Текстови

КОЕ Е ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЖЈИОТ ЗАКОН – ТОРАТА?

Многу христијани веруваат дека Тората се однесува само на првите пет Мојсееви книги од Библијата. Но Тората се однесува на целата Библија, и тоа од првата Мојсеева книга (Битие), па се до последната книга во Новиот Завет – книгата на Откровение на Јован. Хебрејскиот збор “Torah” со број (8451) во Хебрејскиот речник Strong’s преведен како “Закон” НЕ ЗНАЧИ “дозволено и недозволено”. Хебрејскиот збор Torah со број (8451) во речникот Strong’s доаѓа од коренот на хебрејскиот збор yarah и значи “да поучуваш, да покажуваш со прст.”

Оттука гледаме дека Тората НИКОГАШ не била наменета за спасение, туку за давање на ИНСТРУКЦИИ после спасението, за да научиме како да живееме животи кои ќе ја исполнуваат Божјата волја.

Значи, значењето на Тората од Библиската перспектива претставува инструкции дадени од Бога на Неговите деца, за да можат тие после спасението да продолжат да живеат, растејќи од фазата на духовни бебиња во фаза на духовната зрелост.

Поради оваа вистина, Давид во стихот од Псалм 119:1 напишал дека само оние кои се “непорочни” (духовно зрели = без дамка) го исполнуваат Божјиот Закон – Тората.

БОЖЈОТО СЛОВО Е ТОРАТА

За Еврејскиот народ зборот “Toра” и “Божјо Слово” се зборови кои се меѓусебно зависни и слични.

Псалм 119 е напишан од Давид во кој тој Го слави Бога заради Неговата Тора.

Во Псалм 119, Давид во стиховите наизменично ги користи зборовите “Тора” и “Слово”.

Меѓусебната зависност на двата збора “Тора” и “Слово” се гледа во значењето на Библиската вистина дека Бог ја дал Тората за да ги чисти животите на луѓето ПОСЛЕ спасението.

Тоа може да се види во Псалм 119:9-11, 17-18, каде вели:

(90-11) Како ќе го запази младиот човек чист својот пат? Чувајќи ги Твоите зборови (Тора). Те барам Тебе со целото свое срце, не сотавај да скршнам настрана од Твоите Заповеди. Во срцето го запазив Твојот Збор (Тора), за да не згрешам против Тебе.“…………(17-18) Биди милостив кон мене, кон Твојот слуга, за да живеам и да ги чувам Твоите зборови. Отвори ги моите очи, за да ги гледам убавините на Твојот Закон (Тора) ! 

Можеме да заклучиме дека Тората е дадена од Бога за “чистење и осветување” на Божјиот народ (Псалм 119:9-11,17-19, Јован 15:3, Јован 17:7) но истотака Божјата Тора е “Вистина” (Псалм119:142, Малахија 2:1, 6-7). Со живеење во согласност со Тората, Божјиот народ станува “чист” (Псалм 119:1), односно “tamim = без дамка”.

Сега можеме да разбере што значи стихот во Ефешјани 5:26-27 кога вели дека Невестата Христова ќе биде “света и без дамка. “

БОЖЈАТА НЕВЕСТА Е ЧИСТА (БЕЗ ДАМКА)

Во Псалм 119:1 кажува дека оние кои се непорочни (“tamim = духовно зрели”) ја држат Божјата Тора.

Гледано од духовна перспектива, Соломоновата песна “Песна над песните” е поезија за љубовта помеѓу Бог и Неговата Невеста.

Во Песната над песните 5:2 и 6:9, Соломон зборува дека Невестата е совршена, “чиста – без дамка”

Ова е истата Библиска вистина за која се зборува во Псалм 119:1 и во Песната над песните 5:2 и 6:9, каде е напишано:

(5:2)Отвори м,и сестро моја, возљубена моја, гулабице моја, совршена моја.(6:9 )Но само една е мојата гулабица, мојата совршена….

