Текстови

ОД ЦЕЛО СРЦЕ

“Ќе Ме барате и ќе Ме најдете кога ќе Ме побарате со цело свое срце”. (Еремија 29,13). Многумина се потпираат на некоја лажна надеж, на надеж без вистински темел. Кога изворот не е чист, тогаш ниту водата која тече од него не е чиста.

Очистете го изворот и ќе имате чиста вода. Ако срцето е вистинско, тогаш и вашите зборови, вашата облека, вашите дела ќе бидат вистински. Христијанин е оној кој ги победува искушенијата и страстите кои го облетуваат. Има лек за душата која ја мачи гревот. Тој лек е во Исуса, нашиот драг Спасител! Неговота благодат е доволна и на најслабиот, но и најсилниот мора да има негова благодат или ќе пропадне.

Благодатта можете да ја добиете. Влезете во својата тајна соба и тука отворете му го своето срце на Бога. “Подари ми Боже чисто срце и постојан дух обнови во мене!” ( Псалм 51, 10 ). Бидете сериозни, бидете искрени! Сесрдната молитва може многу да направи. Како Јаков борете се со Бога во молитва. Борете се како Исус во Гетсиманската градина. Морате да вложите напор! Не ја напуштајте својата соба додека не бидете силни во Господа, а потоа стражарите, и додека стражарите, додека се молите, ќе бидете во состојба да ги совладате сите свои гревови и Божјата благодат навистина ќе се покаже во вас!

Млади пријатели, барајте го Господа со цело срце! Бидете ревни во тоа и кога искрено ќе почуствувате дека би пропаднале без Божја помош, кога ќе копнеете по Него како што срната копнее по потокот, Господ бргу ќе ви даде сила. Ќе почувствувате мир кој го надминува секој разум. Ако очекувате спасение, морате да се молите… Молете се на Бога да изврши во вас темелна реформа, така што во вашиот живот ќе се покажат родовите на Неговиот дух… Предноста на секој христијанин е на себе да го почувствува силното делување на Божјиот Дух. Тогаш благиот, небесен мир ќе ги исполнува мислите и вие ќе уживате да размислувате за Бога и за небото. Ќе се насладувате со славните ветувања на Божјата реч. Сепак, имајте на ум дека штотуку сте започнале да живеете христијански живот. Знајте дека штотуку ги направивте првите чекори на патот кој води во вечен живот.