Текстови

АКО ПОСТОИ БОГ ЗОШТО ПОСТОЈАТ АТЕИСТИ?

  • Дали Бог постои ?
  • Тој е реалност, илузија или производ на нашата фантазија?

Многу интелектуалци посебно Француските енциклопедисти, тврделе дека хипотезата за Бога веќе не е потребна во обидите да се објасни животот или потеклото на свемирот. Меѓутоа се соочиле со проблем, бидејќи во времето на просветеност, во кое мислеле дека идејата за Бога е надмината, настапило време на изучување на разни религии.

Заклучокот на научниците од 19 век била дека човекот не е само „Homo sapiens, туку и Homo Religiosus“ Можеби во својата потреба за верување тој го измислил Бог?

Човекот има потреба за Бога, но во негов интерес не е да го представи како оној Бог што е откриен во Библијата. Божјите карактеристики, како што е Неговата светост, суверенитет, мудрост, семоќ,не се пријатни за човекот и затоа не постои причина да го измисли таквиот Бог. Во наша полза е да измислиме Бог со кој може да манипулираме преку разни техники, ритуали, но затоа не можеме да манипулираме со Бог кој е свет, во чие присуство се умира и кој ги знае сите мисли на нашето грешно срце. Дали луѓето не веруваат во Бог поради недостаток на докази или сето тоа има психолошка природа? Занимливо е како Библијата објаснува за причините за неверување. Таа ни зборува токму за оние Божји особини кои делуваат на грешниот човек па тој не го посакува таквиот Бог.

Апостол Павле вели дека неверувањето не е втемелено толку на интелектуална, колку на морална и психолошка основа. Во суштина атеизмот не постои поради недоволно докази потребни да еден човек се увери дека Бог постои, туку поради фактот дека човекот поседува некој вид природно непријателство спрема Бог. „Зошто, ако сме помирени со Бога преку смртта на Неговиот Син, додека бевме непријатели…(Римј.5,10)

Грешниот човек е роб на предрасудите и тој делува во рамки на постојано противење кон христијанскиот Бог. Христијанскиот Бог му е одбивен, зошто представува голема закана за човечките желби и амбиции. Човекот ги прифаќа и се бори за некои вредности кои Бог ги кажал; љубов меѓу луѓето, грижа за животните и растенјата,зачувување на планетата, мирољубивост и др. Но тој не го прифаќа Бог и Неговиот карактер кој е чист и свет.

Во делото „Изгубениот Рај“ на Џон Милтон, сатаната вели:Подобро е да се владее во пеколот, отколку да се служи на Небото“. Прашањето за Божјото постоење и Неговата природа го следат мноштво лични и колективни интереси со кои ќе мора да се соочиме, за конечно да ја увидиме вистината. (Ateizam ili Hrišćanstvo dr Jovan Iliev)

Луѓето мислат дека се мудри негирајќи го Божјото постоење и измислувајќи свои теории. Иако денес напредната технологија ни овозможува да ѕирнеме подлабоко во многу работи, ни предходните генерации не се оставени без докази за Божјото постоење. Апостол Павле вели:„Зошто ним им е познато она што може да се знае за Бога, Бог им го јави тоа. Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите“.(Римј.1.19,20)