Во овие стихови за зборот “совршена – без дамка” е употребен Хебрејскиот збор “tam” со број (8535) во речникот на Strong’s.

Двата Хебрејски зборови “tam” (8535) и “tamim” (8549) го имаат истот корен на зборот “tamam” (8552) кој значи “комплетен, цел. “

Уште еднаш преку Библијата се потврдува дека Невестата Христова ќе биде “совршена – духовно зрела” и подготвена за Бога, “без дамка и недостаток”.

УЛОГАТА НА ТОРАТА ВО ДУХОВНАТА ЗРЕЛОСТ

Во Псалм 19:7, Бог зборува дека преку инспирацијата на Светиот Дух (2 Тимотеј 3:16-17), дека Тората е совршена (“tamim = духовно комплетна, зрела”) и дава мудрост (духовна зрелост) како што е и напишано:

Целото Писмо (Закон – Torah) е од Бога вдаховено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата (во духовна зрелост), за да биде Бочјиот човек соврпшено (духовно зрел=“tamim”) подготвен за секое добро дело.

За многу христијани ова е шокантна вест!

Бог Својот Закон-Тора го нарекува “tamim” – духовно комплетен/совршен/зрел” !!!

Некои христијани погрешно го толкуваат стихот од Псалм 19:7 и велат дека Тората ја “менува душата” со смисла дека спасението го доведува до човекот.

Од една страна Законот-Тората го дефинира гревот (1 Јован 3:4, “Гревот е непочитување на Законот (Тората)”) и дава знаење за гревот (Римјани 3:20) со што ни овозможува да ја разбереме нашата потреба за Исус како наш Спасител.

Во Псалм 19:7 всушност ја гледаме улогата на Тората дека не е алатка за “менување на душата” на начин што на душата и го дава спасението, туку обратно, “ја менува душата” на едноставен начин на кој на духовно незрелиот христијанин кој Го прифатил Исус за свој личен Бог и Спасител, го води кон духовна зрелост (да биде дел од духовно зрелата Невеста Христова).

Значи Законот Божји-Тората (Torahyarah– инструкции (да учиш некого, да покажуваш со прстот)) се инструкции дадени од Бога преку кои Бог не води кон духовна зрелост.

 

И уште еднаш, вистината за Тората е дека таа е совршена (“tamim“) и е водич преку кој “едноставниот/бебе/христијанин” стекнува “духовна зрелост/Невеста без дамка”.

БОГ Е НАШ ТАТКО, А НИЕ СМЕ НЕГОВИ СИНОВИ

Библијата Бог Го нарекува “Татко” (Матеј 6:9, Галатјани 4:6).

Кога Го примаме Исус во нашите животи како наш Господ и Спасител, ние примаме спасение и живот на небото-вечен живот, и се нарекуваме “деца на Небесното Царство”.

Алатката што Бог ја користи за да ги доведе Неговите духовни деца до знаење и разбирање за Него е Неговото Слово –односно, Законот-Тората.

Бог, Таткото, ги учи Своите деца “заповед на заповед, правило на правило” – (Исаија 28:9-10) за да можеме да растеме од духовна незрелост кон духовна зрелост. На овој начин ние стекнуваме духовна квалификација да бидеме Невеста Христова, а оваа улога е најголемиот повик што секој христијанин го добива како верник од Исус Месијата.

БИБЛИСКИ ЛИЧНОСТИ КОИ БИЛЕ ДУХОВНО ЗРЕЛИ

Библискиот принцип на “одење со Бога” – “tamim” (духовна зрелост), е важна тема во Библијата.

Бог опишува различни личности во Библијата кои биле духовно зрели.

