиле со вера и ако сме му дозволиле да не очисти со својата крв и својата реч, и да не доведе во склад со својот закон на љубовта, ние сме постанале припадници на Неговот царство на милоста. Но кога Христос ќе дојде по втор пат на нашата земја, Тогаш ќе го воспостави своето царство на славата (Матеј 25,31).Исус овде не зборува толку за царството на милоста колку за царството на славата, на кое царството на милоста му го припрема патот и во што го постигнува својот врв.

Божјето царство на славата нема да се воспостави се додека радосната вест за царството не се објави на целиот свет. Затоа кога ќе се посветиме на Бога и работиме на спасување на своите ближни, ги исполнуваме зборовите од молитвата Татко наш: „Да дојде царството Твое„.

Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата – Божјата волја е содржана во прописите на Божјиот закон чии принципи управуваат со небото. Да ја познаеш и да ја твориш Божјата волја е највисок идеал на небесните суштества. Тоа треба да е и наш највисок идеал. Божјата волја ни е откриена во Божјиот закон од десет заповеди, во Светото писмо и ви животот и карактерот на нашиот Господ Исус Христос. Научниците постигнале големи резултати откривајќи ги законите на природата и применувајќи ги во целта на остварувањето на своите задачи. Но, за тоа било потребно да вложиш многу години студирање и пожртвувана работа. Дали ние ќе вложиме помалку труд и време за да би можеле да го разбереме Божјиот закон? За жал, многу христијанисе молат со длабока побожност „да биде волјата твоја„ , но ни малку не се трудат да откријат што е Божја волја за да ја извршуваат. Највисока цел која може на себе да си ја поставиме е од Божјата реч да дознаеме што е Божја волја и својот живот да го доведеме во потполна согласност со неа.

Лебот наш насушен дај ни го денес – Првиот дел на молитвата Татко наш се однесува на Божјето име, на Неговото царство и на Божјата волја. Кога во својот живот на Бога и на неговата служба сме им дале прво место, тогаш можеме со поверење да бараме дда ги исполни нашите земни потреби. Исус рекол: Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде (храна, облека).(Матеј 6,33). Давид изјавил: Бев млад и остарев, и не видов праведник и неговите деца да трпат за леб.Псалм 37,25.

Исус не кажува лебот мој насушен, лебот наш насушен дај ни го денес! Исус не учи да се молиме и за своите ближни. Со тоа признаваме дека тоа што ни го дава Тој не е исклучиво само наше. Бог ни дава за да би можеле да им помогнеме на оние што се гладни (2.Кор.9,8.6).

Но, молбата за нашиоот насушен леб не се однесува само на телесниот леб. Исус рекол: не само од леб ќе живее човекот, а и од секое слово што излегува од устата на Бога. (Матеј 4,4). Понатаму Тој кажува: Јас сум живиот леб што слезе од небото. кој јаде од овој леб ќе живее вечно.(Јован 6,51).Лебот на животот е нашиот Спасител; Примајќи го Него во своето срце, ние стварно навистина се храниме со лебот кој слегнал од небото.

Ние го примаме Исуса Христа примајќи ја Неговата реч. А Светиот Дух ни е даден да ни помогне да ја разбереме и да ја прифатиме вистината која што ја содржи.

Бидејќи го примивме лебот на животот, должни сме и на другите да го дадиме. Не тој начин помагаме да се оствари молитвата: Да дојде царството Твое. да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата!

И прости ни ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници – Исус не учи дека Бог ни простува онолку колку што и ние им простуваме на нашите ближни.

Дали ние сме должници на Бога и дали ние имаме свои должници?

Некој може на прв поглед да е задоволен со себе, но, ако се огледа во Божјето огледало, ќе виде дека е голем должник, и тогаш со длабока искреност ќе се помоли: Опрости ни ги долговите наши. Во нас сеуште се телесните желби кои не сме ги бобедиле; Тука е гордоста, себичноста и лакомоста; тука е гневот и зависта. Сето тоа се страшни долгови. А што да кажеме кога ќе помислиме на на даровите кои ни ги дал Бог и кои би требало да ги употребиме за слава на Бога?

А кои се наши должници? Тоа се оние кои што нас не увредиле и ни нанеле некоја неправда. Но, тој нивни долг е ситница спрема нашиот долг кој што го имаме ние на Бога. Оној кој што не е спремен да му опрости на својот ближен се лишува од можноста да прими Божје опростување. Ние сме должни да им опростуваме на нашите ближни без оглед дали тие увиделе и ни признале дека не увредиле или не.

Овде сакаме да истакнеме што значи право опростување. Опростувањето има многу подлабоко значење отколку што многу други мислат… Божјето опростување не е само еден судски акт кои нас не ослободува од осудување.Тоа не е само опростување на гревовите; тоа е ослободување – исцелување! Љубовта на Спасителот го преобразува срцето.

