Текстови

ДУХОВНО ЗРЕЛА НЕВЕСТА

Во традиционалното христијанско учење се вели дека секој оној кој ќе го прифати Исус Христос за свој Господ и Спасител ќе биде дел од Христовата Невеста.

Од една страна е точно дека сите кои ќе го прифатат Исус за свој личен Бог и Спасител ќе бидат спасени и ќе живеат на небото. Но, од друга страна тоа не значи дека и ќе бидат дел од Христовата Невеста. И самата Библија прави разлика помеѓу христијаните кои се бебиња во Христа, односно телесни христијани, и верници кои се духовно зрели и имаат лична интимна врска со Бога.

Исус кажал дека најголемата заповед е да Го љубиме Бога се сето срце, ум, душа и сила.

Во Матеј 22:36-38 е напишано:

Учителе, која е големата заповед во Законот (Тората)? А Тој му рече: Љуби го Господа својот Бог со сето свое срце, и со се та своја душа и со сета своја мисла! Тоа е најголемата и прва заповед..

 

РАСТЕЊЕ ВО ЉУБОВ КОН БОГА

 

Зошто е најголема заповед да се љуби Бога со сето срце, душа и разум?

Како изгледа тоа да Го љубиме Бога се сето срце, разум и сила?

Кога сте заљубени во некоја личност, вашиот ум станува преокупиран со мисли за него/неа. И мислите на него/неа од утро до вечер. И нема поголема радост од тоа целото свое време да го минувате со таа личност. Тоа е чувство на љубов. Како што поминувате време заедно, се подобро се запознавате, а вашата љубов расте повеќе се до фазата во која решавате да стапите во брак. И после склучувањето на бракот вие и понатаму растете во љубовта и меѓусебното разбирање. Во бракот, заеднички ги поминувате моментите на радост и тага. И толку добро се запознавате еден со друг, што веќе во секоја ситуација однапред знаете како вашиот партнер ќе реагира на одредено прашање или ситуација.

На овој начин се зрее во врската – бракот. Личната врска помеѓу двајца партнери е процес на растење во љубовта и развивање на подлабока интимност и близина.

На ист начин нашата врска со Бога треба да се развива и да расте слично на моделот даден преку врската-брак меѓу мажот и жената.

Во почетокот од спасението, многу христијани ја искусуваат ваквата љубов кон Бога (фазата на првата љубов). Тие се наоѓаат во фаза на заветување со Бога, и постојано размилсуваат за Божјата светост, Неговата милост и начинот на кој Тој го довел нашиот живот до спасение.

Откако ќе искусиме спасение, нашата врска со Бога минува низ тестовите на искушенија и невољи, во кои можеме да ги видиме Божјите благослови во нашите животи.

И во времето на невољи, нашата љубов кон Бога расте и се продлабочува.

Доколку поминуваме доволно време со Бога во молитва, во проучување на Словото и исполнување на Неговата волја, ќе успееме се подобро да го разбереме Божјото срце и Неговите патишта.

На тој начин Бог се повеќе ќе ни ја отркива Својата Личност, а нашата лична врска со Него ќе се зајакнува се до идеалниот модел на врска помеѓу мажот и жената.

Ова е пример за животот на “духовно зрел” христијанин.

Ова е примерот за Невестата Христова.

Невестата е пример за “најголемите” во Царството Небесно (Матеј 5:19).

Но, како што во реалниот секојдневен живот се случува мажот и жената да ја изгубат првата љубов после склучувањето на бракот, и стануваат неспособни да ги издржат искушенијата и невољите во животот поради недоволно поминатото квалитетно време заедно – кое е неопходен услов за јакнење и развивање на врската, нивната љубов почнува да бледнее и честопати завршува со развод.

Во духовниот живот се случува потполно истото во животите на оние христијани кои ОТКАКО се спасени, не посветуваат доволно време на нивната лична врска со Бога.

И така, немајќи вера во Бога не успеваат да истраат во времето на невољи и искушенија. Стануваат огорчени према Бога и Го обвинуваат за сите нивни несереќи за да потоа се вратат на поранешните световни животи.

Многу други христијани живеат со една нога во светот, а со другата во црква.

Ова е пример за духовно незрели-телесни христијани. Телесните христијани, или бебиња во верата е пример за оние кои ќе бидат последни во Царството небесно. (Матеј 5:19).

Бог посакува нашата лична врска со Него да расте и да се развива на истиот начин како и идеалната врска меѓу мажот и жената, која започнува со искрена љубов, се развива во подлабока и поинтимна врска, потоа се крунисува со брак, и понатаму ПРОДОЛЖУВА да зрее и да носи добри плодови.