Тие се:

  1. „Ное бил праведен и непорочен (tamim) човек во свое време. Ное „одеше со Бога(tamim-духовна зрелост). (Битие 6:9) ;
  1. Бог побарал од Аврам да чекори пред Него во непорочност “tamim-духовна зрелост” (Битие 17:1…„оди по Мојот пат и биди непорочен (tamim-духовно зрел));
  1. Давид бил исправен (8549) пред Бога (2 Самоил 22:24….„Нему му бев верен до сржта, се чувам од секој грев = “(tamim-духовно зрел);
  1. Бог барал свештениците кои требало да излегуваат и да служат пред Него, да бидат без недостаток / без мана. (Левити 21:17-23);

Знаме дека Ное, Аврам и Давид направиле гревови пред Бога.

Ное веднаш после спасувањето од потопот се опијанил (Битие 9:20-21), Аврам се борел со Божјото ветување за потомство и во грев го родил Исмаил (Битие 16:1-11), и Давид извршил прељуба во Витсаеда (2 Самоил 11:2-5).

И покрај нивните големи гревови, сепак Бог сите нив ги употербувал на многу моќни начини и велел дека се по Негова волја, односно сеуште ги сметал за духовно зрели верници (“tamim”).

Значи, можеме да заклучиме дека да се биде совршен, или духовно зрел, или без мана/без дамка, НЕ ЗНАЧИ дека нема никогаш да грешиме, туку едноставно значи дека сме духовно созреани христијани и дека го љубиме Бога со сето наше срце, душа, мисли и сила (Матеј 22:36-38) и дека бараме да ја следиме и исполнуваме Божјата волја и Неговите патишта да станат наш стил на живеење.

И кога како овие големи Библиски личности, грешиме и паѓаме, Бог ни ветува дека ќе ни прости и ќе не обнови за да можеме да продолжиме да растеме во неговата Мудрост и знаење.

ДАРОВИТЕ НА ЛЕВИТИТЕ (Свештенството)

ТРЕБАЛО ДА БИДАТ БЕЗ НЕДОСТАТОК 

Бог барал од Левитите, даровите кои Му ги принесуваат да бидат “без недостаток. “

Во тие дарови е вклучено следното:

  1. Црвената јуница требала да биде без дамка (8549) и недостаток (Броеви 19:2);
  1. Палениците требале да бидат без недостаток. (Левити 1:3,1:10, 9:3, Броеви 28:11). Палениците се духовна слика за целосното предавање на нашите животи на Бога како жива жртва пред Него. (Римјани 12:1-2).
  1. Доброволните дарови требале да бидат паленици без недостаток. (Левити 22:18-20). 
  2. Даровите на првите плодови требало да бидат паленици без недостаток. (Левити 23:12).
  1. Даровите за мир да бидат без недостаток. (Левити 3:6).
  1. Палениците за грев требало да бидат без недостаток. (Левити 4:3, 23, 28, 32, 9:2); 
  1. Даровите за престап да бидат без недостаток. (Левити 5:15,18, 6:6); 
  1. Лебните (и месни) приноси да бидат без недостаток. (Левити 14:10, Броеви 28:31).

КОИ СЕ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ДУХОВНАТА ЗРЕЛОСТ

На кој начин верникот „оди со Бога“ и кои се карактеристиките на духовната зрелост?

  1. Тоа е став на срецто да се сака Бога со сето срце, мисли, душа и сила. (Второзаконие 6:4-9; Псалм 119: 1-3,10; Марко 12:28-30).
  1. Се прочистуваме преку држење (исполнување) на Божјото Слово (Тората) и држење (исполнување) на Неговите заповеди. (Јован 15:3; Јован 14:15; Јован 17:17; Псалм 119:9-11,  Псалм 119:142). 
  1. Бог не учи на Неговите патишта и ние се предаваме целосно во следење на Неговите патишта и волја. (Псалм 119:11-12).
  1. Преку целосно предавање на нашите животи на Бога, Светиот Дух делува во нашите животи, не учи, оспособува и насочува на Божјите патишта за да растеме во духовна зрелост.
  1. Надминувањето на страстите на телото и предавањето на Светиот Дух да стане став на нашите срца. На овој начин, Светиот Дух ќе ни ја даде потребната сила да ја надминеме и победиме нашата грешна природа. Некои недостатоци побрзо ги надминуваме, а за некои ни е потребно повеќе време. Ова е процесот на умирање за себе и нашата грешна природа и предавање на Бога и Неговиот Свет Дух.
  1. Ставот на нашите срца да биде желбата да се исполнува Божјата волја во сите свери на нашите животи, и исто како и Аврам да имаме силна вера во Бога. (Евреи 11:8-10,13-16).
  1. Желбите на нашите срца да не бидат сконцентрирани кон светот. (Псалм 119:19). 

