Текстови

НЕВЕСТА (Црква) БЕЗ МАНА НИТУ ДАМКА

Во Ефешјани 5:27, Невестата Христова е опишана како “света и без мана. “

Хебрејскиот збор за “без мана” е “tamim.”

Да погледнеме како овој збор го претставува Библискиот принцип за “духовна зрелост. “

Во Излез 12:5, Бог објавува дека Пасхалното јагне кое треба да се жртвува, мора да биде “без мана”, каде пишува:

Живинчето нека биде без недостаток (“tamim”), годиначе и машко. 

На истиот начин Невестата Христова треба да биде “без мана” исто како што и Пасхалното Јагне морало да биде “без мана”, односно “tamim.”

 

БОГ ОД АВРАМ БАРАЛ СЛУЖБА БЕЗ МАНА

 

Во Битие 17:1, Бог побарал од Аврам да Му служи (служба како начин на живот-животен стил) “tamim”, на следниот начин – напишано е:

Кога Аврам имаше деведесет и девет години, Господ му се јави и му рече: Јас Сум Ел Шадај, Семоќен Бог, оди по Мојот пат и биди непорочен.

 

Првата мисла на луѓето кога ќе го слушнат зборот “совршен” е дека истиот значи “без грев. “

Но зборот “совршен” употребен во англискиот превод на Библијата – King James е всушност хебрејскиот збор “tamim” кој е преведен како “без мана” (Излез 12:5).

Во Битие 17:1 употребен е превод на зборот “совршен” кој може да се интерпретира на следниот начин:

Јас Сум Ел Шадај, Семоќен Бог, оди по Мојот пат и биди без мана.

Од тука може да се заклучи дека Бог на Аврам (и неговото потомство) му понудил да биде дел од “Христовата Невеста. “

НЕВЕСТАТА ХРИСТОВА ЌЕ БИДЕ

НАЦИЈА НА КРАЛЕВИ И СВЕШТЕНИЦИ

Во Битие 17, Бог склучил вечен завет со Аврам и Му ветил “нација на кралеви и свештеници” дека ќе произлезат од него.

Во Битие 17:6-7 е напишано:

Ќе те направам многу плоден, ќе произведам народи од тебе и цареви ќе произлезат од тебе. Го склучив Својот Завет меѓу Мене и тебе и твоето потомство после тебе – Свој вечен Завет за векови: Јас ќе ви бидам Бог тебе и на твоето потомство после тебе..

Христијаните се наследници на Заветот што Бог Го склучил со Аврам преку Исус Христос.

Ова е напишано во Галатјани 3:16, 29:

(16) А ветувањата им беа дадени на Аврам и неговото семе (Битие 17:7),И не вели: „и на семињата„, како за мнозина, туку како за еден: „ и на твоето Семе„, Кој е Христос.(29)А ако сте пак вие Христови, тогаш сте Аврамово семе, наследници по ветувањето.

Како што Бог МУ ветил на Аврам дека голем народ ќе призлезе од него – царско свештенство, со истите зборови е опишана и Невестата Христова.

Во 1 Петрово 2:9 е напишано:

А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, народ придобиен, за да ги прогласите славните дела на Оној, Кој ве повика од темнината во Својата чудесна светлина..

Кога е склучен заветот помеѓу Бог и Аврам, всушност во исто време е склучен и со Исус, а ние сме наследници на Заветот (преку Исус) (Галтјани 3:16, 29). Бог бара од христијаните да одат (да живеат живот)  “без дамка”. Бог од Аврам побарал да живее живот “без дамка”, а ова е карактеристика на Невестата Христова (Ефешјани 5:27).

Можеме да бидеме сигурни во ова наследство, бидејќи Заветот што Бог го склучил со Аврам е “Вечен Завет” – Битие 17:6-7.

И бидејќи Исус сеуште не е во брак со Неговата Невеста (Исус сеуште не е дојден), а ова е дел од вечниот завет, можеме да заклучиме дека овој Завет сеуште важи!

ИСУС НАВИН ПОСАКУВАЛ ДА БИДЕ БЕЗ ДАМКА“. 

Да погледнеме како Библијата го користи Хебрејскиот збор “tamim” кој значи  “без дамка”, и е карактеристика која се однесува на Невестата Христова. (Ефешјаните 5:27)

Следниот пример е даден во Исус Навин 24:14. Исус Навин ги собрал сите Израелеви племиња во местото Сихем,од каде тој му се обратилна целиот народ. Потоа, тој поминал многу години во водење на народот и освојување на Ханаанската земја која Бог ја ветил на Аврам. (Битие 15:18-21)

Ова негово обраќање се случило пред неговата смрт, и е опишано во Исус Навин 24:14, каде вели:

И затоа сега бојте се од Господа и служете Му совршено и верно!…

Зборот преведен како “совршено” во англискиот превод на Библијата King James, е всушност англиски превод на Хебрејскиот збор “tamim” кој значи “без дамка”.

