ПОКАЈАНИЕ И ОБРАТУВАЊЕ

Човекот по природа е грешен. Тој се раѓа со грешно наследство, со склоност кон гревот и во текот на животот уште повеќе ја зголемува својата грешност.

Нашите гревови не одделуваат од Бога (Исаија 59,1.2) и навлекуваат Божји гнев врз нас. Природно е да се прашаме како може човекот да се врати кај Бога? Како може човекот да се помири со Бога? Со други зборови како може да се спаси?

Исус истакнува дека обратувањето е услов за спасението. На своите ученици Тој им рекол: „И им рече: Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно„ (Матеј 18,3).

Тоа е и наука на апостолите. Апостол Петар му рекол во својата прочуена проповед на собраното мноштво: „Покајте се, пак, и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши„ (Дела 3,19). Според овие зборови, покајанието и обратувањето се два важни услови за спасението.

ПОКАЈАНИЕ

Вистинското покајание е темелна промена во однос на гревот и на Бога. Тоа е искрено жалење поради сторените гревови и напуштање на истите.

1. Каков е секој човек според своето телесно раѓање?

„Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда – како извалкана облека; сите попаѓавме како лист; а беззаконијата наши како ветар не однесуваат„ (Исаија 64,6).

Сите згрешија и се лишени од славата Божја (Рим. 3,23; види Гал. 5,19-21).

Оние што не ја проучуваат Божјата реч и што не го познаваат Божјиот закон, не можат да знаат колку се грешни. Само Светиот Дух, со помош на Божјата реч и на Божјиот закон, може да не разбуди и да не осведочи за нашата грешност (Јован 16,7.8).

2.Божјата доброта го води грешникот на покајание.

„Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, кротост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување„ (Рим. 2,4; види Лука 5,32).

3.Пример на покајание.

„И рече: Еден човек имаше два сина. помладиот од нив му рече на татка: Татко, дај ми го делот што ми припаѓа од имотот! И таткото им го раздели имотот. По неколку дена, помладиот син, кога собра се, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно. И откако потроши се, настана голем глад во таа земја и тој се најде во мака; па отиде при еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своето поле да пасе свињи. И страден беше да го наполни својот стомак со рокчиња, што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. А кога дојде на себеси, рече: Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, умирам од глад. Ќе станам и ќе отидам при татка си и ќе му речам: Татко, згрешив против небото и пред Тебе, и не сум веќе достоен да се наречам Твој син; но примиме како еден од своите наемници. Па стана и отиде при татка си. И кога беше уште далеку, го виде таткото негов и се сожалина него, па потрча, го прегрна и го целива. И синот му рече: Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син! А таткото им рече на слугите свои: Изнесете најубава промена и облечете го, и дајтему прстен на раката негова и обувки на нозете; па дотерајте и заколете угоено теле: да јадеме и да се веселиме, оти овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде. и почнаа да се веселат„ (Лука 15,11-24).

Покајание значи напуштање на гревот и враќање кај Бога. Кога сме ги увиделе нашите гревови и сме решиле да не гречиме повеќе, нам ќе ни се придружи најголемиот Помошник, Светиот Дух, кој ќе ни даде сила да го победиме гревот.

4. Човекот не може со своја сила да го победи гревот.

„Може ли Етиопјанинот да ја смени кожата своја и леопардот – дамките свои? Па така и вие, можете ли да правите добро, кога сте свикнати да правите зло (Ерем. 13,23; Рим. 8,7)

Ниеден човек не може сам со своја сила да го победи гревот. Навистина, тој може да се откаже од многу штетни навики, но за да може да ја победи силата на гревот и да живее нов живот во сообразност со светиот Божји закон, потребно е врз срцето да делува една повисока сила, во него да дојде еден живот од горе. Таа сила е Христос (Јован 15,5).

5. Со раѓањето од горе, од Светиот Дух и преку Божјата реч, ние стануваме нови луѓе, способни да живееме во сообразност со Божјата волја.

Му одговори Исус и рече: Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо… Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо… вие треба да се родите одозгора„(Јован 3,3.5.7)

Со раѓањето од нашите биолошки родители ја наследуваме нашата грешна природа, а со раѓањето од горе, од небесниот Родител, стануваме учесници во божествената природа (2.Петрово 1,4). Бог не препородува во нов живот со Светиот дух и со својата реч ако ја примиме во срцето и ако решине да живееме според неа. Како преродени не од распадливо семе, туку од вечно преку словото на живиот Бог, Кој пребива во сите векови (1.Петрово 1,23).

