Ние како луѓе имаме ограничен вид. Многу работи кои постојат околу нас, не сме во состојба да ги видиме. За таа цел ја користиме модерната технологија за да видиме нешто што нашите очи не се во можност да го забележат. Ова се користи во различни области како науката, медицината итн.
Еве некои слики со помош на овие пронајдоци.
Но, на Бог не му се потребни овие работи за да го види она што го бара. Без оглед дали е дење или ноќе, неговиот поглед продира длабоко во секој работа што постои на земјата и ја испитува целата вселена. Отворено ги гледа најмалите честички како и огромните галаксии. Пред него нема ништо сокриено.како во материјалниот така и во духовниот свет. Многумина мислат дека никој не ги гледа лошите работи кои ги прават, без сведоци или длабоко во ноќта.
„Но јас гледам добро″ – вели Господ. (Ерем.7.11)
Ако сакаш да го провериш своето телесно и духовно здравје, Бог може тоа да го стори само со еден поглед. Ќе ти каже се што е заболено и потребно да се лечи кај тебе.
Пред Неговиот поглед стоиме голи, како отворена книга. Ги гледа сите твои мисли и желби, работи кои се длабоко закопани во тебе и спремен е да го отстрани се она што ти слабо го гледаш или воопшто не го гледаш, а може да те упропасти.
Луѓето се во постојан страв затоа што не можат да видат што им носи утрешниот ден, ниту по кој пат да тргнат денес. Нивниот поглед не може да види што има позади нивниот најголем страв – смртта.
Божјиот поглед ја гледа иднината, нешто што никој, ниту најсовремената технологија не е во можност да ја види. Тој го гледа крајот на сите патишта и те води по сигурен пат за да не загинеш. И не заборавај дека Бог гледа многу подобро од тебе. Чекори сигурно низ животот потпирајќи се на Божјиот поглед – затоа што Тој гледа се.