ОД КАДЕ ГРЕВОТ СТРАДАЊАТА И СМРТТА

Ние живееме на свет каде што има многу беда, страдања, жалост и солзи – на свет каде што владеат болест и смрт. Стравот, омразата и недовербата во човечките срца предизвикуваат злосторства, војни и крвопролевања. Луњите, поплавите, земјотресите, несреќите на копно, во воздух и на водите, се чести појави. Мнозина се прашуваат зар Бог не можел да создаде подобар свет од овој нашиов. Библијата ни дава одговор на ова.

Таа кажува дека Бог не е одговорен за злото на овој свет. Бог создал совршена вселена и мсовршени суштества. Се што создал Бог било совршено (1.Мој. 1,31). Бог е љубов (1.Јов. 4,8), И Неговиот закон е љубов. Божјата грижа за суштествата што ги создал е доказ за Неговата непроменлива љубов. Бог не создал зол свет.

Тогаш од каде злото на светот? Причина за сето зло на светот е гревот. Гревот е причина за сите сегашни, за минатите и идните страдања. А според дефиницијата на Светото писмо, гревот не е ништо друго освен престап на Божјиот закон. „Секој што прави грев, го крши законот; грев е кршење на Законот„ (1.Јов.3,4).Непослушноста кон Божјиот закон и кон Божјата волја е грев. Луѓето можат тоа да го побиваат, но не можат да го отстранат последиците на гревот.

КОГА СЕ ПОЈАВИЛ ГРЕВОТ, КАЈ КОГО И КАКО

1.Ѓаволот греши од почеток. – „Кој прави грев, од ѓаволот е, зошто ѓаволот грешим од почеток. Па затоа и се јави синот Божји, за да ги урнр делата ѓаволски„ (1.Јов.3,8).

Исус кажува за ѓаволот дека тој е крвник човечки од почеток, дека е лага и татко на лагата (Јован 8,44).

2.Ѓаволот не е создаден, туку тој сам станал ѓавол. – „Вака вели Господ Бог: ти си печат на совршенство, полнота на мудроста и венец на убавината. Ти беше во Едем, во Божјата градина… Ти беше помазан херувим за да осенува, и Јас те поставив за тоа; ти беше на светата Божја гора, одеше сред огнени камења. Ти беше совршен во патиштата свои,од денот кога беше создаден, се додека не се најде во тебе беззаконие„ (Езекил 28,12-15).

Луцифер е создаден како најславен ангел. Живеел во постојано Божје присуство, најблизу до Бога и до Христа, и така уживал најголема чест на небото. Пророкот овде го прикажува со симболот на тирскиот цар.

3.Во срцето на луцифера се појавила гордост и стремеж за највисока положба на небото. – „Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста твоја„ (Езекил 28,17).

А во срцето свое си велеше: Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди… ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам сличен на Севишниот„ (Исаија 14,13.14).

Светото писмо истакнува дека кај Луцифера се појавила гордост поради неговата совршена убавина. Тоа било почеток на гревот. Луцифер постепено станал Божји противник. Тој отишол толку далеку, што почнал да сее анархија меѓу ангелите, учејќи ги дека не е потреббен Божјиот закон бидејќи тие самите себеси можат да си бидат закон.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”173″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”800″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”489″}}]]

4.Исфрлање на сатаната од небото. – „И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели војуваа против змевот, а змевот и неговите ангели војуваа против нив; но не устојаа, и за нив веќе не се најде место на небото. И беше исфрлен големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборен на земјата, и заедно со него и ангелите негови беа исфрлени„ (Отк. 12,7-9).

Апостол Петар и Јуда изрично истакнуваат дека Луцифера го прифатиле и други ангели, една третина од вкупниот број, и заедно со својот водач на бунтот, се фрлени на оваа Земја (2.Петр.2,4; Јуда, ст.6).

КАКВА ПОЛОЖБА ЗАЗЕМА САТАНАТА НА ЗЕМЈАТА И ШТО ПРАВИ ТУКА?

1.Откако ги победил нашите прародители во рајот, сатаната ја приграбил нивната власт и затоа се смета за кнез на овој свет. – „Нема веќе многу да зборувам со вас, оти иде кнезот од овој свет, и во Мене тој нема ништо„ (Јован 14,30).

„Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде истеран надвор„ (Јован 12,31).

2.Ѓаволот е мошне активен: неуморно ги заведува луѓето за да ги упропасти. – „Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да го проголта„ (1.Петр. 5,8).

Сатаната и демоните ги напаѓаат луѓето со сета своја сила и со сето свое влијание. Тие ги наведуваат луѓето на лоши навики, распалуваат кај нив ниски страсти, предизвикуваат лоши желби, злоба, омраза, страв, недоверба… На овој начин, сеејќи во човечките срца страв, омраза и недоверба, предизвикуваат злосторства, војни и крвопролевања. Тие негуваат неверство, поттикнуваат на одмазда, предизвикуваат љубомора, доведуваат до развод на бракови итн.

