ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВРЕМЕТО

Пред да направат грев, нашите прародители ја празнувале Саботата која била воспоставена во Едем; откога направиле грев и биле протерани од Едем тие продолжиле да ја празнуваат. Ги вкусиле горчливите плодови на непослушноста и научиле дека секој кој ги погазува Божјите заповеди, порано или покасно, мора да свати – дека Божанските закони се свети и непроменливи и дека казната за престапот што го прават сигурно ќе го стигне грешникот. Саботата ја празнувале и сите потомци на Адам кои останале верни на Бога. Но, Каин и неговите синови не го празнувале денот во кој Бог се одморил и го посветил. Тие си одбрале време за работа и одмор по свое мислење, и не обратувале внимание на изречната Господова заповед. Адам во својата невиност, во Едемската градина, ја празнувал Саботата. Но и откако направил грев, за кој горко се каел, и бил протеран од својот среќен дом, тој продолжил да ја празнува Саботата.

Сите патријарси – од Авел па до праведниот Ное, Аврам и Јаков – ја празнувале Саботата. Кога избраниот народ бил во египетско ропство, многумина го изгубиле познавањето на Божјиот закон поради идолопоклонството кое што таму владеело. Надзорниците ги принудувале Израелците да ја погазуваат Саботата, па тие во голема мера го изгубиле поимот за нејзината светост. Но, кога Израел бил ослободен, Господ го објавил својот закон на величествен начин пред собраниот народ за сите да ја дознаат Неговата волја, да имаат стравопочитување кон Него и да Му бидат секогаш послушни. Кога на Синај бил кажан Законот, првите зборови од Четвртата заповед гласела: “Сеќавај се на денот од одмор да го светкуваш“, покажувајќи со тоа дека Саботата не е тогаш воспоставена, нагласувајќи дека Саботата потекнува од создавањето. Оттогаш па се до денеска, на Земјата е чувано и пренесувано познавањето на Божествениот закон, а Саботата како Четврта заповед и седми ден постојано била празнувана. И покрај честите одбивања, потсмејувања и прогонување, секогаш имало луѓе кои сведочеле за вечноста и непроменливоста на Божјиот закон и за свечената обврска за празнување на Саботата како сеќавање на создавањето. Саботата, како сеќавање на создавањето, укажува на Бог како Творец на небото и земјата. Таа нас не потсеќа дека му служиме на вистинскиот Бог. Кога Саботата би била секогаш верно празнувана, никаде не би имало атеисти или идолопоклоници. Саботата како благословен и посветен ден за одмор, со потекло од Едем, стара е колку и светот.

– Со цел да го избрише Бог од човековите мисли, сатаната решил да го тргне тој голем споменик кој што укажува на Вистинскиот Бог. Доколку успее да го наведе човекот да го заборави својот Создател, човекот повеќе нема да се спротивставува на силите на злото и сатаната ќе има сигурен плен. “Но, за народот Божји се уште останува почивката Саботна. Оти, кој ќе влезе во спокојот Негов, тој ќе се одмара од делата свои, како и Бог од Своите. И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност “(Послание до Евреите 4,9-11)