Текстови

ТВОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ

Често спрема оние кои ни прават лоши работи или ни смислуваат зло возвраќаме со омраза и со нивна осуда.

Да не заборавиме дека и ние некогаш бевме во непријателство со Бог и непријатели едни на други. Тој ни пристапи со милост и љубов така и ние да пристпиме кон нашите непријатели.

Тие се сеуште таму каде што ние бевме некогаш.

Благословувајте ги непријателите но не и да ги колнете.

Живот со непријателите

» Кога сакав да живеам мирен живот тие ме вознемируваа

− А јас најдов мир во тебе кој никој не можеше да ми го одземе

» Кога изградив куќа да се засолнам тие ми ја уништија

− А јас побарав засолниште во тебе и ти ме прими

» Кога тргнав по материјални работи тие ми ги крадеа

− А јас најдов големо богатство во твојата љубов

» Кога барав работа за да се издржувам тие ме одбиваа

− А јас те побарав и ти ја отвори раката твоја и се погрижи за се

» Кога се дружев со нив за да им бидам пријател тие ме одбегнуваа

− А јас видов дека ти си единствениот мој пријател кој не ме напушта

» Кога и да започнев нешто тие постојано ме спречуваа и се противеа

− А јас побарав сила од тебе и ти ме засили да ги победам сите искушенија

Некој рекол дека непријателите се само „сурови пријатели″.

Благослови ги Господе моите непријатели зашто тие постојано ме туркаа од себе кон Тебе.