ОД КАДЕ СУМ ЗОШТО СУМ, И КАДЕ ОДАМ?

Овие прашања се многу честа тема за разговор на многумина кои размислуваат каде води патот по кој чекориме?

ОД КАДЕ СУМ?

Според биолошкиот процес ќе речеме дека нас не родиле нашите родители. Но ако се запрашаме за нашите прародители, кој ли нив ги создаде кога тие немаат ниту мајка ни татко како нас? На прв поглед изгледа е невозможно, но во реалноста е поинаку и има одговор. Бог кој создаде се видливо и невидливо, како круна на своето стварање го создаде човекот според својот облик. За шест дена Бог создаде се што постои на овој свет на земјата, на небото и во водата и се што е во неа и на неа.

Човекот беше сам па одлучија да создадат другар сличен на него. Му дадоа длабок сон на Адама и од неговото ребро ја создадоа Ева. Така се создаде првиот брачен пар кој го благослови Бог да се размножуваат и да ја одгледуваат градината во која ги смести за да живеат и се хранат. Затоа се вели дека работата излегла од рајот. Но Бог на нашите прародители им дал и начела за добар живот, но и слободна воља за избор За испит на довербата им дал налог дека можат да јадат од сите овошки во градината, освен од дрвото на доброто и злото кое се наоѓало во средина на градината. Јасно им дал до знаење дека оној ден кога ќе вкусат од тој плод ќе умрат. За нив тој збор бил непознат, но стравопочитта кон Творецот им ја држела довербата во нивните срца. Но за жал тие таму не биле сами околу нив струела една голема негативна сила која сакала да го уништи тој брачен пар кој живеел во совршена хармонија според Божјата воља, во една совршена заедница со Творецот. Оној ден кога Ева прелажана од сата- ната претворен во змија, го прекршила заветот со Творецот,  ја губи довербата, и Адам кога каснува од плодот почувствувал необична промена. Нивните телесни очи се отвориле, се виделе голи и почувствувале срам, се засолнале во грмушката и си направиле прегачи од смоквини листови. Повикот на Бог ги исплашил не се јавиле првиот и вториот пат, но Адам премногу го почитувал Отецот и се јавил евеме но неможам да излезам оти сум гол, зошто Адаме, да не јадеше од плодот? Жената која ми ја даде, ми даде па јадев. Жено зошто го стори тоа? Змијата ме измами па скинав од плодот. Со губењето на довербата тие го навлекле гревот на себе, но жалосно е што и ние како нивни наследници го наследуваме гревот. Тогаш Бог со жалење морал да ги истера од Едемската градина им рекол дека постои надеж за спасение на нивните души ако останат послушни, ја покажува жртвата која ќе биде дадена. Бог коле јагниња и од нивната кожа ги облекува. Тогаш Бог ожалостен им ја изрекува казната, ти жено во мака ќе го раѓаш своето потомство, а ти змијо по стомак ќе се влечеш и со прав ќе се хранеш, поставувам непријателство помеѓу тебе и семето на жената, тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе го каснеш во петицата. А ти Адаме со пот ќе ја обработуваш земјата, а таа наместо добри плодови ќе ти раѓа троскот и плевел, но на излегување од градината Бог поставува Ангел со огнен меч за да стои на вле- зот, за да не можат да се вратат Адам и Ева. Последиците од гревот почнале да се чувствуваат по самото излегување од градината. Но смрта ја запознале со убиството на Авела од неговиот брат Каин. Доживуваат длабока старост исполнета со тага, болка но и надеж дека секоја нова рожба ќе биде ветениот Спасител. Со самата смрт го виделе сопственото создавање *од прав сте создадени и во прав ќе се вратите*.

ЗОШТО СУМ ОВДЕ?

