Текстови

Посланието до Римјаните

Посланието до Римјаните на апостол Павле е едно од нај-НЕразбраните писма.

Многумина го темелат своето тврдење на ова послание, и велат дека се ослободени од законот, што секако е точно, но прашањето е од кој закон?

Многумина од нив не ја согледуваат разликата на двата различни закони за кои Павле зборува во ова послание. Имено, Павле пишува за два закона од кои за едниот треба да се умре (бидејќи не држи во ропство), а на другиот понизно да му се служи во послушност (како робови на праведноста) Римјани 6:16-18.

Римјани 7:4-6

Така и вие, браќа мои, умревте за законот преку Христовото тело, за да му припаднете на Другиот, Кој воскресна од мртвите, за да Му донесеме плод на Бога. Зашто, додека бевме во телото, во нашите членови дејствуваа грешни страсти, кои Законот ги побудуваше, така што ги донесувавме плодовите на смртта. А сега, се ослободивме од Законот, откако умревме за оној, кој не потчинуваше, за да служиме во нов дух, а не во старата буква.
Многумина само претрчуваат низ ове стихови за да набрзина донесат заклучок дека сме ослободени од законот. И повторно ќе речам дека тоа е точно, но е особено важно е да се утврди ОД КОЈ ЗАКОН СМЕ ОСЛОБОДЕНИ???

Да застанеме кај овие стихови и за момент да си ги поставиме следните прашања:

Што не држи во ропство?

Што е тоа на кое му служиме, а не заробува?

Како носиме плодови за смрт?

Од што сме ослободени?

Римјани 7:21-23
И така, го наоѓам овој закон: дека кога сакам да правам добро, злото е близу. Вистина, со мојот внатрешен човек наоѓам наслада во Божјиот Закон, но гледам друг закон во моите членови, кој војува против законот на мојот ум, и ме заробува под законот на гревот што е во моите членови.

Значи постојат два различни закони, БОЖЈИОТ ЗАКОН и ЗАКОНОТ НА ГРЕВОТ. Божјиот закон е оној за кој Павле зборува дека треба да му се служи, додека ЗАКОНОТ НА ГРЕВОТ е тој што СИТЕ НАС не држи во РОПСТВО. Тоа е законот од кој сме ОСЛОБОДЕНИ !!!

Дали навистина луѓето мислат дека Божкиот закон е оној што ги држи во ропство? Тоа можат да го мислат само оние кои го мразат Божјиот Закон, затоа што не се подготвени да се откажат од своите гревови и страсти и сакаат да продолжат со стариот начин на живеење.
Исус/Yeshua во Матеј 12:25 вели дека царство кое е поделено во себе неможе да опстои, па се прашувам како е возможно луѓето да мислат дека Бог Би бил против своите Сопствени заповеди????

Дали тоа има некаква смисла??? НЕ!!!

ЗНАЧИ ДА НЕ ПРАВИМЕ ОД ВИСТИНАТА – ЛАГА !!!

Се враќаме не Римјаните 6:6-11.
’’Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со Него, за да биде уништено телото на гревот, па да не му робуваме веќе на гревот, зашто тој кој умрел, е оправдан од гревот. А ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него, зашто знаеме дека Христос, Кој воскресна од мртвите, веќе не умира; смртта нема веќе власт над Него. Зашто, ако умрел, – умрел за гревот еднаш засекогаш, а што живее – живее за Бога. Така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, но живи за Бога во Исуса Христа, нашиот Господ!‘‘

Што значи дека треба да се сметате МРТВИ ЗА ГРЕВОТ и ЖИВИ за ИСУС/Yeshua.

Оние неупатените, Божјиот Закон го нарекуваат проклетство, незнаејќи дека клетвата е казна за кршење на Божјиот Закон. Клетвата ја зема Тој на себе…..како СМРТ на крст затоа што ние ги прекршивме Неговите Заповеди.
Да видиме што вели Павле за Божјиот Закон!

Римјани7:12-14

Затоа Законот е свет, а и заповедта е света, и праведна, и добра. Дали тоа значи дека доброто стана смрт за мене? Да не биде! Туку гревот, за да се покаже како грев, се послужи со доброто и ми предизвика смрт, за да стане гревот – со посредство на заповедта – прекумерно грешен. Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас сум телесен, продаден, под грев.

Она што Павле сака да ни го укаже во овие стихови е да внимаваме да НЕ забегаме премногу на десно, па како Израелците да тврдиме дека преку делата на Законот ќе бидеме оправдани и спасени, ниту да фатиме премногу на лево, па како модерните-новозаветни – христијани да учиме дека ние сме под Божјата Милост и со тоа сме “ослободени од држењето на Законот”.

Значи, правиот и тесен пат за нас е да Го љубиме Бога заради Неговата Милост и Благост, и во љубов и понизност да ги извршуваме Неговите Заповеди.

Римјани 3:31

Според тоа дали го укинуваме Законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме Законот.

Кога Божјиот Закон е напишан на нашите срца преку Светиот Дух, во нас постои ревносна желба да го почитуваме и исполнуваме. Дури и тогаш кога ќе погрешиме, преку Божјата Благодат и Милост имаме прошка за гревот и шанса да се покаеме и поправиме, и да продолжиме понатаму.

Многу е тажно кога луѓето проповедаат и учат дека заради Божјата Милост и Благодат ни е дозволено да ги кршиме Божјите Заповеди, наместо да ги учиме луѓето дека заради Божјата Благодат имаме уште поголема задача да ги почитуваме и исполнуваме Заповедите онака како што Павле не учи.

Така, ако некој од вас шири меѓу луѓето наука со која учи дека сме ослободени од Божјиот закон наместо од ЗАКОНОТ НА ГРЕВОТ, треба да се замислите дека е можно да проповедате некое друго Евангелие.

Божји благослов !