ВЕРНОСТ ВО МАЛКУ

Среќата во животот е по многу нешто поврзана со верноста во обичните животни должности. Занемарувањето на ситниците, кои на прв поглед изгледаат сосема безначајни, ја трујат и уништуваат животната среќа. Збирот на верно исполнетите таканаречени ситни должности ја сочинуваат вистинската среќа која треба да се реализира во овој живот. Оној кој е верен во малку ќе биде верен и во многу, а кој е неверен и нечесен во малку ќе биде исто таков и во големите должности.

Се додека не сте во состојба со радост и задоволство да ги извршувате должностите кои ви се доверени, не сте достојни да ви се доверат поголеми и повозвишени должности. Некој мора да ги прифати и скромните задачи кои се поставуваат пред нас; а оние кои ги извршуваат тие задачи треба да бидат свесни дека обавуваат неопходна и чесна работа и со дека преку својата мисија, колку таа да изгледа скромна, учествуваат во делото Божје исто онака како и ангелот Гаврило кога Господ им го праќал на пророците. Токму тие таканаречени ситници во животот ја развиваат духовноста кај луѓето и одлучуваат за нивниот карактер. Со своите зборови, со тонот на својот глас, со своите гестикулации и со самиот поглед, вие можете да го исполнувате или да не го исполнувате Христовиот дух. Оној кој ги занемарува тие ситници, а си ласка себе си дека е спремен да направи нешто големо за својот Учител, во опасност е да доживее неуспех во се . Животниот успех не се состои од големите достигнувања, туку токму преку тие ситници. Погледајте ги под микроскоп најмалите и најобичните цветчиња, и ќе се фасцинирате од убавината и совршенството на сите тие нивни делчиња. Исто така и во најскромната животна судбина може да се најде вистинска возвишеност; најобичните должности изработени верно и со љубов, прекрасни се во Божјите очи. Малите вниманија, дела на љубовта и самопожртвуваноста во кои животот зрачи, неприметно како мирисот од цвеќињата што се шири – преку тоа нешто добиваш голем дел од благословите и среќата во животот.