Зошто сум овде, прашање кое не е едноставно да се објасне? Патуваме низ рамко- вно време (определено) во години, како го живееме тоа определено време зависи од нас? Дали ние го трошиме времето на работи кои не се по Божјата воља, или живееме живот каков што го посакувал Творецот од секогаш за своето создание. Но ние како луѓе често се ставаме во позиција на семоќни и сезнајни без разлика дали го правиме тоа свесно или несвесно, не се прашуваме дали сме навистина во право кога разми- слуваме или работиме нешто што можеби многу го растажува нашиот Творец. Овде сме создадени со некоја цел, Бог има план со нас, но треба да Му дозволиме да не обликува според својот карактер. Бог е секогаш спремен да ни помогне, но ние треба да бараме со вера, дека тоа што го бараме и ќе го добиеме ако е според Божјата воља. Нашата заедница со Творецот треба да биде многу присна (тесно поврзана) за да можеме да бараме и да добиеме. Нашата откупнина од гревот ја плати Божјиот Син отелотворен во човек. Нашиот живот, е живот исполнет со грев од самото раѓање, треба да бидеме спремни да ги дочекаме сите искушенија на здрави нозе. А како ќе го сториме тоа? Навидум тешко сами, но со секојдневно разговарање со Творецот многу лесно и едноставно,  ќе се запрашаме зошто? Малку е зачудувачко како може тој кој е толку далеку да ни помогне? Но за среќа може затоа што Тој не откупи и ние сме негова своина не познава добро, и затоа може да ни помогне. Нашите греови го однесоа на Голгота, зошто Тој беше невино јагне кое мораше да биде жртвувано за откупнина на својот грешен род. Целта на Бог за нашиот откуп е спроведена, сега до нас стои колку сме ние спремни да можеме да Му возвратиме. Ние би Му возвратиле со почит кон Неговото име, кон Речта Божја, ценејќи ја жртвата на Голгота, и се што сторил дотогаш, па и денденес уште посредува за нас. Нашата минимална жртва е само мало внимание кон Творецот и почитување на Неговите правила и начела. Секогаш да бидеме спремни да го примиме Божјиот налог без тешкотија ниту од принуда, зошто Бог ја сака слободната воља на неговото створење. Слободното бирање на чија страна ќе се најдеме е наша одлука и никој не може да помогне во спасението освен ние самите, се разбира водени од Светиот Дух.

Нашиот живот е безвреден ако Бог не е во него, како грешни човечки суштества ние сами не сме во состојба да ги согледаме последиците од нашето невнимание, исто како и Ева која од невнимание влегла во дијалог со некој за кого не била во состојба да размисли во тој миг, дека и кова план за уништување. Неговото лукавство било голема опасност за компромис со гревот! Но Ева не ни размислувала дека со тој разговор ќе го направи и првиот грев кој води во смрт. Па затоа ако некогаш ги согледаме таквите опасности да се придржуваме понастрана од компромис со непријателот. Штом ни се нуди нешто повеќе од потребно треба да ни биде јасно дека во позадина стои нешто поголемо од нашите желби, а тоа е нечестивиот кој сака да се сруши уште некоја избрана душа. Зошто неговата цел е да го победи Божјиот народ и да извојува победа над Творецот. Но прашање е дали ние ќе бидеме влезната врата на неговите лукавства кои се секогаш тука спремни без пардон да влезат во нашиот живот и од него да направат пустош после торнадо. Нашето тело како Божји храм треба да биде секогаш чисто и исполнето со радост да ја прими радосната вест за вечно спасение. Непријателот не сака да го гледа човекот среќен, и затоа неговата цел е да внесе немир во срцето, и не само тоа, туку ако е можно да внесе раздор во неговото срце за да нема место во него за Творецот, или пак за нешто повозвишено како на пример вера во Бога. Непри- јателот е спремен да му го направи животот на човекот кошмар, секогаш да го ставе во искушение за да може на било кој начин да го придобие за себе. Зошто сме овде? За да го поправиме нашиот живот со Божја помош следејќи го животот како пример што ни го остави лично нашиот Спасител. Начелата се јасни во прашање е нашата доверба и вера во Бога кој е Семоќен, Сеприсутен, секогаш да подаде рака на своето изгубено чедо во гревот. Гревот како тешка последица разорува многу домови, расплакува многу невини срца, многу детски очиња наместо насмеани исполнети се со страв и солзи. Да му ставиме стоп на гревот бар онаму каде што стои до нас. Нека тажните солзи бидат заменети со радосни, детските очиња од страв нека се исполнат со смеа, нека нивното детство биде незаборавно, полно со љубов и почитување на нивното детско право, а возрасните да го живеат својот живот во семејна хармонија без тага и страв дека некој трет ќе ја наруши семејната хармонија. Само така исполнети и опашани со Божјата Правда ние можеме да се стремиме кон Божјето царство за кое Бог ни ветил дека има место за сите, кои ќе поверуваат и ја примат Неговата Правда како услов за влез во ветеното царство. Затоа сме овде да ја запознземе вистината и да ја спроведеме на дело, само така ќе ја дознаеме тајната на нашето раѓање и постоење! Во спротивно нашиот живот засекогаш ќе биде предаден во заборав. За да не би дошло до погубни последици од кои тешко некој би можел да се извлече, моја желба и молитва е секој кој е во можност да чита нека крај себе го има единствениот верен и драг пријател кој безусловно сака, дарува, а за возврат бара толку малку само почитување, и поголемо дружење со него преку страниците на *СТАРАТА ДОБРА КНИГА БИБЛИЈАТА*.