БОЖЈИ ВЕТУВАЊА ЗА ДУХОВНО ЗРЕЛИТЕ ХРИСТИЈАНИ

Бог дава многу ветувања за оние кои ќе се ревнуваат за живеење на живот во духовна зрелост во Бога.

Меѓу нив се следните:

  1. Ќе му служиме на Бога во совршенство (8549) и вистина (Исус Навин 24:14). 
  2. Оној кој ќе чекори по совршени (8549) патишта, ќе Ми служи. (Псалм 101:6)
  3. Деновите и наследството на чесните (8549) ќе биде вечно (Псалм 37:18). 
  4. Чесните (8549) се Божја милина (Пословици 11:20, Псалм 18:2, 23) и ќе бидат заштитени од злото.
  5. Мудрост е да се чекори по совршени (8549) патишта. (Псалм 101:2). 
  6. Божјата волја нема да им го ускрати доброто на оние кои чекорат право. (Псалм 84:11).
  7. Бог сака нашите срца да бидат навиени според Неговите одредби. (Псалм 119:80).
  8. Верните во земјата кои чекорат совршено (8549) ќе живеат со Бога. (Псалм 101:6, Откровение 21:1-3)
  9. Чесните ќе престојуваат во земјата, а совршените ќе останат вечно. (Псалм 1:1-3).
  10. Чесните ќе поседуваат добри блага. (Пословици 28:10)
  11. Чесноста на совршените ќе ги усмерува неговите чекори; а слабите ќе се сопнат на сопствената слабост. (Пословици 11:5) 
  12. Кој ќе чекори исправно ќе биде спасен, а нечесниот ќе пропадне. (Пословици 28:18)
  13. Бог ќе им ја покаже Својата чесност на чесните. (Псалм 18:25)
  14. Оној кој чекори чесно ќе се искачи на Светата Гора-Сион. (Псалм 15:1-2)
  15. Бог ветува нови небеса и нова земја за оние кои ќе останат чисти и непорочни. (2 Петрово 3:13-14)
  16. Божјиот народ ќе ја следи праведноста, побожноста, верата, љубовта, трепеливоста, кротоста, благодарноста и ќе ги држи Неговите заповеди без недостаток, се до јавувањето на нашиот Господ, Исус Христос. (1 Тимотеј 6:11,14)
  17. Божјата Невеста е без недостаток.(Песна над песните 4:7, Откровение 21:9-10, 27)

ЗАКЛУЧОК

Како што невестата е скриена под невестинскиот вел, на ист начин, оваа Библиска вистина за растење во духовна зрелост во Бога е скриена од учителите на Христијанските цркви.

Тие цркви учат дека целта на секој христијанин е да се биде “спасен” и да се придобие вечен живот на небото преку повикување на Исус во нивните срца како нивни Господ и Спасител.

НО, Библијата не учи дека Божјата волја е не е само спасение на луѓето, туку покрај нивното спасение и растење во духовна зрелост.

Оние кои ќе бидат спасени и духовно зрели (без дамка) ќе бидат дел од Христовата Невеста, бидејќи Исус ќе дојде по Невеста која ќе биде духовно зрела и без недостаток.

Ова е најважниот и најголем повик на секој човек кој верува дека Исус Христос е негов Спасител.

 

Божји благослови!

Анета Станковска

Користен е превод на Библија,  Д-р Душан Константинов