Оваа слика е наречена Христова Невеста.

Тоа е карактеристиката на духовно зрелата Невеста-Црквата.

СВЕТА И ЧИСТА НЕВЕСТА

 

Хебрејскиот назив за брак е “kiddushin”. Во речникот на Strong’s Concordance го носи бројот (6944).Овој збор доаѓа од зборот “kodesh” што значи “Свет”.

Хебрејскиот збор за “Осветен” е “kadash”., и во Strong’s го носи бројот (6942).

Хебрејскиот јазик е чист Божји јазик. (книга на пророкот Софонија 3:9).

Хебрејските зборови “kiddushin”за брак, “kadash” за осветен, и “kodesh” за свет, го содржат истиот корен на трите хебрејски букви “к” kaf, “д” dalet, и “ш” shin. На овој начин Бог комуницира со нас со чист јазик Хебрејски јазик (Софонија 3:9) на начин на кој ни станува јасно дека бракот претставува поврзување помеѓу осветеност и светост. Бог отсекогаш посакувал да има за Себе свет народ.

Хебрејскиот збор за свет е “kodesh” со број (6944) во речникот на Strong’s, и означува “да се биде посветен”.

Религиозните христијани мислат дека значењето на зборот „свет„ значи да се биде „без грев„.

Но библиски да се биде свет значи да се расте во духовната зрелост, интимна духовна врска со Бога и “да се биде посветен” на Него и службата за Него.

Ова значи дека е потребно духовно да се одвоиме од влијанијата и световните искушенија кои ја контролираат грешната човекова природа.

Светиот народ со кој Бог ќе влезе во брак е Христовата Невеста. Како што Бог е свет (Левити11:44) посакува оние кои веруваат во него да бидат свети.

Во 1 Петрово 1:15-16 е напишано:

туку според Светецот, Кој ве повика, бидете и самите свети во целото свое држење, зашто е напишано: „Бидете свети зошто и Јас Сум свет„..

Исус се враќа на земјата при Неговото второ доаѓање за да се ожени со светата Невеста која е без дамка.

Ова е опишано во Ефешјани 5:26-27 каде е напишано:

За да ја освети, очистувајќи ја со воднокапење во Словото, и да ја претстави пред Себе славната Црква, која нема дамка, ниту брчка, или нешто слично, за да биде света и непорочна.

 

Како што Хебрејските зборови за осветен (“kadash”), свет (“kodesh”), и брак (“kiddushin”) се поврзани меѓусебе во нивното Хебрејско значење, можеме да видиме и во Ефешјаните 5:26-27 дека Исус при Неговото второ доаѓање дека ќе се врати по својата осветена, света и без дамка Невеста, која ќе расте во љубовта и заедништвото со Бога и ќе има интимна лична врска со Творецот.

Таа ќе биде духовно зрела Невеста.

РАСТЕЊЕ ВО ДУХОВНАТА ЗРЕЛОСТ

Бог отсекогаш посакувал Неговите деца да растат духовно. Духовното растење е поврзано со продлабочувањето на знаењето и разбирањето за Бога, Неговото Слово и Неговата Волја.

Бог отсекогаш посакувал Неговите деца да ги запознаат Неговите патишта (како Мојсеј), а не само Неговите дела (како Израел) – (Псалм 103:7).

Како Божји деца ние сме повикани да растеме духовно преку запознавање на Божјото Слово и Божјите патишта.

Во 1 Петрово 2:2 е напишано:

Како новородени деца, копнејте по чисто духовно млеко на словото, за да пораснете преку него за спасение.

Во 2 Петрово 3:18, Петар ги поттикнува верниците да растат во благодатта и мудроста Божја, како што е напишано:

Туку растете во благодатта и во познавањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос ….

Во Марко 4:30-32, Исус ја кажал параболата дека Божјото Царство е како синапово зрно кое потоа расте во огромно дрво:

И велеше: Со што да се спореди Божјото царство? Со каква парабола да го претставиме? Тоа е како синаповото зрно, што кога се сее во земјата, е помало од сите семиња на земјата, но кога е посеано, израснува и станува поголемо од сите зеленчуци и пушта големи гранки, така што небесните птици можат да се гнездат под неговата сенка.

