Библијата учи дека 10 Заповеди не се укинати

Многу важни факти и цитати:

Блажени се оние, што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите (Отк. 22,14).

Тука е трпението на светите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исуса (Отк.14,12).

И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино, што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исуса Христа (Отк. 12,17).

Ако ме љубите пазете ги моите заповеди. Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што ме љуби; а кој ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се јавам сам (Јован 14,15.21).

Бидејќи љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки (1.Јов.5.3).

Да го чуеме завршниот збор за се: Бој се од Бога, исполнувај ги Неговите заповеди, зашто во тоа е се за човекот ( Проп. 12,13).

Законот Твој неизмерно го љубам и по цел ден за него расудувам (Псалм 119,97).

Совршен е законот Господов – душата ја поткрепува! Веродостојни се уредбите Господови – неуките ги вмудрува (Псалм 17,7).

Така значи, Законот е свет, и заповедтта света, справедлива и добра (Рим. 7,12; Пс.119,142.152; Мат.5,17-19).

Што да речеме пак? зар законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку законот, оти и похотта не би ја познал, ако законот не велеше не похотствувај (Рим. 7,7; Јаков 1,23-25).

Оти кој го пази целиот закон а згреши само во едно, виновен ќе биде за се. зашто оној кој рекол: Не прави прељуба! Рекол и не убивај! Па затоа, ако не вршиш прељуба, а убиеш, ти ќе станеш престапник на законот. Зборувајте и постапувајте како оние, што ќе бидат судени според законот на слободата (Јаков 2,10-12). Тој закон ќе биде мерило на небесниот суд.

Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните итн. туку волјата му е во Господовиот закон и за Неговиот закон размислува дење и ноќе (Пс.1,1-2).

Псалм 119 (читај)

Делата на неговите раце се верни и праведни а Неговите уредби се веродостојни; цврсто стојат од век до века, засновани на верност и на правда (Пс. 111,7.8; Малахија 3,6; Проп. 3,14).

Алилуја! Блажен е оној човек кој се бои од Господа и кој ужива во Неговите заповеди; неговото потомство ќе биде силно на земјата, благослов ќе почива врз праведното поколение. Благосостојба и богатство ќе бидат во неговиот дом, неговата правда ќе трае довека.(Пс. 112, 1-3).

За патријархот Аврам читаме: Бидејќи Аврам го слушаше Мојот глас и им се покоруваше на Моите заповеди, на Моите закони и одредби (1.Мој.26,5).

На Господ ну се свиде заради неговата праведност да го возвеличи и прослави законот (Исаија 42,21).

Тогаш реков: Еве, доаѓам! Во книжниот свиток пишува за мене; мило ми е, Господи, да ја исполнувам твојата волја, јас го носам Твојот закон длабоко во срцето (Пс.40,7.8).

Ќе останете во Мојата љубов ако ги пазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во неговата љубов (Јован 15,10).

Кој вели: Го Познав, а заповедите Негови не ги пази, лажец е и вистината не е во него (1.Јов.2,4).

Бидејќи љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки (1.Јов 5,3).

Бидејќи телесното мудрување е непријателство против Бога на законот Божји тоа не му се покорува, ниту пак може (Рим. 8.7).

О да беше ги слушал Моите заповеди! Тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојата правда како морски бранови (Исаија 48,18).

Секој што прави грев, го крши законот; грев е кршење на законот (1.Јов.3,4).

Кој го отклонува своето уво, за да не го слуша законот, и неговата молитва е омразена (Пословици 28,9).