Уште еднаш Бог го обврзува Својот народ да Му служат во совршеност (духовна зрелост) (“tamim = “без дамка”) и вистина.

Од овие факти можеме да разбереме дека уште од самиот почеток на времето, Бог посакува да живее и да престојува меѓу Својата невеста засекогаш во вечноста, и посакува Неговата невеста да придобие “духовна зрелост” за да може пред Него да биде “без дамка” = “tamim” во вечноста.

Во Исус Навин 24:14, покрај тоа што е наведено дека на Бога треба да му служиме во совршенство – без дамка (во духовна зрелост), истотака вели и да Му служиме во „Вистина“.

НЕВЕСТАТА ЌЕ СЛУЖИ ВО ВИСТИНА

Хебрејскиот збор преведен како “вистина” е зборот “emmet.”

Зборот “emmet” е составен од Хебрејските букви “Aleph, Mem, и Tav”. Ова е состав на првата буква “Aleph”, средната буква “Mem” и последната буква од хебрејската азбука – “Tav”.

На овој начин Бог го потенцира значењето на Хебрејскиот јазик и Хебрејската азбука како алатка за подлабоко разбирање на Божјото Слово.

Во Откровение 22:13, Исус за Себе вели јас сум “Alpha и Omega”. Тоа се првата и последната буква од Грчката азбука. Но, првата и последната буква од Хебрејската азбука се “Aleph и Tav”, а ова е напишано во (Исаија 41:4, 44:6, 48:12).

Значи, Бог преку Исус Навин јасно кажува дека од нас бара да му служиме во “совршенство и вистина”.

Која е Библиската вистина?

Во Псалм 119:142, Библијата дава дефиниција за Вистината, каде вели:

Твојата правда е вечна правда, и Твојот Закон (Torah )е чиста вистина.

Исус Христос во Евангелието по Јован 17:17 го цитирал стихот од Псалм 119:142, каде рекол:

Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово (Torah) е вистината.

Предходно споменав дека хебрејскиот збор за “осветен” е “kadash.” Во речникот на Strong’s го носи бројот (6942), и значи “да се исчисти”, “да се биде свет”.

Во Евангелието по Јован 15:3, Исус ни вели дека ќе бидеме исчистени “осветени” преку Неговото Слово (Torah), каде пишува:

Вие сте веќе чисти, заради Словото (Torah) кое ви го зборував.

Исус Христос ќе се ожени со Невеста која не само е духовно зрела и без дамка, туку која е и осветена преку Божјата Вистина (Torah).

Во Римјаните 3:20, 28 пишува дека и без делата на Законот ќе бидеме спасени:

(20)Зошто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него, зашто преку Законот доаѓа познавањето на гревот……(28) И така, ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.

И поради Библиската вистина која вели дека сме спасени по благодат преку верата, без делата на Законот, Христијаните отишле во друга крајност и комплетно ја исфрлиле улогата на Божјиот Закон од нивните животи.

Но апостол Павле во Римјаните 3:20, 28 јасно кажува дека ОТКАКО сме спасени, не треба да го одбегнеме (укинеме) Законот заради верата, туку напротив, треба да го спроведуваме Законот преку кој духовно ќе созрееме.

Во Римјани 3:31 е напишано:

Според тоа, дали го укинавме Законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме Законот.

 

ЗОШТО ХРИСТИЈАНИТЕ ТРЕБА ДА ГО ДРЖАТ ЗАКОНОТ?

 

Зошти христијаните треба да го држат Законот Божји (Torah) и откако ќе бидат спасени?

Постојат неколку причини:

  1. Во Псалм 119:1, вели: „Блажени се оние чиј пат е непорочен, (“tamim” = духовно зрел) кои одат според Господовиот Закон.“

Да се биде „непорочен“ е свештенички збор кој значи “осветено и чисто ” пред Бога.

Невестата Христова е свештеник пред Бога. (1 Петрово 2:5,9).

2. Бидејќи Законот (Torah) е Вистина (Псалм 119:142, Малахија 2:1, 2-7). Исус Христос се молел за нас да бидеме “осветени преку вистината”. (Јован 17:17)

  1. Невестата Христова ќе биде “осветена и очистена” преку водното капење во Словото (Torah) и ќе биде “духовно зрела” и “без недостаток”. (Ефешјани 5:26-27)

 

Божји благослови!

Анета Станковска

Користен е превод на Библија, Д-р Душан Константинов