КАКО СЕ ПОЈАВИЛ ГРЕВОТ ВО СРЦАТА НА ПРВИТЕ ЛУЃЕ? ПОСЛЕДИЦИТЕ НА ГРЕВОТ

1.На гревот секогаш му претходи грешна желба. – „Но секого го искушува неговата похот, која го влече и мами. Потоа похотта, откако ќе зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт„ (Јаков 1,14.15).

2.Сатаната преку змија ја навел Ева да го престапи Божјиот закон, а Адам, под влијание на Ева, свесно ја престапил Божјата волја. – „Тогаш змијата и рече на жената: Не, вие нема да умрете! Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро а што зло. И жената, гледајќи дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав за гледање, и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде на мажот свој, та и тој вкуси„ (1Мој.3,4-6).

Човекот е создаден како слободно суштество, но тој својата слобода можел да ја сочува само под услов на послушност. Бог му ја дал на човекот следната заповед: „И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш„ (1.Мој. 2,16.17).

Во срцето на Ева се вовлекло сомневање кога слушнала како змијата и шепоти: „Дали е вистина дека Бог кажал… „ Од друга страна, таа видела дека плодот е добар за јадење, дека е мил за гледање и дека дрвото е мошне мило заради знаење. Не можејќи повеќе да му се протистави на тоа искушение, „набра род од него и јаде, па му даде на мажот свој, та и тој вкуси„ (1.Мој.3,6).

Адам и Ева биле прелагани и згрешиле и станале жртви и робови на заводникот. Непослушноста создала од нашите прародители престапници.

3.Тешките животни услови, страдањето на душата и телото, болестите и смртта – се последици на Адамовиот престап

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”174″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”449″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

Адам и Ева се протерани од рајот и не им бил повеќе дозволен пристап кон дрвото на животот. „ Тогаш Господ Бог го изгони од градината Едем, за да ја обработува земјата, од која беше земен. Откако, пак, го изгони Адама, постави на исток пред градината Едем херувим и огнено оружје, кое се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото на животот„ (1.Мој.3,23.24). Над нашите прародители е изречено проклетство од кое последните зборови ја изразуваат нивната нова состојба: „Зашто си прав и во прав ќа се вратиш„ (1.Мој. 3,16-19).

Гревот се повеќе ја скусувал должината на човечкиот век. Тој е причина за болестите и за немоќта што почнале да се јавуваат кај луѓето, намалувајќи ги нивните интелектуални и морални сили. Гревот ја погодил целата природа која постепено ја загубила својата првобитна убавина.

Склоноста кон гревот станала сеопшта и наследна. Сите луѓе, продадени на гревот, станале грешници и се осудени на страдање и смрт. „Сите згрешија и се лишени од славата Божја„ (Рим.3,23). „А плата за гревот е смрт„ (Рим.6,23).

ЗОШТО БОГ НЕ ГИ УНИШТИЛ ВЕДНАШ САТАНАТА И ДЕМОНИТЕ?

Да имаме на ум дека Бог не создал сатана, туку ангел, кој се викал Луцифер (светлоносец). Промената на Луцифер во грешен сатана настанала по волја на самиот Луцифер.

Бог можел да создаде суштества со способност на слободен избор или без таква способност. Бог ги создал со способност на слободен избор, односно со слободна волја.

Бидејќи небесните суштества, па и човекот, се создадени со слободна волја, тие можеле да го изберат злото, што е спротивно на Божјата волја. Токму тоа го сторил Луцифер, иако немал никаква причина за тоа.

Кога Бог веднаш би го уништил сатаната, не давајќи му можност да ја промовира својата програма, во срцата на другите Божји созданија би се вовлекле страв и сомневање. Ангелите кои не згрешиле и жителите на другите планети кои не знаеле што е тоа грев и колку се страшни неговите последици, би помислиле дека Бог го уништил сатаната затоа што се плашел дека тој би можел да докаже дека неговите обвинувања се оправдани. Бог го оставил сатаната да живее со цел сите безгрешни суштества да можат да ја запознаат неговата вистинска природа и неговата програма на делување, и да се осведочат дека тој навистина го заслужува уништувањето што ќе го стигне на крај во огнено езеро (Отк. 22,11). КОга Бог веднаш би го уништил сатаната, тоа би предизвикало страв кај безгрешните суштества и тие на Бога би му служеле од страв а не од љубов. Таквата служба не би му била угодна на Бога, ниту пак би било наполно уништено влијанието на сатаната.

КАКО МОЖЕМЕ ДА ГО ПОБЕДИМЕ САТАНАТА?

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”175″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”400″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

„Па затоа, покорете му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас! Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, напостојани„ (Јаков 4,7.8).

Исус го победил сатаната со Божјата реч (Матеј 4,1-11). И ние можеме да го победиме така. Освен тоа, да запаметиме дека молитвата е камшик за сатаната. Ние немаме сила сами да го победиме сатаната, затоа во молитве треба да бараме Христова помош. Ние победуваме со вера во Христа и во Неговата Реч. Божјето ветување гласи: „ Не плаши се, зашто Јас Сум со тебе; не се вознемирувај, зашто Јас Сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те подржам, со десницата на мојата правда„ (Исаија 41,10).