Кога христијаните го примаат спасението, тие се повикани од Бога да се хранат со млеко (елементарното учење за Божјото Слово) за да пораснат во мудрост и разбирање на Бога и Небесното Царство. Но, секако дека Божја волја не е да останат духовни бебиња. Библијата не учи дека е важно да ги оставиме елементраните учења за Бога, и да продолжиме да растеме во духовна зрелост.

Оваа вистина е наведена во Евреи 6:1, каде пишува:

Затоа да ја оставиме почетната наука за Христа и да се обрнеме кон полна зрелост (5047) … 

 

Грчкиот збор за “совршено” е “teliotace.” Го носи бројот(5047) во речникот Strong’s.

Коренот на зборот “teliotace” доаѓа од Грчкиот збор “telios,” што значи “комплетност, израснатост, возрасност, зрелост”

Грчкиот збор “telios” во речникот Strong’s го носи бројот (5046).

Зборот “совршеност” преведен на грчки јазик се преведува во зборот “teliotace” или “telios” што значат “комплетност или целосна зрелост”.

После спасението, најголемата желба на секој христијанин е да расте во знаењето и разбирањето на Бога, преку градење на длабока и интимна врска со Бога и продлабочување во знаењето и разбирањето на Божјото Слово и Божјите патишта.

Оваа порака е напишана во Еремија 9:23-24, каде пишува:

Господ зборува вака: Мудрите нека не се фалат со мудроста, ни јунакот нека не се фали со смелоста, ни богатиот нека не се фали со богатството. Акој сака да се фали, нека се фали со тоа што има мудрост за да ме сознае Мене. Зошто Јас Сум Господ Кој ги твори милооста, судит и правдата на земјата, зашто тоа Ми е мило, зборува Господ.

КАКО ДА РАСТЕМЕ ВО ДУХОВНА ЗРЕЛОСТ?

Во Исаија 28:9-10 ние е објаснето како да растеме духовно. Исто како што врската помеѓу мажот и жената се развива и расте со текот на времето, на ист начин и ние со текот на времето растеме во знаењето и разбирањето на Господ.

Ова е опишано во Исаија 28:9-10, каде е напишано:

Кого учи Тој на мудрост, кого упатува Тој во учење? Зар децата одвикнати од млеко, одбиени од градите? Заповед на заповед, заповед на заповед, правило на правило, правило на правило, малку тука, малку таму.

 

На ваков начин Бог ни дава инструкции како да растеме во знаењето и рабирањето на Неговата Личност, Неговите патишта и Неговото Слово.,,значи вели: “заповед на заповед, правило на правило”.

Во Римјани 1:17 ни дава инструкција дека треба да растеме “од вера во вера” и вели:

Зошто во Него се открива Божјата правда, од вера во вера како што е напишано: Праведникот ќе живее од верата..

На ваков начин ако растеме во знаењето и разбирањето за Бога преку заповед на заповед, правило на правило и тогаш ќе посакаме да го запознаеме Бога на подлабок и поинтимен начин и од вера во верание ќе доживееме преобразба на нашиот карактер согласно Божјиот Лик менувајќи се “од слава во слава”, како што е опишано во 2 Коринтјани 3:18, каде вели:

А ние сите со откриено лице , ја одразуваме Господовата слава и се преобразуваме во ист лик, од слава во слава, како што го прави тоа Господовиот Дух.. 

Исус ќе се врати по Својата Невеста која ќе биде осветена, света и без дамка – подготвена само за Него. (Ефешјани 5:26-27)

ХЕБРЕЈСКИ И ГРЧКИ ЗБОРОВИ

КОИ ЗБОРУВААТ ЗА ДУХОВНАТА ЗРЕЛОСТ

Досега видовме како Бог посакува Неговиот народ да расте во знаењето и разбирањето на Божјиот карактер и патишта, преку развивање на подлабок и поинтимен личен однос со Него.

Духовната зрелост на грчки јазик е изразена со зборот “telios”, кој во речникот на Strong’s го носи бројот (5046), и во Новиот Завет е преведен како  “полна возраст, совршен човек и совршен”

Речникот за Грчки превод на зборови (Strong’s) зборот “telios” го преведува со значење на “комплетност, полна зрелост, возрасност, полна возраст, созреан”. На овој начин зборот “telios” во Новиот Завет е употребен со цел да ја опише состојбата на духовна зрелост на Божјата Невеста.

Во Грчкиот речник Thayer’s, се објаснува дека грчкиот збор “telios” употребен во грчкиот превод на Библијата-Септоагинта, коренспондира со Хебрејскиот збор “tamim” употребен во Стариот Завет напишан на Хебрејски јазик кој подоцна бил преведен на Грчки јазик.

