Текстови

КОПНЕЖ ЗА ВЕЧНОСТ

На почетните страници од Библијата е прикажан почетокот на човечкиот род и неговите корени.„Потоа рече Бог: Да создадеме човек според нашиот образ и подобие како што сме Ние…”(1Мој.1.26). Бидејќи сме создадени со посебна цел, што подразбира сличност и заедница со Бог, на некој начин мораме да имаме потреба од Него. Создадени сме така,да немаме целосен мир и задоволство без Него.

Антрополозите укажуваат дека од најраните денови човекот е неизлечиво религиозен. Од најстарите слики со религиозни мотиви пронајдени во пештерите на Франција и Шпанија, грижата околу начинот на погребување кај старите народи, па се до прекрасните цркви и катедрали, зборуваат дека во човекот постои нешто што другите созданиа го немаат. Самиот факт дека постои потреба за верување го оправдува верувањето. Тој има потреба од храна, вода, знаење, пријателство, љубов и природно трага по нив. Не постои природна потреба кај човекот за нешто што не постои. Исто така тој има и духовна потреба која е дел од него. Духовната потреба кај човекот може да ја прикажеме во три основни работи:копнеж за вечен живот, копнеж за вечна смисла и копнеж за вечна љубов. Смртта е немилосрден факт. Таа е најприродна појава, а сепак човекот ја гледа како нешто неприродно.Кога стоиме пред смртната постела или гробот на нашите најблиски ние протестираме. Ние сакаме уште да живееме и длабоко во нашите срца чувствуваме дека не би требало да има смрт, барајќи го денот кога ќе ја нема. Секогаш кога ги набљудуваме остатоците од старите цивилизации, затрупани од минатото, се запрашувама за која цел послужиле напорите на милиони луѓе. Тоа не наведува да се запрашаме дали за сто или двеста години, некој ќе знае што сум правел на оваа Земја или дали воопште сум живеел.

Ние сакаме да нашиот живот содржи смисла и вредност која цврсто ќе стои во времето. За љубовта ние би ја обиколиле и целата Земја. Но сепак и кога би ја пронашле и најдлабоката љубов, чувствуваме дека не е се комплетно. Уште нешто ни недостасува но не знаеме што. Како што рекол еднаш Олдос Хаксли: Во животот доаѓа време кога Човек дури и на Шекспир и Бетовен ќе му каже: Дали е тоа се?

Ние сме загрижени и тогаш кога доживуваме радосни моменти. Зошто е тоа така? Она што го бараме е вечната љубов, љубов која безусловно не прифаќа и ни посакува секогаш најдобро. Накратко ние копнееме за Бога. Тој вечно не сака и постојано се грижи за нас, а таквиот живот исполнет со љубов, каде што смртта не е последно нешто, е најголемата желба на човекот. (Ateizam ili Hrišćanstvo dr Jovan Iliev)

Низ целата Библија Бог ја покажува својата љубов и грижа спрема човекот. Секој би можел да ја увиди намерата на Бога за грешниот човек, да му ги исполни сите потреби на неговото битие.„ Оддалеку ми се јави Господ и ми рече: со вечна љубов те засакав и затоа пристапив кон тебе со милост”. (Јерем.31.3) Она што на луѓето им треба Исус им го дава„ Јас дојдов за да имаат живот вечен и да имаат изобилие”.(Јован 10.10)