Текстови

ДВЕ ФАЗИ НА БИБЛИСКИОТ БРАК

Постојат две фази во Библискиот брак.

Првата фаза е свршувачка. На хебрејски јазик е наречена erusin“. Свршувачката претставува легално склучување на бракот, но брачните партнери сеуште физички не се интимни.

Втората фаза од бракот е фазата на конзумирање на бракот. На Хебрејски јазик е наречена nesuin“, и претставува фаза во која брачните другари физички се интимни и го конзумираат бракот.

Библиската свадба се одвива под стреата на хебрејски јазик наречена chuppah“. Небото ја претставува “chuppah” каде библискиот брак ќе биде конзумиран.

Библијата ни кажува дека Бог ќе ги сврши за Себе децата на Израел на планината Синај.

Во Еремија 2:2-3 е напишано:

Отиди и викај му на Ерусалим: Господ зборува вака: Си спомнувам за твојата младост приврзена, за твојата вереничка љубов (erusin); ти додје со Мене во пустината, по земјата каде не се сее. Израел Му беше светина на Господа, првина на Неговите плодови; секој што јадеше од нив, беше казнет, зло го најде, говори Господ. 

И покрај тоа што за време на свршувачката не постои интимност помеѓу партнерите, таа претставува легална врска која неможе да се раскине никако поинаку освен со развод.

Кога Марија зачнала од Светиот Дух, таа била легално свршена за Јосиф. Иако тие не живееле заедно и немале интимна врска, тие биле во легален брак. Токму затоа, кога Јосиф дознал дека Марија е бремена, помислил “тајно да ја отпушти”, односно да се разведе од неа. Понатаму, ангел Господов му се јавува на Јосиф на сон и му вели да не ја отпушта Марија, бидејќи зачнатото во неа е од Светиот Дух.

Ова е раскажано во Матеј 1:18-20, каде е напишано:

А раѓањето на Исуса Христа стана вака: кога неговата мајка Марија беше свршена (erusin) за Јосифа, пред да се состанат (пред да бидат интимни), се најде забременета од Светиот Дух. А нејзиниот маж Јосиф, бидејќи беше праведен и несакаше јавно да ја засрами, намисли да ја остави тајно. Но штом го намисли тоа, ете, Господов ангел му се јави на сон и му рече: Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух .

Кога ќе го прифатиме Исус за наш личен Господ и Спасител, преку покајание од гревовите и прочистување преку Неговата крв на крстот како откуп за нашите гревови, ние сме спасени и ќе одиме на небото.

Во духовна смисла кога го примаме спасението, ние всушност се свршуваме (легално стапуваме во брак, но сеуште не го конзумираме бракот во физичка смисла) со Бога.

Но Бог посакува да влезе во втората фаза од бракот со оние кои веруваат во Него.

Втората фаза се состои во конзумирање на бракот.

После втората фаза, Бог физички ќе престојува помеѓу Своите верници. Исполнувањето на ова е опишано во Откровение 21:1-3, каде можеме да видиме дека новиот (небесен) Ерусалим е спореден со Невеста. Кога ова ќе се случи, Бог ќе престојува кај Својата Невеста.

Во Откровение 21:1-3 е напишано:

И видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа и море немаше веќе. Тогаш јас, Јован, го видов Светиот Град-Новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста, која е украсена за својот маж. И чув силен глас од небото, велејќи: Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив.. 

Оттука, можеме да извлечеме два заклучоци:

Прво, нашата лична врска со Бога треба постојано да расте и да се продлабочува од фазата на првата љубов кон Бога кога сме спасени, па се до втората фаза – во подлабоко духовно созревање и интимност со Него.

Второ, постојат две фази на Библискиот брак.

Кога го примаме спасението преку вера во Исус, се наоѓаме во првата фаза од бракот-наречена –свршувачка. Но Божјата желба е да влеземе во втората фаза, во која Тој ќе живее и ќе престојува кај Својата Невеста.

Значи, крајната цел на секој христијанин не треба да биде само спасението. Кога сте спасени вие сте духовно свршени со Бога. Но целта на секој христијанин покрај спасението треба да биде и развивање на длабока духовна интимност со Бога. Ова е исполнување на Божјото барање да влеземе во втората фаза од бракот и да станеме Невеста Христова.

 

Божји благослови!

Анета Станковска

Користен е превод на Библија,  Д-р Душан Константинов