КАДЕ ОДАМ?

Јас верувам дека нема човек на планетава кој не сака да знае каде ќе заврши неговиот живот и што понатаму?

БИБЛИЈАТА има одговор за сите прашања. Секојдневното дружење со Светото Писмо ќе не промени кон подобри личности, што е многу битно да се знае дека Бог преку својата Реч може да ги обликува своите чеда, според својот карактер кој единствено ќе ни остане, и само него можеме да го понесеме со себе од овој свет. Материјалните добра кои не се грев да се поседуваат, не треба да бидат наша преокупација и да се заборавиме дури и самите себе кои сме и што е целта на нашето создавање. Кога сме ангажирани повеќе од потребно во материјализмот тој несвесно не преорјентира во друга насока која води во недојдија, читајќи го овој текст ќе се запрашаме зошто? А одговорот е кристално јасен, следејќи ја оваа насока ја прекршуваме втората заповет со тоа што си правиме идол, а тоа е преголемата ангажираност за стекнување на материјалните добра при тоа заборавајќи на себеси. Вака трошејќи го навидум сопствениот живот ние прекршуваме уште едно правило, кое е за здрав живот, го преморуваме телото ја намалуваме неговата работоспособна моќ, и го доведуваме организмот до предвремено стареење. Животот нас ни е подарок од Творецот, а второ и негова своина сме со самиот откуп, и затоа Бог од нас бара да го чуваме нашето тело бидејќи е негово, а не наше. Сите сме одговорни за нашето тело, зошто тоа тело е Божји храм да не го осквернавиме со конзумирање на нечиста храна, со жестоки пијалоци, со користење на норкотични сретства – тутун, опојни дроди и токсични материјали кои сериозно го нарушуваат здравјето и ја намалуваат умоспособноста за добро рассудување и носење на правилни одлуки во животот. Светот нуди големи забави на прв поглед интересни кои го задоволуваат човекот, без да свати дека тоа е стапица која може за секогаш да го уништи неговото здравје па дури и неговиот живот. Денешната технологија на големо го унапреди со големи чекори развојот на човеко- виот живот, но од друга страна толку многу му наштети на нашите нови генерации, да се запрашаме како ќе го оформат нивниот карактер? А бидејќи во нив има само она што ја привлекува нивната љубопитност, тие се чести посетители на нивните стра- ници, а што е најстрашно тие се трудат да ги имитираат видените случки. Младите не се свесни дека тоа е монтажа која само ги надразнува нивните младешки чувства.

Љубопитноста ги води до границата на фантазијата, а лукавиот спремен чека да ја искористи детската фантазија за да ги наведе на грев од кој се потешко ќе се ослобо- дуваат, зошто сатаната секогаш е спремен да им нанесе болка, да го заведе човековото срце и го одведе од Бога. Желбата му е подмолна да го освои срцето на читателот полно со неостварени желби кои водат во потполно пропаѓање, и губење од Божјата патека, тој е сигурен дека неговиот живот е под контрола и не го испушта од својот видик, сатаната како најголем непријател на човекот, стапицата му ја подготвил уште од Едемскатаа градина, и до денденес тој е искушител на нашата душа. Неговиот влез во нашите души е скоро неосетлив тој не бара влез само чека шанса да влезе и да може да влезе и да го разори невиниот човечки живот нанесувајќи му тешки последици кои го убиваат целото негово семејсво. Но никогаш да не заборавиме дека нашиот Творец е секогаш спремен да ни подаде рака, и да не извлече од било која состојба да се најдеме. Бог не познава добро, Тој ги знае нашите тајни и никогаш да не мислиме дека нашите желби се неостварливи, зошто пред да ги замислиме и побараме од Бога тој веќе ги знае и само чека кога ќе се сетиме на неговите ветувања дека Тој е секогаш со нас и е спремен да ни помогне. Бог од нас чека целосно предавање во неговите раце, а останатото е во Неговата моќ само Тој може да ни помогне. Сигурно ќе речете зар Бог не ги гледа овие неправди кои му се случуваат секојдневно на човекот? О, да секако ги гледа но дали сме се запрашале до кога ќе може да ги гледа? Зошто Тој отиде на Голгота и го положи својот живот откупувајќи го човекот од гревот и давајќи му целосна слобода дали ќе го пронајде светлиот пат, или ќе остане заробен во темнината? Темнината е гнездо на интриги, сплетки, лаги и измами каде многу нечесни работи се случуваат, а се наше секојдневие. Многу утра се осамнати со црни хроники – убиство овде, силување таму, претепани старци за сто денари, силувани деца од своите родители, педофили силуваат малолетници, се срушил авион над двеста патници со екипажот се мртви преживеани нема,таму пожар, ваму поплава, секојдневно умираат од глад по двеста илјди души…итн. Зарем е ова нешто измислено, не драги мои читатели оваа е нашата реалност во која ние живееме. Сите би можеле да допринесеме по малку и од овие страшни трагедии да се спомнуваат многу помалку. Но има ли суштинско значење?

