ПОД ХРИСТОВИТЕ КРИЛЈА

Еден шумски работник во Австралија си изградил на работ од една шума самечка дрвена куќичка. Тоа било обична шумска колиба, но за него негов единствен ден. Еден ден, кога се вратил, видел тажна сцена: шумски пожар ја зафатил и неговата куќичка и ја уништил.

Останале само јагленосани греди и неколку поцрнети остатоци од метал. Потресен, се упатил кон местото каде што стоела кошницата со квачка врз јајца. Сега и таа лежела во толпата пепел и изгорени прачки. Пред него лежела грутка изгорени пердуви. Внимателно ги отстранил остатоците и, што мислите, што видел? – четири малечки перести суштества што се движеле. Четири малечки пилиња останале живи благодарение на њубовта на својата мајка.

Со најубав и со најсликовит јазик на Библијата Христос рекол дека во времето на своето второ доаѓање ќе не покрие со своите крила: „Ти што живееш во засолништето на Вишниот, што почиваш во сенката на Семожниот,кажи му на Господа:

Засолниште мое, Тврдино моја, Боже мој во кого се надевам… Ќе те заштити со своите перја и ќе се засолниш под неговите крилја… Ќе паѓаат покрај тебе илјадници и десетина илјади десно од тебе, а кон тебе нема да се приближат„ (Псалм 91,1.2.4.7).

Сјајот на Второто Христово доаѓање ќе биде таков што пророкот се прашал: „Кој може да опстане?„ (Отк. 6,17). Пророкот Малахија исто така се прашал „Но кој ќе го поднесе денот на неговото доаѓање и кој ќе опстане кога Тој ќе се појави?… Ќе дојдам кај вас на суд и ќе бидам брз сведок против вражарите и против прељубниците, против оние што се колнат лажно, против оние што му ја скусуваат платата на работникот, на вдовицата и на сирачињата, против оние што го газат правото на странците, и кој се бојат од мене, вели Господ над војските„ (Малахија 3,2.5).

Прашањето на опстановката на стариот Божји народ никогаш не било поголемо отколку во времето на царицата Естира, внуката на Мардохеј, во времето на персискиот цар Асвир (Ксеркс). Оригиналното име на Естира било Адеса и значело „мирта„. Откако се омажиле за царот асвир, го добила персиското име Естер, што значи„ ѕвезда„ , но набргу се докажало дека нејзиниот сјај може бргу да се угаси. Еден ден на царицата Естира и на нејзиниот народ им се заканила смртна опасност. Со царска наредба било наредено на одреден датум „да се уништат„ побијат и да се истребат сите Евреи, старо и младо, деца и жени во еден ден„ (Естира 3,13). Сето тоа се случувало во главниот град Сусан или суза, престолнината на стариот Елам, на реката Улај во Месопотамија.

Книгата на Естира преставува книжевно ремек дело. Во неа се наоѓаат сите бои на драмската напнатост на еден вистински еп. Естира не била само жена со царска убавина, туку и личност со здраво расудување, со необична самоконтрола, полна со обѕири, непоколебливо предана и со благородно самопожртвување, што во еден миг ја издигнало како херој.

Иако во Книгата за Естира Бог не е споменат, големата тема на оваа историја е заштита на Божјиот народ под Божјите крила. Таа ја открила семожната рака на Божјата промисла во животот на оние што го љубат. Ерусалиме, Ерусалиме… Колкупати сакав да ги соберам чедата твои како кокошката што ги собира пилињата под своите крилја, но вие не сакавте„ (Матеј 23,37).

Трогателна е послушноста на Естира кон нејзиниот притатко Мардохеј. Тој бил нејзин роднина и единствен нејзин старател уште од нејзиното рано детство. Иако станала царица, Естира и понатаму се придржуваше кон сите Мардохееви упатства како и кога се воспитуваше кај него„ (Естира 2,20). Во нејзиниот нов живот Мардохеј добил почесно место: „Мардохеј седеше пред вратата на царот„ (2,19).

Кога варевиот прв министер Аман излегувал од дворот, морал да помине покрај Мардохеја. И додека сите дворјани му се клањале на Амана до земја, само Мардохеј стоел простум, „не се клањаше ниту паѓаше ничкум„ (3,2). Тој го почитувал, но стоејќи простум. Кога го прекорувале другите дворјани, Мардохеј им кажал дека е Јудеец„ (2,4). Тој бил човек кој му се клањал само на Бога, Иако ги почитувал и ги ценел сите луѓе.

Кога Аман дознал дека Мардохеј му припаѓа на јудејскиот народ, смислил страшна одмазда. Му дал на царот големо богатство и добил негова согласност да го уништи не само Мардохеја, туку и целиот негов народ. Аман не знаел дека царицата Естира му е род на Мардохеја.

Аман бил орудие во рацете на сатаната. непријателот на човечката душа делувал преку него против поклониците на вистинскиот Бог. Мардохеј не сакал да го повреди царевиот пријател Аман. Тој само одбил да му се клања на Амана како на Бог. Поради тоа требало да умре не само тој туку и неговиот род. Во најкритичното време Мардохеј и упатил на Естира писмо полно со безгранична доверба во Бога, иако не го спомнал по име. Естира ги разбрала неговите зборови: „Ако замолчиш ти сега, на јудејците ќе им дојде помош и избавување од друга страна, а ти и домот на твојот татко ќе загинете; и кој знае, можеби за вакбо време си станала царица„ (4,14).

Бог посредувал преку Естира, и пресвртница настанала кога Аман веќе се радувал за својата победа.Во оваа книга Естира покажала херојски лик на Исуса Христа. Решила да го спаси својот народи и по цена на својот живот. Да се отиде неповикан кај царот можело да значи смрт.Но Естира решила. Му кажала на Мардохеја: „Ќе влезам кај царот, иако не е според законот, и ако треба да загинам, нека загинам„ (4,16).

Естира ги видела раширени Божјите крилја над себе и над својот народ. Таа можела да му каже на Бога како и псалмистот: „Во тебе се надева душата моја, и под сенката на твоите крилја се засолнува додека не помине гибелта„ (Псалм 57,1). Читајте ја таа прекрасна Книга за Естира! Ќе видите како Бог интервенирал за спасението на својот народ.

Мардохеј не бил ниту противник нити непријател на царот. Напротив ! „А Мардохеј излезе од царот во виолетова и ленена царска облека со голема златна круна и со наметка од фина ткаенина и од скерлет. А градот Сусан се радуваше и се веселеше„ (Естира 8,15). Огнот поминал, а пилињата останале живи !

Драги пријатели, во времето на најголемата опасност Христос со раширени крилја ќе ги заштити своите избрани од сите краишта на светот. Во часот на неговото доаѓање, неговите чекатели ќе го сретнат со радост: Да се радуваме и да се веселиме за спасението негово„ (Исаија 25,9). Радувајте се во таа надеж под Христовите крилја !