6. Какво прекрасно ветување им е дадено на оние кои потполно му се предадени на Бога?

И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, се стана ново (2.Кор. 5,17)

Кога душата со вера ќе му се предаде на Бога, тогаш сила што ниедно човечко око неможе да ја види создава ново суштество според Божјиот лик. Душата која ќе му се предаде на Христа станува тврдина што ја чува Тој среде овој грешен свет. Таквата душа сатаната не може да ја победи со своите искушенија.

ОДНОСОТ МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ОБРАТУВАЊЕТО

Покајанието или внатрешната промена кога е искрена, е придружувана и со надворешна промена – нов живот. Новиот живот, кој е последица на покајанието, Светото писмо го нарекува обратување (Дела 15,30).

Покајанието не треба да се замени со обратувањето. Покајанието е морална причина на обратувањето – тоа му претходи на обратувањето.

Да се обретиш значи да се свртиш – да го промениш правецот на движењето. Да се обратиш значи да се свртиш од гревот кон Бога. Да се откажеш од гревот – тоа е покајание, а обратувањето кон Бога е вера со која душата целосно се потпира врз Христа и живее според Божјата волја (Ефес. 2,8.9).

1.Покајанието опфаќа:

а) увидување на својата грешност. – „Тогаш дојде при себе„ (Лука 15,17).

б) жалост поради гревот. – „Се разжалија во срцето„ (Дела 2,37; Матеј 26,75).

в) признавање на гревот. – Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се освестува и ги остава, ќе биде помилуван„ (Мудри изреки 28,13; Пс. 51,3-7; 1. Јов.1,9). Светото писмо не дозволува гревовите да му ги исповедаме на свештеник. Исповедта на уво е воведена во 13 век, на соборот во Латеран во 1215 година. Гревот сторен против својот ближен треба треба прво да му го признаеме нему, а потоа на Бога, зашто нема грев со кој не го навредуваме Бога.

г) колку што е можно треба да бидеме подготвени да ја надоместиме штетата што сме му ја нанеле на ближниот. „Ако сум зел од некого нешто несправедливо, четворно ќе го вратам„ (Лука 19,8).

д) напуштање на гревот. – „Отфрлете ги од себе сите гревови, со кои сте згрешиле… зошто да умирате„ (Езекил 18,31.32.20-23).

2. Верата опфаќа:

а) примање на Христа како личен Спасител. – „А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде можност да станат синови Божји„ (Јован 1,12).

Апостој Јован нагласува дека решавачкиот фактор во врска со спасението лежи во нашите раце. Сите што ќе го признаат Христа и што веруваат во Него стануваат синови Божји.

б) преданост и послушност кон Христа. – „А, откако се усоврши, стана причина за вечно спасение на сите оние, кои му се послушни„ (Евреите 5,9).

Верата и послушноста водат кон спасение. ние не го заслужуваме спасението со послушност, но послушноста е род на вистинската вера.

РОДОВИ НА ОБРАТУВАЊЕТО

Обратениот човек живее нов живот. Неговиот карактер секој ден станува се посличен на Христовиот карактер. Тој раѓа духовми родови. – „А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон„ (Гал. 5,22.23; види 1. Кор. 15,31).

Луѓето кои увиделе колку е големо злото на гревот, цврсто ќе решат никогаш повеќе да не грешат. Тие сега ќе се прашаат: Што да правам? Тие радо ќе ја признаат својата кривица и ќе бидат жалосни поради гревот што го сториле (Пс. 38,18; 2.Кор. 7,8-10). И во тој миг, кога решиле да не грешат повеќе, ќе им се придружи најголемиот Помошник – Светиот Дух. Тој е најголема сила која им стои на располагање. Луѓето кои на ваков начин ја вкусиле силата на Светиот дух ќе послушаат секој Божји совет и ќе престанат да грешат за да се спасат.

Патот на спасението е тесен пат. само оние што искусиле вистинско покајание и обратување са наоѓаат на тој пат. На тој пат не повикува Исус: „Влезете низ тесната врата; Оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон живот, и малцина го наоѓаат„ (Матеј 7,13.14). Дали сте готови да го прифатите тој повик? Сторете го тоа уште сега, во овој миг, зашто сега е вистинскиот миг на милоста и денот на спасението (Евреите 3,7.8; 2.Кор. 6,2).