Зборот “tamim” во Хебрејскиот речник го носи бројот (8549) и значи “без мана, совршен, чесен, без дамка, цел, искрен и комплетен.”

Хебрејскиот збор “tamim,” е збор кој се користи во Стариот Завет кога се има за цел да се изкаже концептот на ” духовна зрелост”.

Да направиме споредба помеѓу Хебрејскиот збор “tamim” употребуван во Стариот Завет, и грчкиот збор “telios” од Новиот Завет, со цел подобро да го разбереме Библискиот концепт на духовна зрелост кој Бог го бара од Неговата Невеста.

ДУХОВНИ БЕБИЊА versus ДУХОВНА ЗРЕЛОСТ

Во Евреи 5:12-14, пишува дека треба да растеме во знаењето за Божјото Слово, и така да пораснеме од духовни бебиња во духовно зрели верници.

“Духовната зрелост” е опишаната користејќи го грчкиот збор “telios” кој е преведен како “полна возраст.”

Во Евреи 5:12-14 е напишано:

Имено, според времето, требаше да бидете учители, меѓутоа вам ви е пак потребно да ве учи некој на основните начела на Божјите пророчки зборови, и станавте такви што ви е потребно млеко, а не тврда храна. Зашто секој кој се храни со млеко, неискусен е во Словото на правдата, зашто е младенец. А тврдата храна е за полнолетните (telios), кои преку навика ги извежбале сетилата да разликуваат добро и зло. 

Во овие стихови направена е разлика помеѓу верниците бебиња кои можат да конзумираат само млеко и зрели верници кои можат да јадат и тврда храна (месо) од Божјото Слово.

Грчкиот збор за бебе е “naypios” чиј број во Речникот е (3516) и значи “новороденче, мало дете, детињасто, необразовано, ненаучено, необучено.”

Како паралела на Грчкиот “naypios”, Хебрејскиот збор “p’tee” во Стариот Завет е преведен како “едноставно”.

На овој начин Библијата прави јасна разлика помеѓу оние верници кои се едноставни и детињасти во нивната вера (незрели или телесни Христијани), и оние кои се зрели во полнота, комплетни и созреани во нивната вера (духовно зрела Христова Невеста).

Библискиот принцип за растење и развивање од духовно бебе во во духовно зрел христијанин е објаснето во Ефешјани 4:11-15 каде пишува:

И Тој даде едни за апостоли, а други за пророци, едни за евангелисти, а други за  пастири и учители, за да се усовршат светите за делото на службата, за изградување на Христовото Тело, додека сите не дојдеме до единството на верата и на познавањето на Божјиот Син, до совршениот човек (“telios” – духовна зрелост) , до полната мерка на Христовиот раст, за да не бидеме веќе деца (“naypios” – духовни бебиња и незрели Христијани) , кои ги лулее и ги носи ветарот на науката, што со човечка измама и лукавство, доведува до итро измислени заблуди. Туку, говорејќи ја вистината, во љубов, ние треба да растеме во се – кон Него, Кој е Глава, Христос.

Во овие стиховите во Ефешјаните 4:11-15, се потврдува дека Бог сака Христијаните да растат во знаењето за Бога и да се развијат во духовно зрели “telios” верници, а не да не останат духовни бебиња (“naypios”).

Во 1 Коринтјани 3:1-4, Бог ги објаснува разликите во карактеристиките помеѓу телесните и духовните бебиња-верници.

Телесните верници-Христијани се оние кои се водат според страстите на телото.

И јас браќа, не можев да ви зборувам како на духовни (на духовно ниво на созреаност), но како на телесни, како на младенци во Христа. (“naypios – духовни бебиња).Со млеко ве напоив (карактеристика за духовно бебе=незрел христијанин = Евреите 5:12-14), не со тврда храна, зошто уште не можевте да ја поднесувате. А ни сега не можете, зашто сте телесни и не живеет ли како обичните луѓе , штом меѓу вас има завист, спорови и поделба? Не сте ли телесни, имено, кога еден зборува: Јас сум Павлов, а друг: Јас сум Аполосов? 

Телесните христијани завидуваат, се расправаат и прават несогласувања и поделби, а згора на се и тврдат дека го следат Христос.

Но, Бог за Себе посакува духовно зрела Невеста која како награда ќе биде наречена најголема во Царството Небесно, додека духовно незрелите Христијани ќе бидат наречени последни во Царството Небесно (Матеј 5:19).

 

Божји благослови!

Анета Станковска