Текстови

МОЖЕ ЛИ СЕПАК ДУШАТА ДА УМРЕ

За илустрација со која можеме да го објасниме поимот душа може да ни послужи обичната светлост која ја шири една сијалица. За светлоста да свети, потребни се два елемента: светлосно тело и сила. Сијалицата е телото, а силата е електрицитетот кој во нашата илустрација е преставен животодавниот Божји Дух.

Кога Божјиот Дух (во нашиот пример преставен со струјата) влезе во телото (преставено со сијалицата) резултатот е жива душа (преставена со светлоста). Кога ќе се прекине доводот на струја, светлост нема. Зошто? Затоа што се прекинува врската со изворот на силата. Како што сијалицата и струјата даваат светлост, исто така телото и духот даваат душа, т.е. човечко суштество.

Бог го направи човекот од земниот прав и во неговите носалки му дувна дух животен и човекот стана жива душа. Значи како резултат на тоа спојување на правот и на духот животен настанала живата душа. Но ако одиме по обратен редослед, кога човекот ќе умре тогаш, човекот се враќа во земјиниот прав животодавниот Божји Дух се враќа кај Бога и Живата душа веќе не постои. Значи, душата настанува само како спој на тие две компоненти а не како некој независен дел од нашето тело. Тоа е исто како да земеме на една страна шајки а на друга страна даски, и ако ги заковиме даските со шајките ќе излезе сандак, значи како резултат на тоа спојување на шајките и даските настанал сандакот. Сега одиме по обратен редослед: Ако ги извадиме шајките од даските тогаш сандакот каде е? Го нема. (Ова ќе ни биде појасно, ако наместо даски го употребиме зборот прав зески, наместо шајки, животодавен Божји Дух, и сандакот како резултат на тоа спојување – душа).

Апостол Павле зборува во 1.Солуњаните 5,23 дух, душа и тело. Павле овде зборува за три различни видови на природа на човечкото суштество а не за делови на човекот. Постои духовно – рационален вид, душевно – емотивен и телесен вид на човековата природа. Овие три елементи прават целина, и само како целина човекот е живо, разумно и свесно суштество. Раскинувањето на целината значи и престанок на човековиот живот.

Во апостолското христијанство единствена надеж во вечниот живот била воскреснување на телото, а не бесмртност на душата.

Надежта на христијаните е воскресение во тело а не од тело.

Ако душата после смртта оди на небото или во пеколот, тогаш сигурно оние кој воскреснале (Лазар, Јаировата ќерка, Тавита, Евтих, сунамскиот син синот на вдовицата од Наин) ќе раскажуваат за славата на небесната замја или би ги опоменале грешниците со силно викање за маките на проклетите.

КАДЕ ОДИ ДАЛИ МОЖЕ ДУШАТА ДА УМРЕ И И ШТО ЗНАЧИ ЗБОРОТ ДУША

Дела 27,37 – А во бродот не имаше вкупно 276 души. Кога се наситија (душата може ли да се насити) го олеснија бродот исфрлајќи ја пченицата во морето. Тоа едноставно значи дека на бродот биле 276 луѓе, а не 276 бестелесни свесни прилики кои лебдееле по бродот. Во секојдневниот живот го употребуваме овој израз кога ќе влеземе во некоја празна просторија, викаме: овде нема жива душа – значи нема никој, ниедно човечко суштество.

Дали душата може да умре

Езекиел 18,4 – превод Ѓура Даничиќ – Гле, све су душе моје, како душа очина тако и душа синовља моја је, која душа згријеши она ќе погинути.

Друг превод вели: Оти ете сите души се мои како душата на таткото, така и душата на синот се мои; која душа греши таа ќе умре.

ЦИТАТИ ОД БИБЛИЈАТА

Псалм 146,4 – Ако излезе духот од него, тој се враќа во својата земја, и во тој ден пропаѓаат сите негови мисли.

Проповедник 9,5.6.10 – Живите барем знаат дека ќе умрат, а мртвите не знаат ништо, ниту имаат веќе награда зашто се заборава и споменот за нив. Одамна ги снема: нивната љубов и нивната омраза и завист, и веќе немаат учество во ништо што станува под сонцето.

Што и да имаш намера да правиш, направи го додека можеш, зашто нема ни дела, ни умување, ни сознавање, ни мудрост во подземјето во кое одиш.

Матеј 10,28 – И не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; но бојте се повеќе од Оној, Кој може и душата и телото да ги погуби во пеколот. Од овој пример гледаме дека во човекот не постои нешто што е бесмртно. Туку таа бесмртност ќе ја добијат сите праведници од сите векови приликом второто Христово доаѓање.