Ако ние не сме кадри да му опростиме на својот ближенод срце, тоа е знак дека ни самите сеуште не сме примиле право на опростување од Бога. Божјата реч не советува: а еден кон друг бидете добри, сочувствителни, проштевајчи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа. (Ефес. 4,32.).

Бог во Христа ни опростил затоа што не љуби. Љубовта простува, а правото простување значи ослободување. Правото опростување не е акт туку состојба. За нашиот Бог читаме дека простува „многу„. Тој не се уморува во опростувањето.(Исаија 55,7). Така и Исус не учи да не се уморуваме од опростување кога станува збор за нашите должници.(Матеј 18,21.22).

Љубовта предизвикува љубов. Ако на неправдата и гневот возвратиме со љубов, на тој начин и самите духовно растеме и им помагаме на другите да го променат својот став спрема нас.Некој може ќе рече: ова е многу едноставно, треба само на злото да возвратиме со добро, а на гневот со љубов. Не е доволно само да одлучиме да ја имаме. Мораме љубовта да ја добиеме од еден извор, а тој извор е Бог. Да се молиш за опростување значи да бараш љубов од Бога. (Јован 4,7-10; Рим. 5,5).

И не не воведи во искушение, но избави не од лукавиот – Искушението е поттикнување на грев. Тоа не доаѓа од Бога туку од сотоната и злото кое е во нас, во нашата телесна природа. Бог не го искушува никого, туку секого го искушува неговата желба која го влече и мами.(Јаков 1,13.14).

Искушението е затоа многу опасно затоа што се јавува изненадно, кога најмалку му се надеваме, и обично се јавува во привлечно руво. Други се искушенијата на децата, други зас младите, а сосем други за старите. Колку и да е некој духовно јак, кога тогаш ќе се најде лице в лице со искушението. Исус бил три пати искушуван во пустињата. Сотоната настојувал по секоја цена да го одврати од Неговота мисија, но не успеал. Исус во Божјата реч и молитвата наоѓал сила со која ги победувал искушенијата.

Гневот и стравот се чести облици на искушенија. Кога Исус бил уапсен, Петар ги покажал и двете овие негативни црти. Во Гетсиманската градина го покажал својот гнев и му го отсекол увото на слугата на свештеникот. Покасно приликом Исусовот сослушување, покажал страв одрекувајќи се од Исуса со клетва. Петар се покајал и примил од Бога вистинско опростување, ослободување од споменатите мани.Кога покасно стоел пред истиот еврејски суд, храбро одговорил: судете дали е справедливо пред Бога – вас да ве слушаме повеќе отколку Бога? Зашто ние не можеме да не зборуваме за она што сме виделе и чуле. (Дела 4,19.20). Во љубовта страв нема, а совршената љубов го пади стравот, бидејќи стравот има мака. Кој се бои не е совршен во љубовта.(1.Јов.4,18).

Да се молиш „и не не воведи во искушение„првенствено значи не дозволувај да подлегнеме на искушението. Наша молитва треба да биде: Не давај на срцето мое да застрани на зли помисли, да прави безбожни дела со луѓето кои постапуваат неправедно; и да не ги вкусам сладостите нивни.(Парафразирано од Псалм 141,4). Друго искушение вас не ве постигна. Освен човечкото; Господ ни дал ветување нема да ни даде претешко искушение отколку што ние можеме да носиме(1.Кор.10,13). Да се молиш како што Исус не учи значи да му се потчинуваш на Бога и да го молиш Тој да не води по сигурна патека. Ние не можеме искрено да ја изговараме ова молитава ако во исто време сакаме да одиме по својот пат. Ние треба да чекаме да не води Неговата рака и Неговиот глас да ни каже: Ова е патот одите по него! Наша единствена гаранција против злото е Христовата присутност во срцето со вера во Неговата правда. Заради нашата себичност искушението сеуште има власт над нас. Но ако ја посматраме големата Божја љубов ќе разбереме колку ава мана му е одвратна на Бога, и ќе настојаваме ревно да се ослободиме. Откривајќи ни ги Христа; Светиот Дух ќе ни ги смекне и покори нашите срца. Искушението ќа ја изгуби својата моќ, и Христовата сила ќе го преобрази карактерот.

Зашто Твое е царството, и силата, и слават во сите векови Амин – Последната мисла во „ТАТКО НАШ„ не потсетува, како и првата, дека нашиот Татко е над сите сили, власти и сите суштества. Тој ја држи во своите раце судбината на народот и судбината на својата Црква.

Тебе, Господе, Тебе Господи ти припаѓа величество, чест, вечност и слава затоа што е Твое се што е на небото и земјата… Во твоите раце е силата и крепоста, и во Твоите раце е моќта и возвишувањето и утврдувањето на сите работи. 1.Днев.29,11.12.