Секој нека го преиспита својот став спрема својот ближен, и се надевам дека ќе дојде до сериозно откритие дека слабо го познава својот ближен, а можеби и воопшто и не го познава, и не му е грижа што се случува со него! Тогаш во прашање е самобендисаноста, самоу- вереноста дека јас сум си доволен сам на себе, секој друг со својот проблем само би ме оптоварувал повеќе. Би сакала скептицизмот да остане надвор од нашите животи, зошто тој не е добар пријател за да го задржиме крај себе. Наш единствен верен добар пријател може да ни биде само Творецот, зошто само Тој е сеприсутен секаде. Како ние што се познаваме самите себеси така и Бог не познава, ги познава и нашите најмали атоми од нашето тело. Да го предадеме нашиот живот во Негови раце е единствено решение кое не води по сигурен пат, пат за спасение на нашите души. По тој пат можеме да одиме само ако се темелиме на декалогот (десетте Божји закони), и Неговото Свето Писмо. Божјиот закон е непроменлив но за секој поединец може да биде огледало да може да си ја пронајде својата грешка, и ако сака да се поправи тоа може да го направи само дружејќи се со Светото Писмо преку кое ни зборува самиот Бог. Без силата што може само Бог да ни ја даде ние живееме но тој живот нема целосна смисла, нашата душа чувствува празнина што неможе да ја исполни ниту најголемото земско богатство, или било која друга телесна желба. Празнината ни прави да се чувствуваме неисполнети, сиромашни, и покрај земските добра кои ги поседуваме, нешто и недостасува на нашата душа.

Мошне често се случува да се прашуваме што ми е сега? Имам се што ми е потребно дом, семејство, добар автомобил, убаво наместено живеалиште, викендица на добро излетничко место…итн, но сепак нешто ми недостасува, а тоа се вика ДУХОВНА ПРАЗНИНА. Затоа секој кој ќе се почувствува така нека во своите раце ја земе СТАРАТА ДОБРА КНИГА која има одговор на сите наши прашања кои го оптоваруваат и онака тешкото бреме во нашите животи, БИБЛИЈАТА е спас од многу тешки последици, проверете и нема да зажалите што се дружите со Неа, зошто е полна мудрост и знаење. Секој може да се пронајде во Неа со секој свој проблем, но ќе пронајде и нешто многу важно, надеж, спасение и вечен живот. Таму ќе го пронајде столбот на целата книга кој гласи *ЗОШТО БОГ ТОЛКУ ГО ВОЗЉУБИ СВЕТОТ, ШТО ГО ДАДЕ И СВОЈОТ ЕДИНОРОДЕН СИН, ТА КОЈ ВЕРУВА ВО НЕГО, ДА НЕ ПОГИНЕ, НО ДА ИМА ЖИВОТ ВЕЧЕН*. Кога подобро ќе се разработат сите совети од Божјата Реч ќе видиме колкава е жртвата на Голгота, а дали сме заслужни ние со нешто за таквата страшна и страмна смрт, што ја понесе Божјиот Син на своите плеќи сета вина и сечиј наш грев за да можеме да бидеме да бидеме спасени. Дали уште ќе чекаме да минува времето за да одлучиме дали да му се предадеме, или конечно ќе ја донесеме нашата одлука додека трае времето на милоста? Времето не стои тоа минува, а ние со секој изминат ден губиме што не сме се запознале со Творецот на време, да би избегнале некои несакани случки од нашиот живот. НЕКА БОГ БИДЕ ЕДИНСТВЕНИОТ НАШ ПРИЈАТЕЛ КОЈ ЌЕ БИДЕ НАША КАРПА НА КОЈА ЌЕ СЕ ЅИДАМЕ, ЗА КОГА ЌЕ НАИДАТ СИЛНИ ВЕТРИШТА И ОБИЛНИ ВОДИ ДА НЕ НИ НАШТЕТАТ,ТУКУ ДА БИДЕМЕ ПОД ЗАШТИТАТА НА НАШИОТ СОЗДАТЕЛ.

Нинка Фрицкова