Текстови

ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ НЕ СЕ УКИНАТИ

Декалогот е поделен на два главни дела и покрива пет подрачја. Првиот дел се состои од четири заповеди кои го регулираат односот помеѓу човекот и Бога. А вториот дел кој се состои од шест заповеди ги регулира односите помеѓу луѓето. А додека тие два главни дела се поделени на 5 подрачја. Тиа подрачја ни зборуваат за Бога, за светоста, семејството, човештвото и ближните на човекот. Прво подрачје, двете први заповеди (2.Мој.20,3-6) потврдуваат дека постои само еден Бог. И дека односот со него мора да биде посебен, единствен и правилен. тој не трпи неверство оданост на други непостоечки богови, ниту допушта некој посреднички симбол на обожавање дури и лик на Бога направен од човечка рака.

Второ подрачје, трета и четврта заповед. Покажува дека Божјето име и Саботата се свети. Божјето име мора да се почитува и обожава не може да се изговара напразно, затоа што името го заменува самиот Бог, единствениот кој заслужува поклонување. Светоста на саботата се почитува со држење и светкување на денот кој преставува светост во времето. Светкувањето на саботата уклучува и одмарање од вообичаените секојдневни активности, поклонување на правиот Створител- Бог.

Трето подрачје, петта и седма заповед. Ја потврдува светоста на семејството. Треба да ги почитуваш таткото и мајката. Бог исто така забранува неверство во сопствениот брак, и расипување на туѓиот брак.

Четврто подрачје, шестата и осмата заповед. Човекот е неповредлив. Никој нема право на другиот да му го одземе животот ио власништвото. Оваа го опфаќа лажното сведочење на судот против нечиј живот заради некоја заработувачка или интерес.(3.Мој.19,13).

Петто подрачје,деветта и десетта заповед. Мораат да бидат заштитени поединците во друштвото, затоа што злите зборови и грешните желби можат да ги уништат. Бог забранува лажно сведочење (2.Мој. 20,16): кривоклетство, навреди, прикривање на вистината или дури и молчење кога некој зборува невистина за некој друг. Бог забранува да ја посакуваш куќата, брачниот другар, слугата, животните и се друго што му припаѓа на ближниот.

Во моралниот закон од само десет заповеди Бог ги покрива сите желби и дела на човековото семејство. Од ова се гледа дека вистинската религија не се базира на правила туку на односи. Таа го наоѓа своето средиште не во нас и во нашето однесување, туку во Бога и неговата вечна љубов. Исто така наместо да бидат скали преку кој напорно се качуваме со надеж дека една ден ќе се качиме доволно високо да стигнеме во небото, Десетте заповеди стануваат начела што Бог сака да бидат, свети начела одредани да ни помогнат да ги избегнеме бескрајните грешки болки и страдања. Тоа е навистина закон на слободата (Јаков 2,12).

Во Новиот завет начинот на држење на Божјиот закон станува подруг, затоа што тој завет содржи ветување. Мојот закон ќе го ставам во нивната душа и ќе го напишам во нивното срце (Еремија 31,33). Токму затоа зборува апостол Павле кога кажува: дека верниците се Христово писмо составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочи, туку врз плочите на човечките срца. (2.Кор. 3,3). Тоа е клучот за решавање на целиот проблем. Тоа е она што донесува промена, затоа што се постанува Божје дело а не наше. Кога средиште во нашиот живот ќе постане односот на љубовта со Бог преку Синот Негов Исус Христос и заедницата со Светиот Дух, тогаш Десетте заповеди веќе не се на камени плочи туку во нашето срце.

Доброто однесување – послушноста, која доаѓа единствено од знаењето на онаа што е право, во најдобар случај ќе биде само делимична и површна. Меѓутоа, ако срцето се обнови под влијанието на Светиод Дух ќе биде во можност да понуди послушност како вистински и несебичен израз на љубовта и благодарноста на Бога.

Ви се упатува овој позив:влезете без двоумење во заветот на мирот, и односот на љубовта со Бога. Сите кои ќе се одзват Бог им дава ветување. Се надевам дека внимателно ќе го разгледате и прифатите:Ќе ве попрскам со чиста вода, за да се очистите. ќе ве очистам од сите ваши нечистотии и од сите ваши идоли, ќе ви дадам ново срце, и ќе вдахнам нов дух во вас! Ќе го извдам каменото срце од вашето тело, и че ви дадам срце од месо (Езекиел 36,25-27).