Текстови

ЖИВОТЕН ВОЗ

Животот на земјата многу често личи на патување со воз. Во животот имаме многу постојки, на некои се качуваат некои луѓе со кои доживуваме пријатни пријателства, но мошне често ни се случува да се разочараме во нашите пријатели, ако тие се најдат во непријатна состоба некои се растажуваат, доживуваат несреќи. Иако на поглед сите во миг изгледаме среќни, низ патувањето сите доживуваме по нешто што ќе ни ги жигоса душите.

Кога се раѓаме се среќаваме со некои луѓе за кои мислиме дека нема никогаш да не напуштат како на пример нашите родители, но понекогаш ни се случува и тоа, но тоа многу боли. За жал на некоја постојка од нашиот животен воз, тие ќе се симнат, и не оставаат сами, незгрижени без нивната нежна љубов, незаштитени оставени сами на себе во топлите Божји прегратки, иако во тој миг ни се непознати. Бог како наш Творец ќе не згрижи под своите нежни крила. Иако видливото друштво и пријателство се симнале од нашиот воз. Но во некоја следна станица ќе се качат нови патници од кои некои ќе ни станат многу важни во нашето патување. Тоа се нашите браќа и сестри поблиски и подалечни пријатели, и други патници кои ќе ги засакаме со текот на патувањето. Други патници кои наидуваат на нас во текот на патувањето, се за наша тага и жалост. Но секогаш ќе има околу нас патници кои патуваат во тој воз и се спремни да ја подадат својата рака за помош на кого ќе му биде неопходна. Тие непознавајќи не ќе ја подадат својата хумана рака, да помогнат да застанеме на нозе, и да продолжиме понатаму во соето патување. Но некои кои попатно ќе влезат во животниот воз, и не ни обрнуваат внимание, на пределите низ кои се патува, ниту пак се зближуваат со никого, па на крајот од патувањето тие завршуваат осамени. Многу од патниците кои ќе наидат на нашето патување и се качат на возот, зад себе после симнувањето на некоја од следните станици, остават длабоки впечатоци на пријатни сопатници, и ни е жал што одлучиле да го прекинат патувањето. Некои од нив ќе ни направат и такви збрки, што се во состојба да го нарушат авторитетот и не вовлечат во непријатна состојба. Но многумина од патниците не ги ни забележуваме нити кога се качиле, нити кога се симнале.

Често се чудиме зошто некои од нашите многу драги и блиски се во други вагони и не патуваат со нас? Не оставаат сами во нашето патување, понекогаш се обидуваме да ги следиме, и по можност да се сместиме во нивното купе, но нечесто ни случува грешка. Бидејќи кога ќе ги пронајдеме местото покарај нив не е слободно, некој во меѓувреме го заземал. И едноставно таков е животот, полн со предизвици, мечтаења, надеж, соништа, преполн со состаноци и разделби за кои никогаш повеќе не постои можност за повторно среќавање. И затоа тие моменти никогаш повеќе нема да се дожвеат. Па својствено за човекот низ своето патување да создаде најдобро можна атмосфера, исполнета со радост и среќа доколку дозволува ситуацијата во мигот на тој период од патувањето. Да се потрудиме во текот на нашето патување со секој патник да бидеме во пријателски и добри односи со посебна љубов која ќе биде секому поделена без предрасуди како брат со брат, и сестра со сестра. И секогаш да се трудиме во нашите сопатници да го видиме она најдоброто.

Можеби кога ќе наидеме на некоја раскрсница некој може да се слизне од вагонот, а токму во таков момент е потребна наша помош, но како ќе помогнеме ако не сме подготвени, за да можеме некому да подадеме рака во такви ситуации, важно за нас во нашето патување да сме и самите ние спремни. Себеси да сме позицирани на добро место во нашиот животен воз, да не би и ние самите сакајќи да помогнеме станеме жртва навидум на случајноста, но тоа е голема замка во која ако немаме силна духовна поткрепа, ќе се најдеме заедно со лицето на кое сме се понудиле да му помогнеме. Но се надеваме дека во такви ситуации и самите ние ќе имаме потреба да бидеме од некој прифатени, и имајќи потреба од неговата подадена рака не станеме жртва на околноста. Најголема тајна во нашиот животен воз, е кога ние ќе слеземе, и како ќе слеземе? Но се прашуваме и за нашите сопатници кога и како ќе се симнат и тие и каде води понатаму нивниот пат, а не знаеме ниту за оние кои седеле до нас за време на целото наше патување? Сигурно ќе бидаме многу тажни кога ќе мораме да го напуштиме својот животен воз и мораме да се симнеме од него, при тоа разделувајќи се од некои кои биле наши најблиски, многу драги некои од нив можеби и единствено нешто на нашето патување. Верувам дека самата разделба со некои наши пријатели стекнати во текот на патувањето ќе ни нанесе многу болка. Меѓутоа се надевам дека на некој крај има крајна станица за сите патници, кои ќе треба да се симнат од возот на последната станица заедно со сите свои куфери кои додека се качувале во возот ги немале. И искрајно и од срце ќе бидеме среќни што ќе имаме можност повторно да се сретнеме и заедно да се радуваме во Божјата милост која ни овозможила да имаме уште една можност да се сретнеме со сите наши мили и дараги , блиски пријатели сопатници кои патувале заедно со нас, и сите заедно ќе учествуваме на една голема свадба. На која е поканет секој кој ќе ја облече свечената облека која ќе ни биде дадена на самиот влез во свадбената просторија. На самата станица кога ќе ги видаме со полни куфери уште повеќе ќе бидеме среќни што и ние сме имале допринос, да ги наполнат своите куфери. Секогаш треба да се трудиме да имаме прикладно и умерено патување кое ќе ни носи повеќе радост отколку тага. И кога ќе видиме дека нашето патување стократно го зголемило бројот на патниците кои, патувале низ нашиот животен воз повремено, некои и се симнувале на своите станици. Да се потрудиме симнувајќи се од нашиот животен воз да оставиме едно слободно место кое ќе им остане во сеќавање на оние кои после нас ќе го продолжат своето патување. После нас ќе продолжат со сеќавање кое со возбуда ќе го пренесуваат на следните сопатници кои ќе патуваат понатаму. На сите им посакуваме пријатно и незаборавно патување. А СРЕДБАТА ДА БИДЕ ШТО ПОСКОРО НА ВЕТЕНАТА СВАДБА КАДЕ ЌЕ СЕДНЕМЕ СИТЕ ВО ИСТА ОБЛЕКА, КОИ ЌЕ ЈА ПРИФАТАТ ПОКАНАТА, И ЌЕ ИЗДРЖАТ ДО КРАЈ НА СВОЕТО ЖИВОТНО ПАТУВАЊЕ. ИСУС Е НАШИОТ ПАТ, ВИСТИНА И ЖИВОТ СЕГА И ВО ВЕЧНОСТА….