Текстови

Послание до Евреите 8:13

Посланието до Евреите е писмо во кое основната тема е празникот Yom Kippur – Денот на откупението, што значи дека неможе да дискутираме само за стихот 8:13, а да не се земе во предвид целиот текст од книгата/ писмото до Евреите.

Бидејќи целата книга/писмо се однесува на празникот Yom Kippur – Денот на откупението, основната тема во неа е Левитското свештенство.

Важни се четири главни точки кои мора да се земат во предвид за разбирање на стихот 8:13.

Заветите

  1. Левитското свештенство,
  2. Свештеничката линија на Мелхиседек/ Melchizedek/Malkitsedeq/Melchisedec,
  3. Храмот на небото и земјата.

За почеток треба да се знае дека заветите се трајни/вечни и неможат да се прекршат.

Ако некој го прекрши Заветот, казната е смрт.

Но како и да е, не-оштетената страна во овој однос има право да покаже милост кон лицето кое го прекршило заветот. Има право да додаде олеснителна околност за да се исполни заветот, но никако не смее да отстрани нешто од заветуваното/договореното.

На планината Синај, Бог им рекол на Израелците дека од нив ќе направи народ на свештеници од сите нивни првородени машки деца и на тој начин ќе Ги откупи од гревот. (Излез 19:5-6). Ова е дел од Мојсеевиот завет.

Но, откако Израелците извршиле прељуба/блудство со други богови, го изгубиле правото да бидат свештеници.

Но, БОГ неможе да ги прекрши својот завет. Што Бог направил? Тој додал член во договорот/заветот со кој го овластил племето на Левитите да бидат свештеници, откако тие демонстрирале ревност за Бога во (Броеви 25:10-13).

Што значи дека Бог додал одредба/член во договорот (Мојсеевиот завет) со тоа што племето на Левитите ги именувал за свештеници. Единственото ограничување во однос на целосното исполнување на заветот е што левитите биле смртни луѓе, што значи дека старееле и умирале.

Зборот “нов” во овој стих 8:13 е од Грчкиот збор– kainoV – kainos – kahee-nos’ и значи: сроден, нов-во смисла на освежен, додека зборот neoV – neos 3501 се однесува на временскиот збор – нов. Значи Павле тука зборува дека Бог дава ‘освежен‘ завет. А што всушност било освежено??? Членот за Левитското свештенство.

Истотака овој стих зборува за тоа дека е ‘ГОТОВ‘ да исчезне. Но НЕ вели дека исчезнал, туку дека не е далеку од исчезнување.

Малку за Melchizedek/Malkitsedeq/Melchisedec. Од Битие 14:18 читаме дека Мелхиседек направил завет со Аврам (јаделе леб и пиеле вино), и тоа во времето кога Левитите (па и Давид) биле само точка во окото на Аврам.

Истотака, од овој стих се гледа дека Мелхиседек бил Првосвештеник на Севишниот Бог! Така, со тоа што Мелхиседек и Аврам склучуваат завет, а Мелхиседек го благословува Аврам и неговото семе, Аврамовото семе станува кфалификувано за свештеничка служба.

Краток заклучок:

1. Бог го воспоставува Левитското свештенство и свештенството на Исус уште пред Израел да биде роден. (Бог го знае крајот уште на самиот почеток).

2. Заветот помеѓу Мелхиседек и Аврам (леб и вино) е слика-сенка на заветот што Исус ќе го склучи со апостолите вечерта кога ќе биде предаден).

Кога Јован Крстител (кој бил од Ароновата линија-Лука гл.1) го крстел Исус во реката Јордан, направил ТРАНСФЕР од Ароновата свештеничка линија на свештеничката линија на Мелхиседек. Со овој чин Исус станал официјален Првосвештеник.

Понатаму, кога првосвештеникот (во тоа време) си ја искинал облеката (Матеј 26:65) со тој чин се дисквалификувал себе си како првосвештеник

(Левити 21:10) и со тоа Му го отворил патот на Исус (како Првосвештеник по редот на Мелхиседек) да стане Новиот Првосвештеник.

Исусовата Светиња сега е на небото. Светињата која била на земјата (Шаторот на средбата) била сенка-слика на небесната светиња, која ќе дојде од небото исто онака како што е пророкувано во книгата на Откровението.

Токму затоа денес Исус е нашиот Првосвештеник кој посредува за нас од Неговоата Небесна Светиња.

Токму за ова Павле зборувал во првите 5 стихови од главата 8 во посланието до Евреите.

Кога Месијата ќе се врати, ќе има Левити кои ќе служат во Храмот, НО НЕМА повеќе да има свештеници од редот на Ароновата линија, бидејќи Исус ќе биде нашиот Првосвештеник по редот на Мелхиседек ЗАСЕКОГАШ.